Зошто постоењето на Господ не е очигледно?

Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Ова прашање го поставувам до секој кој со чие верување може да се дефинира како теист или верник, до оние кои го бараат и веруваат дека постои и дека ќе го најдат, и до оние кои го нашле својот бог. Но особено до најбројните, Христијани и Муслимани, верници чие верување доаѓа со сет на правила кои се однесуваат дури и на општествено ниво, дури и филозофија за вечниот исход на нашите души само врз основа на нашиот став за постоењето на Господ.

Кога самиот став за постоењето на Господ е толку важен за тоа како ќе биде вечниот исход на нас самите, зошто тогаш нема чист договор за тоа дали Господ постои, зошто постоењето на Господ не е очигледно? Зошто ако постои Господ и ако тоа е толку важна работа, тоа прашање е се уште отворено за дискусија и може за тоа да се шпекулира?

Можеби одговорот на некој ќе биде, затоа што така треба, тоа е тест, затоа што ова е проба за тоа кој би можел да биде вреден за вечен живот или слично. Но, тука се поставува прашањето, ако навистина е така, кои се тие квалитети кои се избираат и се пожелни од тој бог со овој процес на селекција на слепо верување како резултат на индоктринација и недоволна изложеност на филозофија со контра аргументи?
Едно е да се има слободна волја за избор на страна во големата дуалност на работите, друго е да се прави слеп избор заради незнаење и шпекулирање.

Друг одговор може да биде, затоа што има и многу други работи кои постојат, но не се така очигледни, на пример електроните, или протоните. Да, но тие работи може да се теоризираат и потоа да се докажат, новното постоење дава консеквенци во реалниот природен свет и преку нив ние можеме да ги препознаеме. Додека сите теории за богот и неговото постоење за кои денес човекот е способен да теоризира и да испитува доаѓаат до заклучок дека не се резултат на постоење на бог, туку на текот на природниот свет.

Ако гледаме според најголемите воспоставени религии, за самиот карактер на Господ како што е претставен, потребно е јасно да биде познато неговото постоење. Се разбира Господ може да се дефинира на таков начин според кој не би било задолжително да се знае неговото постоење, но на бог кој е активен во секојдневните активности на луѓето, постоењето треба да е јасно познато.

Зошто, ако постои, постоењето на Господ е толку тешко да се дефинира и да се открие? Што се постигнува со немањето на чист одговор на толку важно прашање, кое не е ни прашање во самите религии, туку од самиот почеток се поставува како зададена вредност и се пропишува дури и смрт за оној кој и воопшто се сомнева во тоа.
Ако религиите и светите книги се обид на Господ да обзнани за неговото постоење, зошто тоа е толку штур обид, особено од денешен аспект и доведува до толку недоразбирања?

Ова прашање е многу пати разработувано и на овој форум во контекст на други теми, не знам дали имало цела тема само за него, а и самото прашање е дел од базичните аргументи во религиската филозофија. Баш ме интересира што има кајгана како одговор.

Едноставно, парафразирано, зошто Господ, ако постои, ги направил доказите за своето постоење толку недоволни и слаби?
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Нема да полемизирам, туку ќе сумирам: Се што гледаш околу тебе е '' ГОСПОД '' , ( Господ е нај злоупотрбуваното нешто на планетата ни ) , се е тоа енергија, и се околу тебе и ти си енергија и ја сум енергија.
Тој Господ, не мисли.. туку креира, тоа е таа бесконечна интелегенција, живот, љубов, бог, енергија... тоа се други димензии и не постои некое рационално објаснување за тоа.
Затоа всушност сеуште се прашуваме која е конечноста на овие прашања.. зашто имаме УМ, и тоа понекогаш не буни. Поззззз :)))
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Едноставно, парафразирано, зошто Господ, ако постои, ги направил доказите за своето постоење толку недоволни и слаби?
Мора прво да дефинираш од кога очекуваш одговор, од религиозните или нерелигиозните?
Ако очекуваш одговор од атеистите, тој е едноставен. Доказите за постоење на Бог се слаби, да не речам никакви, затоа што Бог не постои.

Јас мислам дека религиозните треба да бидат повикани да дадат одговор на ова прашање.
 
До верниците, во првиот пасус . Во спротивно нема зошто и да го поставувам прашањето.
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.603
Поени од реакции
20.466
Зато шо се не види сс око.Мора да се ставиф ватикански рејбан цфик кој мерише на крстену воду.

Природа се глеа,моеш да гу осетиш,да гу т'кнеш(допреш),да глеаш како се раѓа, развива, умира.Она е креација на сфе овој, нели од сам старт на биг бен, овај наша хибрид планета евоурирала : D (кој збор еј), у овој што ск смо, устфари сфи други познати планете су мртфи, трули,шупљи камен, а наша си е орајт, развиена сс човечку цивилизацију, која од сам старт користи природни ајахуастични дроге сс кои мозак лебди у универзум, кумуницира сс као демек богови, а усфари е сфе тој мајндгејмс.И например да би постојаја господ стфарно, он па нема да се види, али ке даеше некој знак,за да цел сфет веруе и знае дека постои едн врхован господ, креатор,казнатор на нашо поступке и тако даље.
Ситуација сс Мухамеда, сс Сидарту, Исуса, не ми е некако веродостојна за да ја сам убеден дека има нешто натприродно, сфе е е тој илузија, сфе е е до човечки мозак, кој е необјасниво лудило, мноо повише од обичан бел карфиол, како што изгледа.

Ви што веруете у господа, молите се за да стфарно он постои, за да стфарно седите на траву и да едете мандарине како што е преставено дека се дешава тој у рај,за да не ви биде сфе овој залудно.
Стфарно глупо би било цел живот(а едн е, ваљда) да се посфетиш на затуцану религију, на сфи тија молитфе и брејнваш муабети, а устфари да си нема врска дека постои некој креатор, шес дна, седми одмор,будабар,алах муакбер или слично.
 
Последно уредено:
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ова прашање го поставувам до секој кој со чие верување може да се дефинира како теист или верник, до оние кои го бараат и веруваат дека постои и дека ќе го најдат, и до оние кои го нашле својот бог. Но особено до најбројните, Христијани и Муслимани, верници чие верување доаѓа со сет на правила кои се однесуваат дури и на општествено ниво, дури и филозофија за вечниот исход на нашите души само врз основа на нашиот став за постоењето на Господ.

Кога самиот став за постоењето на Господ е толку важен за тоа како ќе биде вечниот исход на нас самите, зошто тогаш нема чист договор за тоа дали Господ постои, зошто постоењето на Господ не е очигледно? Зошто ако постои Господ и ако тоа е толку важна работа, тоа прашање е се уште отворено за дискусија и може за тоа да се шпекулира?

Можеби одговорот на некој ќе биде, затоа што така треба, тоа е тест, затоа што ова е проба за тоа кој би можел да биде вреден за вечен живот или слично. Но, тука се поставува прашањето, ако навистина е така, кои се тие квалитети кои се избираат и се пожелни од тој бог со овој процес на селекција на слепо верување како резултат на индоктринација и недоволна изложеност на филозофија со контра аргументи?
Едно е да се има слободна волја за избор на страна во големата дуалност на работите, друго е да се прави слеп избор заради незнаење и шпекулирање.

Друг одговор може да биде, затоа што има и многу други работи кои постојат, но не се така очигледни, на пример електроните, или протоните. Да, но тие работи може да се теоризираат и потоа да се докажат, новното постоење дава консеквенци во реалниот природен свет и преку нив ние можеме да ги препознаеме. Додека сите теории за богот и неговото постоење за кои денес човекот е способен да теоризира и да испитува доаѓаат до заклучок дека не се резултат на постоење на бог, туку на текот на природниот свет.

Ако гледаме според најголемите воспоставени религии, за самиот карактер на Господ како што е претставен, потребно е јасно да биде познато неговото постоење. Се разбира Господ може да се дефинира на таков начин според кој не би било задолжително да се знае неговото постоење, но на бог кој е активен во секојдневните активности на луѓето, постоењето треба да е јасно познато.

Зошто, ако постои, постоењето на Господ е толку тешко да се дефинира и да се открие? Што се постигнува со немањето на чист одговор на толку важно прашање, кое не е ни прашање во самите религии, туку од самиот почеток се поставува како зададена вредност и се пропишува дури и смрт за оној кој и воопшто се сомнева во тоа.
Ако религиите и светите книги се обид на Господ да обзнани за неговото постоење, зошто тоа е толку штур обид, особено од денешен аспект и доведува до толку недоразбирања?

Ова прашање е многу пати разработувано и на овој форум во контекст на други теми, не знам дали имало цела тема само за него, а и самото прашање е дел од базичните аргументи во религиската филозофија. Баш ме интересира што има кајгана како одговор.

Едноставно, парафразирано, зошто Господ, ако постои, ги направил доказите за своето постоење толку недоволни и слаби?
Па не знам зашто за тебе појавувањето на Господ Исус Христос не е очигледно.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.298
Поени од реакции
5.873
Затоа што Создателот е енергија која постои на ниво за нас незамисливо исто така секоја фрекфенција (ниво) повисока од нашата човечката е фрекфенција каде суштествата се без омот, без тело. П.С. Интересна е оваа типично расипанава човекова природа секогаш се плука и кака по оној кој не направил нас и се околу нас.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Затоа што Создателот е енергија која постои на ниво за нас незамисливо исто така секоја фрекфенција (ниво) повисока од нашата човечката е фрекфенција каде суштествата се без омот, без тело. П.С. Интересна е оваа типично расипанава човекова природа секогаш се плука и кака по оној кој не направил нас и се околу нас.
Aман бе само изговори за да не се види. Шо има лошо ако дедо боже шета меѓу луѓето денес и сите да го знат кој е?
Ќе му напрај некој атентат?? Муслиманите ќе го киднапираат?? Ете може да живее во некој манастир во Македонија и по потреба да оди низ светот кај шо е најпотребен и да му помага на луѓето а не да се вади на финти “слободна воља“, “енергетски е“, “ако го видиш ќе умриш“
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Па не знам зашто за тебе појавувањето на Господ Исус Христос не е очигледно.
Тоа дури и како историски настан е оспорувано и тоа многу успешно, а не пак како пресврт на целата религиска филозофија до тој момент кој треба да го спаси човештвото. Прашањето се уште постои, зошто целиот тој настан кој Господ решил дека треба да се сподели преку светиот збор на Исус не се потрудил да биде објективно пренесен на целото човештво?[DOUBLEPOST=1420484311][/DOUBLEPOST]
Затоа што Создателот е енергија која постои на ниво за нас незамисливо исто така секоја фрекфенција (ниво) повисока од нашата човечката е фрекфенција каде суштествата се без омот, без тело. П.С. Интересна е оваа типично расипанава човекова природа секогаш се плука и кака по оној кој не направил нас и се околу нас.
Од каде ти доаѓа оваа замисла за Создателот?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.060
Поени од реакции
80.946
Прашањето се уште постои, зошто целиот тој настан кој Господ решил дека треба да се сподели преку светиот збор на Исус не се потрудил да биде објективно пренесен на целото човештво?
Се потрудил и пренесено е на целото човештво.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Moжеби таа енергија што не создала воопшто си нема врска со било која религија што пропагира денеска.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.060
Поени од реакции
80.946
Затоа што Создателот е енергија која постои на ниво за нас незамисливо исто така секоја фрекфенција (ниво) повисока од нашата човечката е фрекфенција каде суштествата се без омот, без тело. П.С. Интересна е оваа типично расипанава човекова природа секогаш се плука и кака по оној кој не направил нас и се околу нас.
Не е точно.
Создателот постои на секакво ниво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom