Work and travel USA

  • Креатор на темата Креатор на темата *ANE*
  • Време на започнување Време на започнување
3та година сум, иначе на крај прашав зошто сум одбиен ми рече само дека не сум квалификуван и си стана си отиде.
Прашања имаше од типот која година сум на студии, што сакаш да правиш после дипломирање, дали сум патувал со авион, каде сум патувал и то одприлика..
е сеа страв ме фати:несвест:.. и јас сум трета и се ми е исчистено до сеа
стварно не ги сфаќам американциве што сакаат :uzi:
 
Дали има некој искуство со реаплицирање за виза, со сите положени испити на Економски, без роднински врски во САД, одбиен сум, дали вреди да се поднесе ново барање?
Исто на Економски, втора година, се положено - одбиен...иначе за реаплицирање 90% пак си одбиен, чим немавме среќа за прво аплицирање, тешко...
 
Тие што ги имаат положено сите испити имат најголеми шанси да бидат одбиени. Не знам која е причината, ама таква политика си водат.
 
Тие што ги имаат положено сите испити имат најголеми шанси да бидат одбиени. Не знам која е причината, ама таква политика си водат.
До некаде си во право. Другарка ми беше минатата среда на интервју, прва година со три положени испити и дадоа виза, а пак другар втора година со два положени беше одбиен бидејќи немал доволно положени испити. Логиката не им ја знам стварно.........

B.t.w Се ми е положено но последниот предмет што го полагав во април не ми е внесена оценката. Подобро ли ќе биде да одам со 4/5 положени ?
 
Последно уредено:
Дали има некој отидено со проблематичен индекс? Јас имам 3/4 положено, а едниот ми е паднат/одложен пошо полагав со телефонот во џеб. Предметот ми е одложен за следна испитна сесија(Јуни) и во индексот стои "предметот е одложан за Јунска сесија...(не пишува зошто). Има ли некој слични искуства да сподели за колкави ми се шансите? Економски факултет, прва година сум.
 
^
Би требало да те праша за тоа во зависност дали ќе ти буричка низ индекс. Првото што ме праша беше за тоа, што се овие црвени букви ме праша. Му објаснив што и како, дека не сум знаел дека не треба мобилниот да биде во џеб али евентуално предметот ми беше положен. (Можеш да му кажеш дека ќе го полагаш сега во мај) Ме пуштија со 3 неположени од зимски и 1 оставен од втора.
 
Само тоа беше тоа? Фаци, мрчења или си беше кул човекот? Фала на инфо :D
 
Само тоа беше тоа? Фаци, мрчења или си беше кул човекот? Фала на инфо :D
Па да али интензивно така се дешава се у 30 секунди :D Со оглед на тоа што гужва..
Човекот кул си беше му ги објаснував предметите/ начинот на добивање оцена и тоа..
 
Едно прашање малце неповрзано со темата. Знае некој што услови бараат за туристичка виза?
 
апсолвент сум на економски со само еден неположен од зимски семестар и бев одбиен
 
Не знам колку врска има тоа ако си со сите положени. Ја сум втора, со сите положени и добив виза со интервју буквално од триесетина секунди. Некои други фактори можеби се во игра кои не ги знаеме.
Од тоа што чув денеска додека чекав, одбија 2-3 поради тоа што имале проблеми со испити, па студирале 1 година екстра поради тоа и слично. Али сигурно има и такви случаи кои добиле виза.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom