Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

Член од
25 август 2010
Мислења
179
Поени од реакции
23
Машко име Иларион што мислите ??? македонско првославно со два имендена 1+1гратис=2
 
P

PewDiePie

Гостин
Женско ако е Јана
Машко незнам стварно,некое "странско ваљда"
 
Член од
31 август 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
krsetana sum si po zelba na majka mi i mi se dopaga moeto ime Simona, inaku imalo i predlog da se vikam Natasa. Koga ke ima deca , ako se maski ke se vikaat Luka ili Kostadin; a ako se zenski; Sofija, Anja, Ivana. Poveke bi sakala da ima zenski deca no, sto ke dade gospod toa. Mislam deka veke vo denseno vreme kumovcite ne se mesaat mnogu za iminja (sepak ako se nekoj sovremeni), babite i dedovcite iako velat deka ne sakaat da gi krstis po niv sepak imaat zelba nivniot vnik/vnuka da se vika isto kako niv
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Ако е машко - Максим, Дамјан, Михаил, Авел, Севастијан
а женско: Лариса, Софија, Вишња, Ања
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
електрик, на дедо му ламбе
а , бре ме изнасмеа со овие имињава. туку, сакав да те прашам, ако е женско дали ќе се вика Неонка????:icon_bigg

--- надополнето ---

За тие што имаат деца: Како ги добиле вашите деца имињата? Ги крстивте по мајка, татко, баба, дедо? Кумот го кажа името? Вие му предложивте некое име..? Можеби детето ви е родено на некој празник - па заради тоа го добило името? Родено е во мај - па затоа се вика Маја, родено е јули - па затоа се вика Јулија и слично. Ме сфаќате нели?:icon_lol:

За тие што немаат деца: Како вие сте го добиле вашето име? Крстени сте по некого? Вашето име било идеја на кумот? На некој од родителите можеби?:coffee:

:(
Јас сум крстена по некоја стрина на мајка ми - Полјакиња и имам ретко и убаво име што некои тука го спомнувале како опција за своите деца (фино е чувството :wink:). Во средно и на факултет сите професори веднаш ми го запамтуваа името, па некогаш и не бев многу среќна заради тоа :nesvest:. Инаку мајка ми кога била бремена со мене, читала некоја книга па сакала да ме крсти по главниот лик- Анжелика... Кога ми кажа ќе паднев во несвест, ми звучи како старлета!
Имињата на децата си ги избравме сами со сопругот. Син ми - Марио, го крстивме по мајка ми (Марија) но ни се „поклопи“, оти многу го сакавме името а направивме и ќејф :eek:jea: (ама ако требаше на пр. Марјан, ќе баталевме ќејфот!)
За второто се договоривме ако е женско тој дава име, ако е машко јас :vozbud:.
Хе, хе... Имав цел список: Андреј, Симон, Огнен, Давид, Лука, Даниел...
На крајот, кога се роди бебето и кога го видов свекорот шо ќејф направи за внукот, ми стана грев па решив да биде на него - Костадин. Ми беше малце необично оти секогаш сум мислела дека моите синови ќе имаат модерни имиња, но името си оди со детето :smir: па не е страшно. (За тоа колку ми беше мудра одлуката ич да не расправам!)
А ако беше женско, сопругот сакаше Сара Викторија. Така, со две имиња. Пред 7-8 години Сара беше ретко име. Сега секоја трета се вика Сара. Сега да имам ќерка не би ја крстила така. Мене ми се допаѓа Ема, Теа и Доротеа.

п.с. Шо да му праам на мајсторот коа фабриката само машки прај :jaj: ???!!!
 
M

MacedoniaGirl

Гостин
Ако е машко: Александар, Никола, Виктор.
Ако е женско: Александра, Теа, Викторија.
:)
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Машко име Иларион што мислите ??? македонско првославно со два имендена 1+1гратис=2
Абе православно е,ама ептен ми звучи монашки некако.А недај боже да се замонаши:smir:
 

SweetGirl*

мудар посматрач
Член од
9 декември 2009
Мислења
141
Поени од реакции
119
Ако имам машко дете дефинитивно ќе се вика Стефан, а женско Мартина, Ива, Дијана или Марија едно од овие. Иако кај дечко ми ( пошто е од др. град. преовладува како ќе каже кумот) па еве за женско има да бира :pos2:
Иначе мојата идна свекрва мн сака од помалиот син ( дечко ми ) да има име а она се вика Василика...мислите ли дека ке биде смешно да си крстам дете Васко ( за машко) или Васе ( за женско ) како што сака она? Мене не ми се замисливи овие имиња да ги имаат моите деца.се ежам од имињава....
 
П

Пепси_

Гостин
Интересно... не сакам многу секојдневни имиња што се среќаваат кај нас во македонија.Ете јас моето сум го добил по дедо ми Василије...
А на моите деца ( ехеее има време :pos2: ) ако е машко Патрик, Костадин( по татко ми), Себастијан,Alex
Ако е женско....ќе измислам тогаш :pos2:
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Ako е машко Марко,Александар и Стефан.
Ако е женско Јана,Евгенија и Јована.
Но најмногу ми се допаѓаат Марко и Јана,ако имам машко и девојче така ќе се викаат.
 
Член од
30 декември 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Dear Madam /Sir ,
We supply all kinds of Sexy Lingerie and Sexy Costumes, Quality,Honest Business,Reasonable Price,Safe Shipping, Secure Payment. accept paypal.
We are we are from China's largest Sexy Lingerie and Sexy Costumes distributor.http://hotsexy-lingerie.com/ is a specialized manufacturer of sexy clothing in China, supplys the international market with fashionable sexy lingerie and sexy costumes since 2005. With fast and Comfortable Services. All our products are of (high quality), reasonable prices and fast shipping. Now we have clients all around the world.
We will ship by International packages /DHL/UPS/TNT/EMS, general it takes 5 working days to all over the world.
Hope that we can now begin to build business relationships.
Welcome to visit our website:
Website: http://hotsexy-lingerie.com
MSN&Email: hotsexy-lingerie@hotmail.com
We will reply you without any delay !
Please do not hesitate to contact us if you require further assistance or have any questions.Best regards,Xu
 

WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
па дека сум роден биску до Свети Јован т.е два дена пред Свети Јован кумот предложил околу 5 слични имиња како Јовица,Јордан,Јован и незнам кои таму и мајка ми и татко ми го одбрале Јован (најдобро име не би смислил да ми било некое од тие другите предложени)
А за моите деца? па незнам како би ги крстил тоа е работа на кумот не моја :)
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
па дека сум роден биску до Свети Јован т.е два дена пред Свети Јован кумот предложил околу 5 слични имиња како Јовица,Јордан,Јован и незнам кои таму и мајка ми и татко ми го одбрале Јован (најдобро име не би смислил да ми било некое од тие другите предложени)
А за моите деца? па незнам како би ги крстил тоа е работа на кумот не моја :)
Тоа е работа на кумот, ама ти цел живот ќе си ги викаш некако децата...
Хмм, многу мразам кога поради желбаа на кумот, детето ќе го унакажат со некое глупо име:toe:
 

WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Тоа е работа на кумот, ама ти цел живот ќе си ги викаш некако децата...
Хмм, многу мразам кога поради желбаа на кумот, детето ќе го унакажат со некое глупо име:toe:
добро сеа ако е глупо ќе му речам не може така сељачко е Е:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom