instaliranjeto na soncevi kolektori........15 godini...................
bi ve zamolil za mislenje, spored vas, koe e opravduvanjeto za ovaa investicija, koja ako ne se lazam (soncev kolektor, pumpa, bojler...) e okulu 45 000mkd minimum
spored vas, ima matematika vo ovaa investicija, se razbira na momentalnite ceni na struja?
Јас мислам дека и тоа како има математика за исплатливоста, ако паметно се користи сето тоа. Мислам на бањање преку ден, наместо навечер, правилно распоредување на искористувањето на топлата вода и слично.
Проблем е сигурноста на системот. На саем кога ги прашував тие што продаваа соларни системи за топла вода, за пола работи ме гледаа како да сум паднал од Марс.
За нив сигурност е УПС. Иако тој ќе држи до неколку саати, а никој ништо не одговараше на моето прашање: што ако снема струја наутро во сончев топол летен ден (а во лето денот трае поприлично саати).
Сосема е можно да се случи цел ден да снема струја, што правиме тогаш - пентарење на кров и покривање на панелот? А што ако не си дома? Што ако дува ветер и го однесе покривачот што е врз панелот? Што ако кровот е незгодно стрм или недостапен??
Ваква работа му се има случено на мој пријател, сигурносниот вентил избил и истекол антифризот - тоа е добрата варијанта. Ако можете да кажете дека добро што пола од heat pipe елементите, пола од вакуумските цевки му отидоа јабана.
Друг пример од колега?
Закажување на сигурносниот вентил и експлозија на казанот од бољерот. Среќа во визба му бил болјерот и никој немало во близина. Штета невидена во просторијата, а продавачот не си ја уважил одговорноста.
Дали има чаре?
Се разбира дека има, топла вода е одамна измислена: мал фотоволтаик панел и пумпа на DC напон. Едноставно и елегантно решение, додека има сонце ќе има и струја за пумпата. Дури и не е премногу голема ценовна разлика со варијантиве кои овде се нудат - стандардни пумпи на AC напон. Цената на фотоволтаик панелот може да се пребие со цената на квалитетен УПС (и инвертер за пумпата, пошто пумпата не може да работи како што треба на напон со синусоида каква што даваат УПС-ите).
Или еве ајде штом веќе ќе почнеме за соларните, дали има некој кој ги користи кинеските соларни (без притисок) и како е задоволен со нив?
Дали се исплаќа поголемата инвестиција спрема оние плочестите со пумпа и слично?
Може и посебна тема ако веќе има повеќе заинтересираност
Ајде де, отвори тема - што му се мислиш?
Иначе панелите со вакуумски цевки (heat pipe технологија) ги сметаат за поефикасни од плочестите панели. Затоа што вакумските цевки од повеќе агли се ефикасни (значи и наутро и навечер, кога сонцето е на исток и на запад), а плочестите панели се ефикасни во средината на денот кога сонцето е на југ.
heat pipe технологија: