Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување

GUBfkTz.jpg
 
Линч, Тар, Ное, Гилиам и Корин, овие највеќе впечаток ми имаат остаено стриктно по стил на снимање
Tim Burton и Quentin Tarantino исто имаат свој трејдмарк. Првиот чудни ликови, сетинг и приказни а вториот многу крвави сцени и долги монолози.
 
И Scorsese иде во оваа багра дефинитивно.
 
http://faktor.mk/2015/04/07/kako-da-zashtedite-pari-za-greene-i-ladene-na-vashiot-dom/
Како да заштедите пари за греење и ладење на Вашиот дом?
Топлотните пумпи овозможуваат голем комфор и идеална клима за корисникот. Тие се тивки во својот работен режим, а нивното користење е крајно едноставно. Трошоците за одржување се ниски и не бараат секојдневна посветеност како кај останатите конвенционални системи за греење (пелети, дрва, нафта). Предноста на топлотните пумпи е што обезбедуваати и ладење на предвидениот простор, што со користење на друг конвенционален извор на загревање не е можно, односно потребни се дополнителни инвестиции за обезбедување на други системи за ладење на просторот.
Управувањето со топлотните пумпи е многу едноставно и софистицирано преку современ кориснички интерфејс кој нуди детален приказ, едноставна навигација и паметни контролни функции.
Оваа инвестиција последните неколку години стана и исклучително исплатлива инвестиција. Во последните неколку години, комерцијалните банки нудата поволни еко- кредитни линии, кои се строго наменети за подобрување на енергетската ефикасност на објектите што подразбира инсталирање на енергетски ефикасни системи за греење. Каматните стапки на банките веќе го достигнаа нивото од 4.7% со што повратокот на инвестицијата кај топлотните пумпи се движи од 1 до максимум 5 години. Сите овие чекори само дополнително укажуваат на фактот дека се работи за инвестиција која не само што обезбедува квалитетно ладење и греење туку истата преставува и економична инвестиција која обезбедува енергетско ефикасни решенија.
Градежниците и фирмите кои го вршат надзорот советуваат дека користењето на ваквите пумпи треба да стане пракса, бидејќи се зголемува енергетската ефикасност на објектите. Жанина Стаменкова е магистер по градежништво, со Магистерски труд од областа на енергетската ефикасност и управител на „ДЕЛТА ПРОЕКТ “. Таа во интервју за Фактор ги објаснува предностите на топлотните пумпи.

ФАКТОР: Како се донесува одлука кои мерки за енергетска ефикасност да се применат кај постоечки објекти?
Ж.Стаменкова: За постоечки објекти, од страна на лиценцирана фирма, се прави Енергетска контрола со која се анализира објектот во смисол на утврдување на термичките карактеристики на градежните конструкции на надворешната обвивка на објектот (прозорци, ѕидови, плафони), се анализира состојбата на системите за греење, евентуално ладење и вентилација, и се прави анализа на трошоците и потрошувачката на енергија по потрошувачи и типови на енергија (греење, ладење, осветлување, санитарна топла вода, вентилација, опрема). Како резултат на овие анализи се изготвува Извештај за енергетска контрола во кој се дадени и мерки за подобрување на енергетската ефикасност, класифицирани според економската исплатливост или и по некој друг приоритет како што може да биде комфорот. Врз основа на овој Извештај од енергетска контрола Инвеститорот / Клиентот може лесно да донесе одлука за тоа кои мерки на енергетска ефикасност ќе ги примени на својот објект и со која динамика.
ФАКТОР: Кој би бил Вашиот совет?
Ж.Стаменкова: Најдобро е најпрво да се применат градежните мерки: изолација на плафони и ѕидови, замена на прозорци, евентуални изолација и на подови, ако е технички и економски оправдана, па потоа да се оди кон замена на системот за греење бидејќи на овој начин се намалува инсталираната моќност на системите, заради намалените потреби на енергија на греење, а со тоа се намалува и инвестицијата.

Но, може да се направи и оптимизација па да се изолира најкритичниот дел на конструкцијата, а да се постави високо енергетски ефикасен систем за греење, на пример топлински пумпи со висок COP, како што се системите на DAIKIN или еднакво вредни, и веќе во првата грејна сезона да се почуствуваат бенефитите и во финансиски смисол и во смисол на комфор. Или, да е појасно, два потполно исти објекти, изолирани на ист начин, со иста потребна енергија за греење, можат да имаат различна финална енергија за греење, а со тоа и различни класи во Енергетскиот сертификат. Објектот во кој е инвестирано во поефикасен систем на греење (на пр.: топлинска пумпа со висок COP) ќе има и повисока енергетска класа (на пр.: А или А+) и ќе биде поконкурентен на пазарот за продавање или издавање, а и поудобен за живеење.
Ефикасноста на овие системи, во однос на конвенционалните системи за греење и ладење, дополнително се зголемува и со обезбедувањето на “бесплатна “ топла санитарна вода .Топлотните пумпи овозможуваат загревање на санитарна вода со ефикасност од 3 до 5 поголеми електрични грејачи, така да во некои случаи не е потребно инсталирање на сончеви колектори (повратокот на инвестицијата за сончевите колектори би бил преку 15 години).
 
instaliranjeto na soncevi kolektori........15 godini...................
bi ve zamolil za mislenje, spored vas, koe e opravduvanjeto za ovaa investicija, koja ako ne se lazam (soncev kolektor, pumpa, bojler...) e okulu 45 000mkd minimum
spored vas, ima matematika vo ovaa investicija, se razbira na momentalnite ceni na struja?
 
Или еве ајде штом веќе ќе почнеме за соларните, дали има некој кој ги користи кинеските соларни (без притисок) и како е задоволен со нив?
Дали се исплаќа поголемата инвестиција спрема оние плочестите со пумпа и слично?

Може и посебна тема ако веќе има повеќе заинтересираност :)
 
Како да заштедите пари за греење и ладење на Вашиот дом?
Топлотните пумпи овозможуваат голем комфор и идеална клима за корисникот. .......................
Топлотните пумпи овозможуваат загревање на санитарна вода со ефикасност од 3 до 5 поголеми електрични грејачи, така да во некои случаи не е потребно инсталирање на сончеви колектори (повратокот на инвестицијата за сончевите колектори би бил преку 15 години).
топлотни пумпи ДА,но цената е многу висока за наш стандард.
конкретно за мене прашував денес во ICS и ENERGIJA,цена 6500 евра со монтажа.
премногу за мене.

виваксите ќе стигнеле кон крајот на месецот.
нови модели 2015 год.ќе има и каталог.[DOUBLEPOST=1428580832][/DOUBLEPOST]
разликата е исто како да се возиш со југо и мерцедес
и со двете ќе стигнеш од А до Б точка , но со различен конфор

незнам каков за каков комфор мислиш но се знае што е најбитно,да ти го загрее просторот како што и е намената.а дали ќе седиш во фотеља или на дрвено столче тоа е дел од комфорот.
 
Последно уредено:
https://drive.google.com/file/d/0B0KkT_Lrn6VvNVAxUWJwdkNjZ09zR3ZSRDNHazVtUER2YjVr/view?usp=sharing

Еве што ми пратија од ICS Group, застапници за Daikin. За мојот стан со следниов опис:

Znaci se raboti za stan na 5-ti sprat (so uste eden sprat gore), prozorcite gledaat na istocna strana, so malo vlijanie i od severna. Se planira dogramata da se smeni so nova, pvc, kvalitetna verzija, so najdobro staklo. Izolacijata vo zidot pretpostavuvam e dobra, posto zgradata e 25+ godini i e edna od najkvalitetno gradenite vo naselbata. Prostorot e dnevna+kujna, bez nikakov pregraden zid pomegju, grubo okolu 35 kvadrati, so visina 2.75 m.

...ми предложија 3.5 kW, конкретно моделот што е во прва колона во пдф документот, 40 000 ден со вклучена монтажа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom