Николина
Teacher
- Член од
- 14 август 2010
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 5.821
Астрологијата и трпеливоста
Најбрутално искрени знаци, кои ќе ви кажат сè в лице без разлика на последиците се стрелец, водолија, овен и до извесен степен близнаци. Стрелецот и овенот се огнени знаци и тие се многу импулсивни и имаат тенденција да кажуваат работи пред да размислат на последиците.
Водолијата ја цени искреноста и смета дека луѓето треба секогаш да бидат подготвени да ја чујат вистината, дури и по цена на нејзе самата. Близнаците исто така се склони да избрборат повеќе работи одошто е потребно и да се каат за тоа порано или подоцна.
Девицата знае да биде многу критична и секогаш наоѓа маани во туѓите планови и постигнати резултати. Таа не е многу избувлива по природа, но нејзиното постојано барање кривец во ситуациите, може да доведе до драстични последици ако соговорникот е чувствителен.
Скорпиите се внимателни и промислени, но тие знаат да бидат непријателски настроени кога се под голем притисок и имаат тенденција луто да им возвраќаат на своите соговорници, со цел да им олесни и да се чувствуваат подобро. Можеби не звучи чувствително, но скорпиите уживаат во тоа.
Бикот, вагата и рибите преферираат да останат смирени и мили секогаш кога тоа е возможно и тие ќе ги задржат за себе сите „остри“ мисли кои ги имаат. Но ако доволно го иритирате бикот, тој ќе „експлодира“ и најверојатно ќе си го расипе односот со личноста со која разговара, кој ќе биде тешко да се врати на претходното ниво.
Лавот нема тенденција остро да одвраќа, но затоа често се лути и мурти ако нешто го мачи. Оваа негова тактика можеби нема толку директен ефект како што има искрениот разговор и таа може да ја наруши неговата популарност кај пријателите или колегите. Лавовите едноставно треба да научат да бидат поотворени и директно, но нежно да го кажат на глас тоа што им пречи.
Јарецот е свесен за својата местоположба во општеството и почитта која ја добива од другите луѓе, па тој не би си ни дозволил да го расипе тој свој статус со неколку нетактични реченици. Јарците на животот гледаат како на скалила по кои треба да се искачуваат за да стигнат поблиску до успехот, па затоа тие секогаш попрво би избрале да ја следат својата амбиција, отколку искрено да ви ја кажат вистината.
Ракот и рибите не сакаат „бурни“ ситуации, па затоа тие гледаат што е можно повеќе да избегнуваат конфликти. Како и на сите други луѓе, така и на овие два знака може да им се случи да бидат испровоцирани да го кажат она што им смета, но тоа го прават на суптилен начин за да не бидат премногу очигледни.