"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали можам да бидам појасна од тоа шо го напишав вчера.

Реков дека кога мажот, на пример, е од Ресен, жената од Кавадарци, и одлучат да живеат во Скопје, тогаш нивните деца се скопјани. Што би биле инаку? Тие се родени, пораснати, немаат друг роден град освен Скопје. Треба ли да се осеќаат како кавадарчани или како ресенчани само затоа што две недели во годината одат на гости кај бабите?

Да се вратам на твојата скопјанштина. Да си од град и да се чукаш во градите дека си стар скопјанец, значи токму тоа - да си образован, да имаш градски манири, твоите да носеле градска облека. Да одела мајка ти на забави у офицерски дом, да одела на концерти и театар, и да те разберам да се курчиш.
Ама твоите живееле како закрепостени селани, можеби сте чувале кокошки и кози и ти ќе ми се правиш стар скопјанец?!

По тоа што пекаш, тебе уствари ти е мака што Скопје не е истата паланка како што била пред војната. Дали ти е појасен сега сопстениот паланечки дух?
Провинцијалците не одлучиле Скопје да биде главен град на Македонија, одлучиле во Белград. И главен град мора да се преуреди малку.
Особено после земјотресот, Скопје се гради наново, не знма кога се изградени фабриките. И што мислиш ти, Анчо, да не биле дојденците, кој ќе работел у тие фабрики?

Да не беше тој еволуциски скок после Втората светска војна, Кратово за Скопје ќе беше Њујорк, стан ќе добиеше на куково лето, ќе имаше евентуално некоја ковачка работилница, клавир ќе можеше да видиш само на слика.
Се што имаш, имаш благодарение на преуреденото Скопје, и тоа изградено во најголем дел од провинцијалците кои толку ги мразиш.

Друг момент. Сите факултети се у Скопје. И сега човек од провинција има три деца одличници, одлучува да ја продаде куќата во малото гратче и да си купи стан во Скопје, од проста причина што сака да им овозможи школување, а финансиски нема да биде во можност да ги студира сите тројца. И тој треба твојата неписмена баба да ја праша за дозвола да дојде во Скопје?

Еве, секоја чест за ќерка ти. Но како би ти било тебе кога си ја запишувал у музичко школо, учителката да каже дека примаат деца само на интелектуалци, децата на браварите и онака тешко дека ќе се вклопат во тоа друштво, а средно е најдобро да завршат текстилно или трговско, затоа што немаат манири на градски деца за да учат музичко?

Не, твоите внуки не се скопјанки, тие се селанки, затоа што колку што имаш кажувано ќерките ти се мажени у село и живеат на село.

доживеава срушива

Ако тоа е скопски, тогаш меѓу вас скопјаните, некој не е ваш. :)
--------------
А што ќе бидат,ако на 14 мај.2015 година ги згази некој на Јужниот булевар.:popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce:
Точно дека се во село(два пати поблизу до центар,него ли од Тафталиџе до центар). И немаат дома(малку чудно за неверување)довод на вода ни одвод, струја (ел.енергија или како е точно литературно незнам) ставија лани.
Поголемиот внук јас го чувам, но трииполгодишната внука сега полека проодува,се уште не примила вакцина -нема тежина...причините се (веќе) познати поради оваа состојба на ова македонско семејство.:popce::popce::popce::popce::popce:
-------------
На темава ете,имам три - четири постови,и никаде не спомнав тоа што ви е во насловот......П..........и,
и никого мислам не навредив,само раскажав некој приказни-вистински сведоштва,кој мислам ќе ве интересираат,а тоа беше каков беше животот во моетео место-маало,пред земјотресот.И сакав уште да продолжам.За маалото.
-------------
:popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce:
 
Леле леле, граѓани колку сакаш на темава...
Ај вака...
Јас сум од Велес, родена, израсната, таму. Од градот Велес, на 1 км од самиот центар на градот.
Дали јас сум помалку граѓанка од некоја ѓто живее во Волково, и се кажува дека е Скопјанка, и и пречат оние кои дошле во Скопје да си ја бараат среќата?
Еве сега живеам во Црна Гора, работам овде на приморје, никогаш од ниеден Црногорец не сум слушнала, аман бе што доаѓаат овие од Рожаје и Беране овде на приморје да ни прават гужва и да ни ги крадат работтните места?
Камо ли за нас странците, никогаш не сум слушнала некој потценувачки да ме гледа затоа што не сум Баранка, Будванка или Подгоричанка, камо ли зашто не сум Црногорка. Сосема нормално не прифаќаат.
Значи, на што се должи Скопската ароганција?
Дали на недоволно прошетаноста по светот, затоа што од Скопје настрана не мрднале, па незнаат како е по другите држави и не сретнале други култури? Навистина мислите дека сте нешто над нас, останатите? :pos: Ако мислите, еве јас ви предлагам, да направите нешто за себе. Да излезете од еднособниот стан во кој живеете 5 генерации, да купите авионска карта, и да отидете некаде во светот, да се прошетате да видите како живеат луѓето, и што за нив преставува вашето Скопје, многу јакиот град на планетава земја:pos:
Кога на времето одев во Богомила од каде потекнува дедо ми, чудно нешто, пред едно 10 години, запознав многу Скопјани што дошле кај баба им и дедо им преку летото:X3: Претежно беа Скопјани, по некој Битолчанец и ние, Велешани.
Наравоучение?
 
Последно уредено од модератор:
I jas dolgo bev vo Crna Gora, i srekavav luge od POdgorica koi i toa kako zboruvaa za tie od sever na Crna Gora, kako se tie seljaci, kako nosat primitivizam i sl. Isto kako vo site glavni gradovi vo svetot, ednostavno sekade ima dojdenci. Mozebi kade sto si ti nema takvi ogovaranja, no jas bev svedok deka sepak ima
 
За тоа дека тек така решиле некој во Београд да те потсетам дека и за време на цар Душан токму Скопје бил главен град.

Тоа е поради географската а најмногу поради политичката ситуација (територијалното проширување кон југ), значи нема врска некое си автохтоно население и неговата култура како супериорна во однос на другите населени места.[DOUBLEPOST=1429094200][/DOUBLEPOST]
Мислам сериозно освен Солун кој друг град во Македонија имал тогаш или сега капацитет повеќе од Скопје?

Скопје после приматот на главен град (значи ослобдувањето од фашистичката окупација) бележи секаков (претежно индустриски а со тоа инфрастуктурен и демографски) развој (пред тоа Битола и Охрид се за нијанса поразвиени, градовите во Егејска Македонија нема да ги земеме в обзир).

Како и да е, дали антички скупјанец или средновековен кичевчанец те едно те исто е и доста веќе со тие компарации на супериорен - пештерски човек!

п.с. погоре спомнатата компарација веројатно е од помодерно време
п.п.с. Скопје (после земјотресот) е проектиран како модерен град, со нов модерен белег (стариот се губи поради демографскиот и економскиот фактор пред тоа), и како нов модерен град т.е. престолнина - логично е да има нова демографска структура (поради индустријализацијата), модерен микс на целото население од сите делови на македонија (ослободени и избеглици од другите анексирани делови, дури многу доселеници од црна гора, косове итн), таа била замислата на модерното Скопје, да се обединиме а не да се деградираме затоа shut da fuck up.
 
Последно уредено:

Иди и види ја мапата на тоа Душаново царство до каде се протирало на југ па ќе правиме муабет. Со оглед на тоа дека цела денешна МКД, Албанија, голем дел на Грција, Бугарија и Босна и Црна Гора биле де од таа империја зошто ДРУГ град еве битола на пример не ја избрал? Како и да е Скопје си бил и тогаш главен град како и во ред други прилики низ историјата тоа никој неможе да го смени колку и да сакате да измилисте причини што и како...

Еве ти да видиш во 48ма колку жители имало СК, уште тогаш СК било колку БТ и ОХ заедно и тоа во денешно време. Ете го и ефектот на земјотресот и пред и потоа СК си растело за 10 000 годишно горе доле. Индустијализација бил процес што ја опфатил цела МКД и ЈУ тогаш така да тоа не ти држи вода. Се градело секаде зависно од условите, сите поголеми мак фирми датираат од таа ера.

Него еве една серија за СКОПЈЕ за секоја од децниите на минатиот век. Убаво се си е кажано. Еве ви прва епизода другите се исто на youtube кој го интересира нека бара

Кој го избрал и дај доказ дека е ради геостратешката позиција.... Не за друго да му изградиме еден споменик еве не мора во СК, нека биде во Битола. :icon_mrgr: На крај крајева што е па тоа и толку битно, историја е, до утре да дебатираме тоа нема да се смени.

За централизацијата кој е крив? Што сме па ние криви, 100 пати спомнав нека децентрализираат све. Не е проблем нека направат и нов главен град ако сакаат. Не ни прави нас разлика. Нека забранат миграција во СК и нека пренасочат све на друго место, нека развијат некој нов град во ред е тоа. Врати се 40-50 страни на оваа тема ќе видиш како некој предходно објаснуваше дека сите политичари уствари биле провинцијаци, претседателите, премиерите итн... Факт е дека НИКОЈ од нив не си ја сакал својата паланка и дека побитно му било да има удобен живот во СК него да гради дома. Така да не не кривите нас кривите сте си вие.

Јасно ми е дека некој од провинција одма би дошол во СК затоа и нема проблем СК со кадри. Тоа не е поентата, поентата натерај го тој од владимирово да иде во БТ кога може во СК.

Што има врска дали порано или сега? Еве сега има нека се разработи шемата да видиме. Што е сега проблемот освен што во СК има живот, развен град е па никој несака да седи дома така? Далеку сме ние од Словенија, треба многу да се смени да се изгради затоа и не не споредувај со една од ретките држави каде има рамномерен развој во европа. За да можеш таков развој да тераш треба да имаш паметни политичари пред се, треба асална инфраструктура а не да се краде се и сешто и треба да имаш јаки градоначалници кој сакаат да ги развијат својте општини. Во МКД такви се 3-4. Сум пишувал на друга тема, имам клиент, битолчанец што сака да инвестира во Жабани, со купен плац, направен проект, проверен човек, значи високи фукнционери му биле во фабриките во АУС, НЗ и ЕУ, со целосен обезбеден пласман на странски пазар и се е џабе зашто градоначалникот не сака да му асфалтира 200 метри пат тоест чека поткуп. Инвестицијата сега по се изгледа ќе заврши во Скопје... Тоа ти е кога државата ја водат идиоти. Сепак што сме ние - скопјани криви за се тоа?

Споредбата со грција нема никаква врска. Беровски или валандовски нека си зборат во берово или валандово. Јас не викам да се забранат, секој дијалект нека си се збори во својот крај. Не разбирам што сум јас должен во СК да ги слушам и да морам да се замарам со 20 дијалекти дневно на крај крајева зошто е тој литературен јазик нека зборат на него така? Во Скопје нормално е да се збори скопски сакал некој или не, а потоа треба да се користи литературен.

Политичарите биле провинцијалци оти скопјани биле ѕидари и занаетчии. Најскопското маало се вика Дебар маало. Знаеш ли зошто? Затоа што 1920 г. го населиле ѕидари од Голо Брдо кое било тогаш во општина Дебар.

Дали сум сега јасна зошто ми е смешно кога некој инсистира на ексклузивност, а дедео му дошол од некаде?

Тие што дошле од провинција и станале професори, станале оти биле најдобри. Врати се неколку поста погоре, некој рече дека скопјани не биле многу по учењето. Тој муабет многу потсетува на една анегдота, кога една баба му вика на еден новодојденец: Сељаци, од кај дојдовте? На нашите деца лебот им го земате!
Чекај, и рекол човекот, јас сум инеженер, син ти е лимар, како може јас да му ај земам работата?
Сељаци, продолжила бабата, аир да не видите! Лебот на нашите деца им го земате.

Оваа тема мислам дека се сведува баш на тој муабет.

Сите се за тоа да се престане со ширењето на Скопје, не од сега, ама тоа не се случува.
Источна Македонија е утепана скроз на скроз заради таа цнертализација. У земјоделието сенема речиси ништо вложено, само мачкаат очи, да не зборам каква е патната инфраструктура. Не сте криви вие скопјаните, ама не се криви ни провинцијалците што вмро и сдсм не можат да се усогласат, па ако е градоначалник од вмро, а сдсем е влада, не одобрува пари од министерството и обратно.
И колку штои ми е познатоо, никој од моите пријатели, познаници, другарки немал желба да остане во Скопје. Сите со душа чекале да се вратат. Имам едни роднини кои останаа затоа шо детето им имаше здравствени проблеми, па заради клиниките мораа да се преселат во Скопје. Имам и една другарка која е во Скопје, оти и се случија некои работи, па едноставно најдобро решение беше да замине. И сигурно нема да оди у Пробиштип.

СЕ додека не е забрането со закон, јас можам да зборувам на мојот дијалект каде сакам и колку сакам, без разлика дали тоа некому му пречи или не. Како што ти не си должен да слушаш, така ни јас не сум должна да зборувам скопски во Скопје, ОСВЕН ако работам во државна фирма, работам со странки, па дури и во приватна фирма, а и со ретките пријатели скопјани, тогаш зборувам литературно.[DOUBLEPOST=1429131088][/DOUBLEPOST]
--------------
А што ќе бидат,ако на 14 мај.2015 година ги згази некој на Јужниот булевар.:popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce:
Точно дека се во село(два пати поблизу до центар,него ли од Тафталиџе до центар). И немаат дома(малку чудно за неверување)довод на вода ни одвод, струја (ел.енергија или како е точно литературно незнам) ставија лани.
Поголемиот внук јас го чувам, но трииполгодишната внука сега полека проодува,се уште не примила вакцина -нема тежина...причините се (веќе) познати поради оваа состојба на ова македонско семејство.:popce::popce::popce::popce::popce:
-------------
На темава ете,имам три - четири постови,и никаде не спомнав тоа што ви е во насловот......П..........и,
и никого мислам не навредив,само раскажав некој приказни-вистински сведоштва,кој мислам ќе ве интересираат,а тоа беше каков беше животот во моетео место-маало,пред земјотресот.И сакав уште да продолжам.За маалото.
-------------
:popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce::popce:

Тој што живее на село, се вика селанец. И не гледам што има лошо во тоа. Тоа што е поблизу до Центар, од тие во тафталиџе, не менува ништо. Внукот и внуката ти се селани.

Многу ми е жал заради ситуацијата во која се наоѓа ќерка ти, не знам како е со другата, дури мислам дека и не е баш тој муабет за јавен форум, и немаше да ги спомнам да не ги спсоменеше ти.

Ти никогаш не испушташ прилика да ги навредиш дојденците, со најнавредливи зборови си коментирал нарекувајќи нЕ селаништа, провинцијалци и сељаци, и сега ајс треба да сум нежна?
Се прашуваш дури дали Игор Џамбазов бил скопјанец? Неговиот татко беше композитор, мајка му и дедо му глумци, придонеле за развојот на културата, и ти ќе ја ставаш под знак прашање неговата скопјанштина?
Мајка му е од Велес, татко му мислам дедка е од Штип. И како што да се пише Игор? Како штипјанец? ИЛи велешанец?

Беше ставил слики на зграгдите што се градат. Смешно. Стан знаеш ли кој купува:? Тој што има пари. И ти не сфаќаш ли дека и луѓето во Скопје се множат/ Еве, моите роднини имаат син, живеат во стан, си заработи дечкото, си купи за него и за невестата. Нема ваљда три генерации да се бутат у 80 квадрати?!

Твоите приказни за еврејско маало и каде си играл криенка и миженка, постирај ги во темите за проза или мислам дека имаше и тема за Старо Скопје, не овде.
 
Последно уредено:
Сериозно. Што сум јас должен да слушам струмички, кумановски, кавадаречки и слично во текот на еден ден. Нека зборат или литературно или скопски ако живеат во СК. Искрено струмички и кумановски ми се крш, не ги разбирам целосно односно треба да се напрегам да ги сфатам, тешки се за пратење а кавадаречки ми е смешен, не би сфатил никој сериозно така да ми збори, онака ко цацко да ми збори е.

Јас зборувам дијалект кој тешко се разбира, сама сум си свесна за тоа, па кога ќе видам особа која е надвор од тоа говорно подрачје (источно-јужен регион), зборувам литературно. Исто и таму каде што треба, факултет и останати побитни институции.
На улица и со луѓе кои ми се слични со дијалект не зборувам литературно. И во друштво каде што само еден или двајца се исклучок, не зборувам литературно. Така што, ти сакал, не сакал, ќе си слушаш по улици струмички, валандовски, беровски, струшки итн. Зошто? Затоа што 90% од вашето ценето Скопје е составено од нас. Затоа што и тие што со една генерација се нарекуваат Скопјани, не се. Родителите нивни дома не верувам дека си зборуваат на скопски. ;)

Не ми смета мене дали ме нарекуваат провинцијалка, дали мислат дека сум дошла синовите или дечковците да им ги земам, или уште побитно, работата. Тоа можат да го зборуваат само искомплексирани, глупави и нереализирани суштества. Да додадам, и неспособни.
Мене не ме интересира дали некоја од колешките или колегите си нашле работа, но многу ми е интересно кога ќе ми пишат дали ме повикале на некое тестирање или интервју. :D

Друго. Се што има железничка станица која ја поминува вовчето пред да стигнам во Ск, јас не го сметам за дел од Ск. Извинете вие од Драчево и останатите станици. :)
 
Друго. Се што има железничка станица која ја поминува вовчето пред да стигнам во Ск, јас не го сметам за дел од Ск. Извинете вие од Драчево и останатите станици. :)
И дедо ми исто. За него Скопје до Нова Железничка е.
 
Политичарите биле провинцијалци оти скопјани биле ѕидари и занаетчии. Најскопското маало се вика Дебар маало. Знаеш ли зошто? Затоа што 1920 г. го населиле ѕидари од Голо Брдо кое било тогаш во општина Дебар.

Дали сум сега јасна зошто ми е смешно кога некој инсистира на ексклузивност, а дедео му дошол од некаде?

Тие што дошле од провинција и станале професори, станале оти биле најдобри. Врати се неколку поста погоре, некој рече дека скопјани не биле многу по учењето. Тој муабет многу потсетува на една анегдота, кога една баба му вика на еден новодојденец: Сељаци, од кај дојдовте? На нашите деца лебот им го земате!
Чекај, и рекол човекот, јас сум инеженер, син ти е лимар, како може јас да му ај земам работата?
Сељаци, продолжила бабата, аир да не видите! Лебот на нашите деца им го земате.

Оваа тема мислам дека се сведува баш на тој муабет.

Сите се за тоа да се престане со ширењето на Скопје, не од сега, ама тоа не се случува.
Источна Македонија е утепана скроз на скроз заради таа цнертализација. У земјоделието сенема речиси ништо вложено, само мачкаат очи, да не зборам каква е патната инфраструктура. Не сте криви вие скопјаните, ама не се криви ни провинцијалците што вмро и сдсм не можат да се усогласат, па ако е градоначалник од вмро, а сдсем е влада, не одобрува пари од министерството и обратно.
И колку штои ми е познатоо, никој од моите пријатели, познаници, другарки немал желба да остане во Скопје. Сите со душа чекале да се вратат. Имам едни роднини кои останаа затоа шо детето им имаше здравствени проблеми, па заради клиниките мораа да се преселат во Скопје. Имам и една другарка која е во Скопје, оти и се случија некои работи, па едноставно најдобро решение беше да замине. И сигурно нема да оди у Пробиштип.

СЕ додека не е забрането со закон, јас можам да зборувам на мојот дијалект каде сакам и колку сакам, без разлика дали тоа некому му пречи или не. Како што ти не си должен да слушаш, така ни јас не сум должна да зборувам скопски во Скопје, ОСВЕН ако работам во државна фирма, работам со странки, па дури и во приватна фирма, а и со ретките пријатели скопјани, тогаш зборувам литературно.[DOUBLEPOST=1429131088][/DOUBLEPOST]

Тој што живее на село, се вика селанец. И не гледам што има лошо во тоа. Тоа што е поблизу до Центар, од тие во тафталиџе, не менува ништо. Внукот и внуката ти се селани.

Многу ми е жал заради ситуацијата во која се наоѓа ќерка ти, не знам како е со другата, дури мислам дека и не е баш тој муабет за јавен форум, и немаше да ги спомнам да не ги спсоменеше ти.

Ти никогаш не испушташ прилика да ги навредиш дојденците, со најнавредливи зборови си коментирал нарекувајќи нЕ селаништа, провинцијалци и сељаци, и сега ајс треба да сум нежна?
Се прашуваш дури дали Игор Џамбазов бил скопјанец? Неговиот татко беше композитор, мајка му и дедо му глумци, придонеле за развојот на културата, и ти ќе ја ставаш под знак прашање неговата скопјанштина?
Мајка му е од Велес, татко му мислам дедка е од Штип. И како што да се пише Игор? Како штипјанец? ИЛи велешанец?

Беше ставил слики на зграгдите што се градат. Смешно. Стан знаеш ли кој купува:? Тој што има пари. И ти не сфаќаш ли дека и луѓето во Скопје се множат/ Еве, моите роднини имаат син, живеат во стан, си заработи дечкото, си купи за него и за невестата. Нема ваљда три генерации да се бутат у 80 квадрати?!

Твоите приказни за еврејско маало и каде си играл криенка и миженка, постирај ги во темите за проза или мислам дека имаше и тема за Старо Скопје, не овде.

Во ниедна НОРМАЛНА држава средната и високата класа не сака да бидат политичари, ниту би заработувале повеќе, ниту би имале некоја корист (ако се чесни) плус сите ги плукаат секаде а и треба да се лигават за гласови секој неколку години. Реално политика е и ризична индустрија, денес си горе со ненормален рејтинг утре ти се случуваат бомби и се бориш за да опстанеш... Тоа дека немало политичари скопјани тогаш се должи на тоа што скопјани си биле ОК, си биле вработени и си имале живот и тогаш, ко што е и сега... Ако некој во мкд чесно заработува 5-6000е месечно зошто би сакал да е политичар и да заработува 1000е месечно? На запад (со икслучок на Сингапур, каде државата ја гледаат како фирма и платите на политичарите се како да се води некоја огрмна фирма) просечен политичар заработува колку некое средено, просечно менаџерче во банкарскиот сектор. Скопјани биле ЗАПОСЛЕНИ ѕидари, занаетчии, трговци итн кој заработувале солидно за тоа време и се друго НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРАЛО. Другите ги гледале запослените скопјани и сакале да бидат како нив, да живеат убаво, затоа Скопје е и главен град, затоа и се селеле таму тие од Владмирово, Голо Брдо и други места.

Не, мене пак не ми е јасно што имам јас на пример врска со дедо ми или татко ми. Јас тебе те гледам за тебе и мојте проценки се базираат на тебе и твојте способности. Никој не инсистира на ексклузивност, напротив тоа е нешто што вие си го имате увртено во главата, ние само сакаме да се почитува тоа што некој друг го создал пред вас и да се почитува начинот на живеење во градот.

Незнам кој како станал професор, знам дека има работни места што се „наследуваат“ или предаваат на друг член на фамилија поготово на универзитетите. Тоа е проблем. Тие што ги заслужиле местата, секоја чест, со тоа немам проблем, сеедно од каде се. Јас сум за тоа пазарот да одлучи кој да биде запослен. Мене не ми смета што некој од Владимирово е професор. Нормално очекувам наставата да биде на литературен јазик или евентуално скопски ако е факсот во Скопје а не некој пештерски дијалект. Ако пробуваш да ми кажеш дека скопјани се мрзливи или дека не учат или нешто такво само да би те потсетил дека низ годините бројчано најшколовани биле токму скопјани. Е сега треба да имаш на ум дека ко што тој од Владимирово дошол во СК порано скопјани така се селеле во Београд, Загреб и ред други места. Јас немам проблем со емиграција за било која причина, тоа е пред се напредок, имам проблем со луѓе што одбиваат да се интегрираат. Темата не е е толку за работните места колку за тоа што нас (сеедно дали скопјани или провинцијалци) ни смета.

Извини Ланѓо ама КРИВИ се провинцијалците. Во голема мера они се и ВМРО и СДСМ и во партиите, и во гласачко тело и во изборни единици (пратенички места) они секаде се мнозинство во однос на Скопје. Релативно лесно можат да ги сменат правилата на игра ако се договорат ама проблемот е што штом се преселат во Скопје веќе не ги интересира Владимирово или Битола. Повеќе го интересира дали пред зграда му работи сијалицата него дали селото му има канализација и вода за пиење.

Пак ќе се вратиме на првичниот параграф кога некој заработува добро дека не му чуе за политика тоа во МКД највеќе може да се примети меѓу центарци. Цело СК е под ВМРО, се се гради во центар и пак ВМРО неможе да го освои центар. Ако порано се вадеа на тоа дека пензионери/комуњари итн живеат во градски ѕид денес ситуацијата е сменета, тие генерации се изумрени, нивните деца/внуци кој до пред некоја година гласаа баш за ВМРО, сега се углавно добро ситуирани и на сегашната градежна офанзива гледаат како замарање и кратење на нивните зелени површини. Гласаат за она што нив ги засега и никакви врбувања од страна ВМРО таму ете не пројдоа.

Незнам зошто упорно пробувате да објасните дека со закон ви е дозволено да зборите на дијалектите... Јасно дека ви е. Јасно дека си е ваше право тоа, како што е и наше право да мислиме слободно и како сакаме за вас и да ве дружиме ако сакаме. Темата меѓудругото беше и тоа, дали скопјани би дружеле некој од провинција, дали би го интегрирале во нивниот круг. Секој со својот памет, нормално овде има некој на кој тоа не им е проблем, и се изјаснија така, мене лично ми смета. Јас сакам да се дружам со луѓе што се прогресивни и адаптабилни. Некој што се доселил во СК и сеуште си цепа на неговиот дијалект во јавност и со мене за мене не е адаптабилен. Во таква ситуација негово право е да збори како сака а мое право е јас да гледам на него како јас сакам. Не знам што тука не е јасно?[DOUBLEPOST=1429171635][/DOUBLEPOST]
Јас зборувам дијалект кој тешко се разбира, сама сум си свесна за тоа, па кога ќе видам особа која е надвор од тоа говорно подрачје (источно-јужен регион), зборувам литературно. Исто и таму каде што треба, факултет и останати побитни институции.
На улица и со луѓе кои ми се слични со дијалект не зборувам литературно. И во друштво каде што само еден или двајца се исклучок, не зборувам литературно. Така што, ти сакал, не сакал, ќе си слушаш по улици струмички, валандовски, беровски, струшки итн. Зошто? Затоа што 90% од вашето ценето Скопје е составено од нас. Затоа што и тие што со една генерација се нарекуваат Скопјани, не се. Родителите нивни дома не верувам дека си зборуваат на скопски. ;)

Не ми смета мене дали ме нарекуваат провинцијалка, дали мислат дека сум дошла синовите или дечковците да им ги земам, или уште побитно, работата. Тоа можат да го зборуваат само искомплексирани, глупави и нереализирани суштества. Да додадам, и неспособни.
Мене не ме интересира дали некоја од колешките или колегите си нашле работа, но многу ми е интересно кога ќе ми пишат дали ме повикале на некое тестирање или интервју. :D

Друго. Се што има железничка станица која ја поминува вовчето пред да стигнам во Ск, јас не го сметам за дел од Ск. Извинете вие од Драчево и останатите станици. :)

Углавно се сложувам со тебе и мислам дека тоа е ОК. Делот на улица (ако сте во СК) не ми се допаѓа ама ако сте си такво друштво и сте си сите такви тогаш е ОК и тоа, ако не комуницираш со мене слободно збори и шип+арски ако сакаш. Твое право е да збориш како сакаш ко што е и мое да мислам што сакам. Не се сложувам со тоа дека ако сте некаде мнозинство треба да зборите на ваш дијалект (освен ако не сте кај вас дома) зашто имате можност/знаење да не стварате проблеми а ги правите. На ова веќе гледам ко водење инат или лечење комплекси. Олабави со % зашто вистинската цифра е некаде 20тина %. Која си ти да одлучуваш кој е кој може и неможе да се нарече Скопјанец? Ако на извод од матична книга на родени му пишува СКОПЈЕ тогаш тој е Скопјанец сакала ти или не. Тоа 2-3-5 генерации назад, потекло итн, е глупости ако се вратиме 200 генерации назад ќе нема ни македонци а 2000 генерации тогаш ни европејци...

Она со железничкава ти е јако.. Што да ти кажам еве Мелбурн во самиот центар на градот има 4 станици и уште едно 150 низ цел град. Тоа дека Скопје има повеќе од една железничка станица е одлика на секој поголем град ама сфаќам зашто не ти е јасно, во МКД освен Скопје не постојат такви. :)
 
Последно уредено:
Не знам што тука не е јасно?

Се е јасно, само наше право е да те есапиме исто како искомплексиран, па така разбери не и нас.
Ист си како Хитлер (Австриец), Караџаферис (Турчин) и слични ликови кои имале проблем со идентитетот и биле или се најголеми аполегети на филозофии кои всушност за темел земаат некаков идентитет.

Со оглед дека и самиот кажуваш дека во Скопје престојуваш најмногу 10тина дена годишно и најголем проблем ти е во тој престој дијалектот на луѓето што живеат во него не се лути што те ставам во овој круг на среќници.

Можам да се обложам дека семејството твое нема никакво потекло од Скопје, ниту пак твојата фамилија има некакво благородничко потекло за да ги гледаш надмено останатите луѓе.
Самиот факт што твоето семејство се иселило во Австралија која што во тоа време било земја и колонија на најсиромашните касти кажува дека тука немале некои услови за живот и се мачеле по нивите.
Па и сега сите што бегаат од Македонија се на маргините тука и се мачат како грешни ѓаволи, сигурно нема да се исели од Македонија Трифун Костоски, Муакетов и останати.
Имало само аристрократи кои имигрирале кога дошол комунистичкиот режим, но сите тие ја намачкале во САД или пак Европа каде што имало некаква култура.
Во Австралија како колонијална земја бегале преку црквата неписменото население.
Најверојатно потекнуваш од некое село во близина во Скопје што навистина не е срамота.
 
Само да се надоврзам, мислам дека неговата омраза спрема дијалектите потекнува од некое трауматично искуство од детството. Најверојатно има видено како некој директор на некој ЗИК по потекло од источна Македонија ја има нагузено мајка му на некоја нива, и вика нешто на штипски.
Мора да имаме разбирање за вакви ликови. И неговото опсесивно посетување на борделите по Азија може да се објаснува со истата таа траума.
 
Како сакаш есапиме најмалку битно ми е тоа. Темата е како ние ве есапиме вас и зошто, е сега тоа што не ви се свиѓа одговорот си е друга работа. Тоа што пробувате да ги извртите работите пак е друга работа.

Јас немам никаков проблем со идентитетот вие сте тие углавно кој пробувате да негирате се скопско затоа и цело време зборувате за потекло, белези, демографски пораст итн...

Во СК престојувам у просек 2-3 месеци во годината во повеќе наврати по неколку недели. Незнам од кај го извади тоа 10тина дена, можно е да сум спомнал дека некогаш толку останувам зависно од обврските надвор. На крај крајева тоа нема врска со темата.

Не се обложувај, ќе изгубиш. Благородничко потекло? :pos: Добро бе луѓе читате што пишувам или само она што ве иритира го читате. Ниту сум рекол нешто такво ниту пак така се преставувам, ако читаш убаво ќе видиш дека барем 10 пати имам кажано сеедно ми е кој од каде е, мене стварно тоа не ми прави разлика. Мојте се во СК односно вратени се одамна исто ко и Трифун кој живееше во Австрија или Зелениковски кој беше/е во Украина. ;) Зошто Австралија а не други места? Сериозен си? Тоа што го кажа за Австалија важело може во 50тите и 60тите мојве се преселиле таму во 90тите кога и сеуште Австралија е една од водечките економии и речиси секогаш прогласувана за една од најубавите и најдобите места за живеење.[DOUBLEPOST=1429174815][/DOUBLEPOST]
Само да се надоврзам, мислам дека неговата омраза спрема дијалектите потекнува од некое трауматично искуство од детството. Најверојатно има видено како некој директор на некој ЗИК по потекло од источна Македонија ја има нагузено мајка му на некоја нива, и вика нешто на штипски.
Мора да имаме разбирање за вакви ликови. И неговото опсесивно посетување на борделите по Азија може да се објаснува со истата таа траума.

Немам јас омраза спрема дијалктите ти си тој што не му чини скопскиот. Јас сакам да се почитува и користи секој дијалект во рамките на неговото говорно подрачје. Ама тоа е, глуп си да сфатиш, ти реков Ставро не вреди да збориме, губење време е со тебе. За најпаметен битолчанец (освен 20 000 што емигрирале) не те бива. Од такви ко тебе што мислат дека знаат све а уствари поима немаат БТ уште долго време ќе биде слепо црево во државата.
 
Последно уредено:
@kano
Мене во матична κнига ми пишува деκа сум ρодена во Сκопје. Κρстена сум во Собоρна.
Исто и бρат ми.
Сκопјани сме?
 
-Чук чук.
-Кој е?
-2015та година.
-Мрш од тука, ние уште се занимаваме со локал-патриотство!

Sent from my Nexus 5 CAF
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom