Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Врколак е сосема друго суштество како што пишува и во текстот што си го постирал.
Стравоволк е подобар превод, колку и да звучи глупо.
Тоа е најблиското нешто што го имаме во македонската/словенската митологија (барем од она што јас го знам).

Иначе јака работа, пишував семинарска за Венеција во среден век, користејќи една стручна литература на англиски. И како што го опишува градот у неа, сфатив дека многу личи на еден друг град што го знам. Островчиња поврзани со канали и мостови, обединети под едно знаме, централизирана управа која патем е rich as fuck и нејзините финансиски средства ги користат сите големи играчи на сцената, мало местенце врз кое толку луѓе се потпираат. Бравос е буквална копија на Венеција, што е ептен кул работа за мене :D

Ај сега поврзи го Стариград (Oldtown) со Александрија (кула/светилник, универзитет) и Кралев Град (Kings Landing) со Истамбул/Константинопол (големи ѕидини, залив/пристаниште заштитено со голем ланец) за да ти биде поинтересно. ;) :)

Инаку Гискарите се апла антички Македонци, додека Валирија е Рим. Вестерос е Британија (геогравски, само во огледало, и историски во периодот од Хептархијата, додека слободните градови се медитеранските републики од времето на ренесансата (Венеција, Милано, Џенова, Задар, Дубровник, и слично).
 
Тоа е најблиското нешто што го имаме во македонската/словенската митологија (барем од она што јас го знам).
Можеби најблиску, но сепак многу далеку :D
 
Тоа е најблиското нешто што го имаме во македонската/словенската митологија (барем од она што јас го знам).

Не, бидејќи direwolf не е никакво митолошко суштество. Нема ништо натприродно во него, не е тоа никаков челник на волците. Тој е едноставно друг животински вид. Изумрен вид. Во светот на ГоТ едноставно овие животни не се изумрени, барем не северно од ѕидот.
Луѓето ги викаат direwolfs од истата причина со која е крстен и изумрениот вид - поголеми се од обичните волци и се пострашни од нив. Direwolf e само буквален превод на латинското име. Не гледам зошто стравоволк како буквален превод за direwolf би бодело очи.
 
10649972_10202839480547047_4139973514867948847_n.jpg


Одлична слика. Многу често се заборава возраста на ликовите и се осудуваат некои нивни потези. Најмногу на Санса, а мислам и за Арја имаше критики, и за Роб секако.
Cersei, 37 комада :love::love::love::love::love::love::love:
 
Ај сега поврзи го Стариград (Oldtown) со Александрија (кула/светилник, универзитет) и Кралев Град (Kings Landing) со Истамбул/Константинопол (големи ѕидини, залив/пристаниште заштитено со голем ланец) за да ти биде поинтересно. ;) :)

Инаку Гискарите се апла антички Македонци, додека Валирија е Рим. Вестерос е Британија (геогравски, само во огледало, и историски во периодот од Хептархијата, додека слободните градови се медитеранските републики од времето на ренесансата (Венеција, Милано, Џенова, Задар, Дубровник, и слично).
Кои се Гискари? Не сум толку запознаен со lore-от, па баш би сакал да направам стручна споредба :P
 
Гишаните се најблиску до блискоисточните цивилизации од долината на Тигар и Еуфрат.
И по симбилика, и расно и секако.

Стар Гис - Гишани
не Гискари

Гискари е од англискиот Олд Гис - Гискари
 
Иначе срам да ви е што не сте ја спомнале. Би и дал да ми прај се шо и душа милува со мене... Олку моќна и импозантна креатура која зрачи со сексуална енергија нема на целиот континент.
Тим Мелисандре :love:

tumblr_mmd71qprFz1qzgu6io1_500.gif


tumblr_m7e18tXsBV1qiwdh4.gif


Sansa-Satrk-game-of-thrones-29874564-500-275.gif


Rape me Melisandre :motorce:
 
Последно уредено:
Кои се Гискари? Не сум толку запознаен со lore-от, па баш би сакал да направам стручна споредба :P
Една од првите цивилизации (заедно со карлството Сарнор, Ји-Ти империјата и уште по некој).
Робовладетелските градови од Заливот на Робовите (Мирин,Јункаи, Астапор), се најголемиот остаток од таа империја (заедно со уште по некое мало градче).
Стариот Гис не постои, рушевина е (по војните со Валирија).
Новиот Гис е создаден на островче, карши рушевините од стариот и е доста помал од другите градови остатоци од оваа империја.
Како и другите цивилизации и оваа доживеала скоро комплетно да биде однесена у ропство од страна на Валиријците.
Дур не им светна ѕвездата на Валиријците Гишаните харале наоколу и поробувале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom