Башка стехиометрискиот сооднос на воздух/гориво е различен при работа на течен нафтен гас. За бензин односот е 14.7 грама воздух за да согори 1 грам бензин. А за гас е поинаку. Затоа и ламбда сондата отчитува погрешен сооднос и компјутерот ЕЦУ то се обидува да го коригира палењето. Плинскиот компјутер врши додатна корекција на времето на вбризгување на горивото при различни режими. Но аголот на отворањето на вентилите е фиксна величина и е дефинирана од брегастата осовина. Така да е џабе штелувањето на вентили. Кај некои возила фазата на отворање на вентилите ср контролира преку варијатор и е различна при различни обртаи. Но сето тоа се однесува за бензин зашто новите мотори се дизајнирани така да е оптимизиран материјалот и скоро и да нема резерва (исто така се многу поосетливи на прегревање). За погон на CNG гас - на пример производителите имаат други глави, други клипови и се разбира нешто повисока компресија (околу 11-12) заради помалата способност за детонации на CNG (метанот).
Така да плин може но најдобро се покажал кај постарите мотори.
Така да плин може но најдобро се покажал кај постарите мотори.