Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Гумите на Пирели беа клучниот фактор за Победата на Ферари... Но, повеќето Ф1 фанови, но и аналитичари даваат толку голем публицитет на оваа Победа ( за разлика од трите Победи на Ред Бул од минатата сезона, кои беа забележани по дефекти на Мерцедес АМГ) е што беше извојувана при целосен потенцијал на болидите на Сребрените стрели... Можеби Италијанците не се сеуште на нивното нивото на перфоманси, но стрпливо ќе чекаат и ќе ја казнат и најмалата нивна грешка. Нема веќе опуштени трки за нив, ќе мора да работат напорно целиот тркачки викенд!!!
Дозволата да се надградува моторот во текот на сезоната мислам дека највеќе им помогна и ќе им помогне на Ферари. Ферари никогаш не биле баш најдобри со турбо мотори поготово не со 1.6 и им треба повеќе простор за работа.
Но секако и новиот менаџмент на тимот се гледа дека си ја врши многу добра работата. Овој Аривабене (поранешен шеф на Марлборо) изгледа многу заебан лик.
 
Аривабене беше претставник на Филип Морис во Ферари.

Уште нешто интересно од Рикардо за гумите
Поради гумите возиме како баби
http://www.krug.mk/?p=3061

Интересна идеја на Марко, ни по твое ни по мое, предлага Торо Росо да остане под Ред Бул, но поголемо инволвирање на Рено, болидот - жолт
http://www.krug.mk/?p=3057
 
Аривабене е исто и Директор во Јувентус од 2012.
 
ТОТО ВОЛФ: МЕРЦЕДЕС АМГ ИМА СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА БИТКА СО ФЕРАРИ


Мерцедес АМГ ќе ја забрза својата 2015 програмата за развој за да парира на заканите од Ферари. Само две недели откако Мерцедес АМГ забележа доминантна 1-2 победа на Австралиското Гран При, Шампионскиот тим беше поразен од Ферари во Малезија ГП, и тоа во директна борба.

На прашањето дали Мерцедес АМГ е подготвен за заканите од Ферари, Волф изјави дека е убеден во ресурсите на неговиот тим, но призна дека има потреба да се реагира.

"Прочитав една статија дека Ферари го зголемил својот буџет за оваа сезона. Ние, имаме се што ни треба. Ние се чувствуваме сигурни дека со износот на средства што ги имаме, ние сме добро поставени. Треба да останеме смирени, да продолжиме да се развиваме, да ги ставиме вистинските надградби на болидот и да ги употребиме малку порано од планираното."

"Но, нема причина за паника. Ние сме назад во нормална, редовна тркaчка сезона, каде што имам повеќе од само еден тим за натпревар. Мислам дека не треба да бидеме екстремни со нашата проценка. Во Мелбурн велевме дека Мерцедес АМГ ќе победи на сите трки од сезоната и никој нема да може да ги стигне. Две недели подоцна, се поставува прашање, дали е ова крајот на една ера?"

"Тоа е можеби почеток на една нова ера на добри битки, битки кои ние би сакале да ги имаме, сакаме предизвици. Треба да останеме мирни и да веруваме во себе и во нашата брзина."
 
Абе овој Берни 100% одлепил. Стварно планира да ги отстрани Италија, Шпанија, па и како што прочитав некаде Белгија? :mad:

Изгледа ова треба се повеќе и повеќе да му се става пред очи:
AlonsoPic_1890253a.jpg
 
Последно уредено:
Кога ќе им скурчи на Арапите ќе ги молaт послем Европјаните за трка.
 
Абе овој Берни 100% одлепил. Стварно планира да ги отстрани Италија, Шпанија, па и како што прочитав некаде Белгија? :mad:

Изгледа ова треба се повеќе и повеќе да му се става пред очи:
Прегледај го приврзокот 118502

Изјава од Сер Џеки Стјуарт како реплика на дедо Берни дека му е гајле за Европските трки, а со која целосно се согласуваме:

"Секој спорт треба да ја почитува својата историја. Не сакам да гледам Формула на места каде што не знаат како да сменат брзина. Добро е да се одржуваат трки низ целиот свет, но Европа треба да има повеќе трки. Едноставно, без Монца и Германија, Ф1 повеќе не е Ф1."[DOUBLEPOST=1428512977][/DOUBLEPOST] НЕКОЛКУ ПРАШАЊА ПРЕД КИНЕСКОТО ГРАН ПРИ


- Дали Ферари може да се остане во чекор со Мерцедес АМГ?

Во текот на изминатата година, Луис Хамилтон и Нико Розберг, не беа баш во најдобри односи. Тимската борба и темпото на Мерцедес АМГ, ги концентрираше нивните умови единствено на еден со друг, при тоа ставајќи си сопки, што често го чинеше тимот многу изгубени бодови. Тоа можеа да си го дозволат, бидејќи немаа друга конкуренција. Но, сето ова се смени со победата на Себастијан Ветел во Малезија. Хамилтон и Розберг дури и постираа слика на Твитер, по посетата на седиштето на тимот во Нортемптоншир, објаснувајќи дека имаат намера да ја продолжат својата доминација и го победат Ферари. Новонастанатата ситуација веројатно ќе помогне во одржување на добри односи помеѓу ова дуо. Ако тие се фокусираат кон Ферари, ќе имаат помалку време за меѓусебни расправии. Значи Ферари ги "отрезни", тимските грешки ќе бидат сведени на минимум, па само од Италијанците ќе зависи дали ќе го следат темпото на сребрените стрели.

- Дали Нико Розберг е брз возач?

Германецот имаше невообичаено лош старт на сезоната. Квалификациите му беа посилната страна во минатата 2014 сезона, што во првите две трки не е така. Не се подобри и во трка, Хамилтон е побрз. Тоа е лоша вест за Ферари, ако се способни да го предизвикаат Мерцедес АМГ за Титулите. Тоа значи дека поддршката во рамките на Мерцедес АМГ ќе оди кон само еден возач. Во моментот тоа е Луис Хамилтон, што ќе го претвори Розберг во втора виолина која ќе го чува неговиот грб. Од суштинско значење е да го имаме Рзоберг назад во игра.

- Колку лош ќе биде Мекларен?

Тимските изјави пред трката во Кина се разочарувачки, во стилот, знаеме дека сме бавни, но ќе бидеме уште побавни на Шангај интернационалната патека. Тоа покажува колку силно паднаа кон дното, а враќањето кон врвот ќе биде долг и макотрпен пат.

- ФИА нешто најави и ја снема?

Жан Тод, Претседателот на ФИА е претежно тивок, ретко зборува со медиумите, но неговиот претходник, Макс Мозли е се поактивен во последно време, можеби затоа што го чека промоција на својата нова книга, а најновото негово обвинување е дека наскоро Ф1 ќе биде поразена самата од себе, доколку ФИА не ја превземе работата во свои раце и го договори толку очекуваниот ограничен буџет на Ф1 тимовите.

Очекуваме и повеќе информации околу легалноста на системите за гориво на Мерцедес АМГ болидите, тајна која можеби е откриена од Ферари, а најверојатно, наскоро и од останатите тимови. Дали се молчи во интерес на Ф1, бидејќи доколку е тоа вистина, ќе имаме голем скандал, па како тивко решение ќе им биде дозволено на сите тимови да користат сличен систем. Овој систем работи на складирање на гориво после мерната единица на ФИА за проток и количина, кое подоцна би се искористило за зголемена моќност на моторот во склоп на ПЕ. Употребата на нови правила околу овој тек на горивото стартуваат од оваа трка, па да видиме дали нешто ќе се промени?!?

Но, можеби наскоро ќе го гледаме Тод повеќе. Од овој месец, ФИА има вработено нов директор за комуникации. Досегашниот, Пјер Регент отиде да работи за својот стар шеф, Никола Саркози, каде најдобро се снаоѓаше, додека мотоспортотот се покажа како негова слаба точка. Неговиот наследник, Оливие Фиш, поранешен комерцијален директор на Еуроспорт, ќе има голема задача, санација на угледот на ФИА и да ја поврати изгубеното влијание во Формула 1 Шампионатот.

- Што понатаму за Рено?

Критики доаѓаат од сите страни, а тие се уште се борат да бидат конкурентни. Од друга страна тие се налутија на Ред Бул, дека додека победувале никој не ги споменувал, а сега се било до нив. Рено Ф1 се наоѓа на крстопат, дали да вложи огромни пари во сопствен Ф1 тим, како би добиле поголема реклама или сите свои ресурси ги насочат кон Формула Е Шампионатот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom