Еве го воведов од темата што јас ја отворив, но замина во историјата:
Без многу филозофии, без многу демагогии... Време е за најголемото светско фудбалско дерби. Време е за ново Ел Класико, 170то по ред во Ла Лига. Реал има 71 победа, 66 има Барселона, а 32 соочувања завршиле без победник.
Кога зборуваме за натпревари на Камп Ноу, Барселона има 48 победи, Реал триумфирал 19 пати, а 17 натпревари во Каталонија завршиле нерешено.
Првото Ел Класико сезонава, на Бернабеу во Мадрид, го доби Реал со 3-1. Во пресрет на второто Класико, Барселона е прва на табелата, со 1 поен предност пред второпласираниот Реал. Реал во вториот дел од сезоната игра на пониско ниво, за разлика од Барселона која влезе во форма после кризата во јануари. Ел Класико е натпревар кој никако не зависи од моменталната форма, а исходот од овој натпревар може да покаже многу работи, иако остануваат уште 10 кола до крајот на сезоната.
Во таборот на домаќините се оптимисти и се надеваат дека ќе ја продолжат добрата серија. Гостите не сакаат да коментираат пред натпреварот, остануваат резервирани во изјавите пред натпреварот, а фановите на Реал се надеваат со победа во Ел Класико да добијат психолошка предност и да направат пресврт во настаните во Примера, преземајќи ја Ла Лига во свои раце. Домаќините веруваат дека со победа во Ел Класико ќе направат голем чекор кон освојување на титулата од домашното првенство. Нерешено не е опција на која размислуваат било која од двете страни, но со таков резултат, Барселона би останала на чело на табелата.
Кај домаќините повреден е Бускетс, кој најверојатно нема да биде во комбинација за натпреварот, додека кај гостинскиот тим веќе подолго време повреден е Хамес Родригез.
Можни состави:
Браво
Алвес - Пике - Матје - Алба
Ракитиќ - Маскерано - Иниеста
Меси - Суарез - Нејмар
- - - - - - - - О - - - - - - - -
Кристијано - Бензема - Бејл
Иско - Крос - Модриќ
Марсело - Пепе - Рамос - Карвахал
Касиљас
Сосема за крај, да потсетиме дека покрај најголемо фудбалско дерби на планетата, ова Ел Класико е уште едно соочување на двајцата најдобри фудбалери во последната деценија, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Главен судија на натпреварот ќе биде Антонио Мигел Матеу Лахоз. Досега има судено Ел Класико во 2 наврати, во 2та натпревара Реал беше победник.
Најава за натпреварот од официјалниот канал на Ла Лига на YouTube: