Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Свашта може да е причина, од лошо позиционирање, лошо затегнување на колена па се до незагреаност и стрес. Страшно, у секој случај.
а преоптовареност ? мислам дека треба да се знае границата на американците што летаат у облаци-онли скај ис а лимит и реалноста.
 
Добра реклама за шиткање на протеин ти е програмата, лично испробана ;) А не те разбирам како ќе ја импровизираш без толку суплементи, кога на тоа се базира целата, имаш еден цврст оброк, а останатите ти се прашок.

Па не реков скрос без суплименти (ќе користам протеин, креатин и л-глутамин) другото немора. Прашањето ми е дали вреди да се почне програмата или да барам некоја друга ?
 
дали наместо со вода или нискомаслено млеко, протеинот може да се пие со чоколадно млеко? и што мислите за чоколадно млеко, дали е добар извор на јаглехидрати и протеини... како некоја ужина да се пие 250-300 мл?
 
Па не реков скрос без суплименти (ќе користам протеин, креатин и л-глутамин) другото немора. Прашањето ми е дали вреди да се почне програмата или да барам некоја друга ?
Која ти е целта друже? За оваа програма ти требаат 6-7 кг протеин за еден месец ако ја тераш целосно, целта на истата е да стопиш што е можно повеќе сало, пропратно ќе изгубиш многу сила, паѓа имунитетот после 2та недела испробано и како и да ја вртиш е скапа. Истото можеш да го постигнеш со поблага програма прилагодена за свој џеб, али за троа подолг период.
 
а преоптовареност ? мислам дека треба да се знае границата на американците што летаат у облаци-онли скај ис а лимит и реалноста.
Тоа во секој случај, но кажува дека ова не му е max-weight, што значи дека претходно ја има издржено во некакви си идеални услови.
 
Колку време е препорачливо да има одмор помеѓу двата тренинга ?

И шо мислите за програмата од Greg Pitt, MFT28 , само без толку многу суплименти ?
Зависно од каков бил претходниот тренинг по волумен и интензитет, да кажеме некоја груба рамка е 48 часа но може да биде и повеќе и помалку.
Инаку програмава е премногу напорна според мене за да може да се вежба на подолг временски рок и да видиш резултати од неа, мислам дека релативно брзо ќе "изгориш" од неа можеби би било во ред да ја правиш пократок временски период, да кажеме 1 месец како шок програма.[DOUBLEPOST=1428669882][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Целта ми е да ги намалам телесните масти (најмногу околу стомакот и внатрешната страна на надколениците,таму моето складира најмногу масти ) до месец јули. За исхраната сум информиран, а практикувам тежински тренинг 2, 3 пати во неделата. Пред неколку дена почнав да возам на статичен велосипед 20 минути секој ден со среден интензитет. Дали ова е доволно или треба кардио тренингот да трае подолго? Дали кардио секој ден би ми помогнало побрзо да ја постигнам својата цел?
 
Неможеш баш да контролираш каде ќе ги истопиш мастите, можеш само да ја зајакнеш мускулатурата на тие делови.
Туку, кардио тренингот зависи до тебе, како таков е буквално колку можеш-толку. Немаш зијан од тоа, зошто не ти е целта како што разбрав да направиш некаква мускулна маса. Практикувај го секој ден ако имаш време, уште подобро.
Само не се откажувај и биди упорен, со дисциплина и посветеност патот кон целта ти е веќе половина изоден.
 
fyodorov.jpg
Holly Shit! Што се дешава со Александар Фјодоров, овај најави камбек али и го мислел не само што го најави. Дали така е застанат или ракава му излегла од колосек, колку пола Кај му е :)
 
Што правите за HIIT момци? Или за кардио општо?
 
Што правите за HIIT момци? Или за кардио општо?
Ако добро памтам не вежбаш во теретана, а и да вежбаш на вакво време надвор е греота да се ебаваш на точаци и ленти во теретана. Спринтчиња ти е наједноставна работа за ова, јас во моментов правам по 15 спринтови од 100 метри, со пауза од 30-45 секунди помеѓу секој колку да земам воздух. Само загревај се добро пред да трчаш спинтови, оти најлесно може да направиш повреда.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom