Ако ги добијат двете заостанати утакмици (утрешната и со Лестер) тешко некој да ги стигне, но којзнае, чуден е фудбалот у Англија.
Сити, која беда се, најјако ќе биде ако баш они се тие на крајот шо ќе отпаднат од топ4, а се е можно.
Реално на Сити ако тие постарите играчи не им се во форма или се повредени, не личат на ништо, Компани оваа сезона е за никаде, Туре веќе не е тоа шо беше, Агуеро и Силва мораат се на свој грб да носат.
Сити во последниве сезони за сите тешки пари што ги трошат, нема ниеден салам трансфер направено, го купија Бони и досега нема никаков удел, Мангала ужас трансфер, Фернандо и Фернандињо исто, Навас ни они не знаат зошто го купија, Негредо флоп, Јоветиќ исто, да набројувам понатаму, ниеден од овие играчи кои дојдоа во последниве сезони ни приближно го немаше импактот како што го имаа Туре, Агуеро, Силва, Компани па и Насри и Џеко.