Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Има некој појдено на ел класико? колку пари е преку агенција, со добри седишта?
 
Со Баерн мислам дека Енрике треба да почне со истиов состав. Чави никако у прв состав, мора со Раќитич пошо хрватов трча ко луд, а Пеп ваљда ќе оди на посед и Чави тоа не би го издржал. Позади може со Пиќе и Маскерано пошо не се којзнае колку опасни на прекини, па нема потреба од Матје. Гол не смееме никако да примиме.
Ја би бил презадоволен со победа без примен гол, или било каква победа со +2 гола.
 
Дојде времето да се зборува за Баерн..Од каде да започнам..Да беше натпреваров, пред 4-5 месеци немаше многу да се надевам, но со последните 2 месеци имам надеж и сум и те како оптимист. Баерн е голема екипа, Пеп уште поголем. Видно ќе бидат ослабени, но никако слаби..Сезонава сума сумарум ако се погледне созревавме како минуваше времето. Имавме и среќа што играчите беа поштедени од повреди. Физички сме многу поспремни за разлика од пред 2 години кога се сретнавме со Баерн. Играчите делуваат како на почеток на сезоната. Она што најмногу ме радува е тимскиот дух кој го немаше веќе 2-3 години..И самиот Пеп изјави што значи кога Меси се смее..А Меси се смее и е исполнет овие денови. Ова ќе биде натпревар во кој Енрике еднаш засекогаш може да ги замолчи скептиците. Ако успее да го направи ќе го направи против најголемиот во нашата историја. Доволен императив..Очекувам од Баерн да играат тврдо..тешко ќе биде да ја зачуваме мрежата, но статистички гледано за среќа примаме многу малку голови до сега. Одбраната е на ниво.Контрите ни се силно оружје а и играта со глава е подобрена. Стравувам од Милер бидејќи е играч кој може многу да направи. Според најавите и Левандовски ќе биде во составот..Ракитч ќе започне бидејќи е голем борец и многу трча..Мислам дека составот ќе биде истиот оној што започна со Кордоба..Ќе биде интересно да се види дали Пеп ќе успее да го запри Меси и со тоа да ги отсечи Суарез и Нејмар. На крајот на краиштата играме на Ноу Камп..Тоа не е мала работа. Не смееме да примиме гол тоа е факт..Секоја победа без примен гол е добивка и чекор напред. Кое е вашето мислење?
 
Се наогаме во најтешкиот дел од сезоната , во игра сме за 3те титули, немаме право на кикс во лигата , имаме меч со Атлетико Мадрид кој нема да биде ни најмалку лесен , имаме финале во Купот така да на таа форма што ја имаме моментално , тие недостатоци што ги имат Баерн , дебакалот кој остави голем белег пред 2 години кај навивачите и поголем дел од играчите кој ке играт во среда , не гледам како не би оделе Барса на тоа да го решат полуфиналето на домашен терен :) очекувам победа со 3-4 гола разлика најмалку :vozbud::vozbud:
 
Пеп се враќа на Камп Ноу во среда, и тоа на каков датум!
На 6ти мај во среда е годишнина од Iniestazo, голот кој Дон Андрес го постигна во Лондон против Челзи во 93та минута.

Никола Рицоли ќе биде судија.
 
Има да им се изнаебеме на мамето. Нека ме цитират колку сакат во случај на лош резултат , али мислам дека утакмицата ќе ја решиме уште во среда со резултат 3-0 или 4-1 , а во Минхен ќе гледаме тврд натпревар или без голови , или натпревар со гол за гол , 1-1 или 2-2.

Ако можеше Порто да им набуте 3 , не гледам зошто ние не 4. И да , битна ќе биде атмосферата , се надевам нема да гледаме театар фудбал.

Би требало да почне со Ракитич , али мора Чави да влезе после 60та. Во супер форма е и мислам дека ќе остави душа на терен али ќе придонесе во неговата можеби и последна главна утакмица.
 
Скептик сум дека може се да се реши во еден натпревар..Баерн си е Баерн..ДајБоже да излезе спротивно. Утре Меси ќе одговара на пресот на новинарски прашања..Атмосферата се загрева..Сите наголемо пишуваат дека Пеп спрема нешто невидено за да го запре Меси
 
Меси ништо живо не го спасува ако му се игра и ако е расположен. Не е ова пред 2 години, запри го меси и Фабрегас и Санчез знаеш дека не праат ништо.. Тоа нешто невидено што зборат сите неможе да е ништо друго освен повеќе од двајца играчи околу него, а со тоа остава многу простор за Иниеста, Нејмар и Суарез кој се у страшна форма :icon_lol:
И не заебавајте со 3-0 / 4-0 .. како прво, они така излегоа со Порто пошо многу ги потцениа, а со нас ќе влезат максимално мотивирани и претпазливи... Мислам дека патникот у финале ќе се решава у последните 20 мин. во Минхен, се до тогаш ќе биде изедначено.
Па ќе кажам, со победа без примен гол или со победа со над два гола разлика би бил задоволен.[DOUBLEPOST=1430746794][/DOUBLEPOST]P.S. ФК Барселона во последните пет натпревари во сите натпреварувања забележа исто толку победи низ импресивна гол разлика 20:0! :vozbud:
 
Последно уредено:
Значи не го споредувајте Порто со Барса. Портоа беа потценети првиот дуел, а реално не изигра ни Порто нешо посебно за головите, сите три беа по грешка на одбраната плус на првиот беше недосуден чист фаул за Баерн.
И јас сметам дека сме фаворити моментално според моменталната форма и мислам дека ќе одиме во финале, ама вие ептен во крајности одите. Дента кога беше ждрепката овде вени сечевте оти ни се паднал Баерн и дека ќе било претешко мислиш против екипата на светот ќе играме, денес, на два дена до утакмицата ги правите Баерн како да се Ф.К. Порече ебате.
 
Незнам зошто да не се надеваме на 3 гола , кога е ептен реално и предвидливо да се случи тоа. Ај заебете Порто може да не биде мерило , али Баерн во никој случај не е тој Баерн што ни даде 7мица. Плус тимскиот дух и моментална атмосфера во клубот ни е на 3 класи погорно ниво од нивната , сепак изгубија Куп пред неколку дена од директен противник во Германија. Моменталната форма е на наша страна , квалитетот е далеку на наша страна ако земеме во предвид дека двајца од тројца главни играчи не им играт. Да не зборувам дека МСН се во страшна животна форма , и дефинитивно моментално се напад број 1 во светот со нејефикасни бројки.

Енрике сега треба да изигра паметно и да не експериментира ништо , да ги мотивира смртно , и да ги торпедират. Сме играле далеку поголеми натпревари со кажи-речи рамноправни противници па сме ги торпедирале , 2-6 во Мадрид , 5-0 на камп ноу , па не гледам зошто Баерн не би примал 3 комада во среда.
 
11110162_10204274462721969_9207707861518038924_n.jpg
 
Последно уредено:
Абе и 1:0 дa зaврши презaдoвoлен ќе бидaм :pijani:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom