Извинете можеби е малку оф топик прашањево, но имам мала нејаснотија:
-пред нецел месец за да ми направат преглед мораше да ја променам матичната, но неколку дена пред да ја променам (старата) матична ми даде упат и ми закажа термин на Интернист. Е сега ме интересира дали мора да одам на рокот кој ми го закажала или може и да не се отиде? Нема да бидам во можност да отидам секако на рокот што ми е закажан, бидејќи сум на работа и не можам да земам слободен ден, а и сметам дека причината поради која сум испратен е повеќе за реклама на владините проекти и слично, а не реален проблем кај мене, бидејќи неколку месеци пред ова имав правено систематски преглед од работа, во многу пософистицирана ординација од оваа на матичната и не ми беше констатирано ништо. Ако мора да откажам како да го сторам истото? (по можност да не ја барам воопшто старата матична бидејќи немам намера повторно да се враќам таму)