Фан клуб - РК Вардар

Извини за ова ама не си во право ...вардар не е само на 200-300 комити...и тие 200-300 комити не се родени комити туку почнале да го следат вардар...замисли и тебе така некој ти рече ти како фан не му требаш да на вардар?
Ќе правиме муабет кога ќе не снајде судбината на Металург :)
 
Ќе правиме муабет кога ќе не снајде судбината на Металург :)
Не може да не снајде судбината на Металург ние не сме селски пластичен тим... како верен навивач на Вардар треба да го знаеш тоа....
 
Пак ќе кажам,некои се умислиле дека Вардар е Сан Лоренцо па има миљон ватрени навивачи...Од увек сум маштал како би изгледало пуно Кале,да не зборам за Борис Т. на утакмица на РК Вардар,кога имаше едвај по 500 души кога не пеглаа Шафхаузен,Загреб...Сега кога тоа е реалност на некој пак не му чини што се бара карта повеќе,а демек се изненадени кај се истите тие навивачи кога се игра против Радовиш,или кај се на фудбал а воедно им смета пак зашто дошле на Бате Борисов.А врвот на размислувањето кај некои е дека чекале Вардар да се варати на ниво на Пелистер па со ќејф да си иделе да гледаат ракомет,а ако го вратиме времето малку назад Комити го бојкотираа Вардар цела сезона,баш поради тоа што таа сезона беа мизерни па Вујо се молеше да се вратат...тоа е тоа од тој Вардар,овој нечини...
 
Маркетинг атракција бил Манасков. Хаха добар виц. Единствени личности кои можат да бидат маркетинг атракции се Кире Лазаров, Перо Антич и Горан Пандев. Манасков како прво доколку сакаше да напредува ќе имаше план да остане во Германија, земја со најсилната лига во светот, каде што ќе можеше да го исфрли македонскиот синдром наречен "мама и тато",ќе се посветеше нс работа и ќе го покажеше талентот којшто му е сомнителен. Некои ќе ми реплицираат со тоа дека е млад, па и Алекс Душебаев е млад но класата меѓу нив е очигледна веќе,иако компарацијва е несоодветна. Лош потег на управата на Вардар. Ако е точно дека ниту Раул не бил воодушевен од трансферов, почнуваат со лоши одлуки. Ах и тотално го оправдувам ставот на поголем дел од Комитиве. Манасков вулгарни гримаси испраќаше кон нив. Треба да му спремат добар пречек со некоја парола и константно да биде исвиркуван. Па ако е барем малце професионалец, на прес јавно ќе се извини за однесувањето.
Големи очекувања треба да исполни.
 
@Ne_sum_ja
Не гинат ракометариве, туку се професионалци. Гинеа тие што ја освоија титулата на 2 Јуни 2013.
Кажав и претходно дека секогаш подрага ќе ми е таа генерација на Вујо. Тоа не значи дека го оспорувам тоа што го прават и овие моменталиве што се.

И пак ќе кажам јас, на Вардар не му требаат фанови кои ќе се во сала само кога ќе има резултати во ЛШ како сега.
И секој што оди на ракомет, а не оди на ФК Вардар, не го сметам за вистински фан/навивач на Вардар, макар најватрен и најгласен бил во сала кога игра РК.

ФК и РК се на 200 - 300 Комити што одеа и до Романија и до Германија, и на тие 1000 преку сила што дремат на стадион.
И најтиња е тоа што газдите не го ценат зборот на тие малкумина.

Брат види, сите сме почнале да одиме на утакмици така. 90% почнале на дерби па на друго дерби и се заразиле, па после донеле други луѓе и така натаму. Ако почнеме да викаме, вакви не или такви не, пак во сала ќе останеме 300 души сосе гулаби како порано. Тоа мислам дека на никој не е целта.

Точно, познавам луѓе кој што идат во сала само ради шминкерај и ради тоа што Вардар е сега јак. Али тој број е занемарувачки мал во споредба на тие што овој клуб им значи нешто.

Ете мило ми е што познавам луѓе кои што почнаа да го гледаат Вардар пред една две години, ама сега се буквално заразени со клубот и не пропуштаат утакмица. Во сала има и еден куп деца со родители. Утре еден дел од тие деца ако станат ватрени фанови на Вардар ја ќе бидам задоволен. И ја сум бил еднаш дете ко нив. И мене ако не ме однеле како мал на стадион којзнае што ќе било :)

За тие 50-100 души, шминкери, како дошле така и ќе си отидат, нив секогаш ќе ги има. Има многу повеќе луѓе на кои клубот ќе им значи нешто. Премногу внимание им даваме.

Нека ти текне кои муабети се вртеа за утакмицата со Фленсбург па пак на крај каква атмосфера имаше. Цела сала второ полувреме на нозе го помина. Такво нешто никад не се случило кај нас.

Друго, за атмосферата можам да ти кажам само дека ако не се Комити, ќе биде театар како секаде. Тоа е факт и најубаво се виде на утакмицата лани со Хамбург. Тоа е и моќта што ја носи после цела публика. Кога имаш 500+ луѓе што пеат, евентуално ќе се дигне и цела сала.

Точно е дека ако останеме без спонзор многу е веројатно да не снајде судбина слична на Металург. Но доколку Вардар се постави правилно во однос на популарност и однос кон компании и тој удар може да се ублажи. Земи го за пример Веспрем. Тој клуб тешко дека ќе пропадне, зошто клубот е унгарска гордост и секогаш ќе се најде некој што ќе го спонзорира барем на достојно ниво. Тоа може и Вардар да го има.

Точно е дека и голем дел од публика ќе ја снема. Што е и нормално. Дури и на еден тим како Динамо Дрезден кој што тие што пратиме знаеме какви фанатици го бодрат, кога испадна во трета или четврта лига, публиката падна за 40%. Кога нема квалитет секогаш и публика се намалува.

Сакам да кажам дека сме во транзиција кога растеме во светски клуб на поле на ракомет. И мене воопшто не ми се свиѓа што во неколку наврати од управа не покажаа почит кон најверните, ама не треба непријателски да настапуваме кон тие што утре може да станат нови најверни фанови на Вардар.

Публика на домашен терен во Сеха ни се зголеми тројно. Еј со Раднички имаше околу илјада и нешто луѓе што порано било само фантазија. Со Веспрем утакмицата беше обична формалност во однос на резултат па пак скоро 5 илјади луѓе во сала. Со ова темпо за две три години може да се изгради одлична фан база. А уште ако и ФК се активира со успеси и сериозна работа, кај ќе ни биде крајот...
 
Извини за ова ама не си во право ...вардар не е само на 200-300 комити...и тие 200-300 комити не се родени комити туку почнале да го следат вардар...замисли и тебе така некој ти рече ти како фан не му требаш да на вардар?
Па да, ама почињаш да се врзуваш за еден клуб уште од 6-7 години. Максимум нека се 10. И сеа не може да дојде некој да му попува за клубот на него, а почнал да го следи Вардар на 30 години откако Самсоненко стана негов сопственик.[DOUBLEPOST=1426242971][/DOUBLEPOST]
Тебе ти нема логика зошто ти го љубиш клубот. Твојата управа гледа профит од клубот. Тука ти е разликата, зошто ти би го оставил Марковиќ а зошто управата ќе го купи Манасков.

Базата на навивачи на Вардар го мрази, го презира можеби (мада читаш дека и тука доста членови, Комити викааат дека ќе го свиркаат па зависи од неговите настапи, може и ќе му дадат поддршка) Манаскоф ама овој потег е за оние останатите, оние кои ќе платат по 1200 денари за четвртфинале во ЛШ, оние кои ќе купуваат маици, чаши и нема да ги боли кур колку пари ќе платат за реквизити.
Јасно ми е дека не се согласуваш, јасно ми е и зошто ама мора да сфатиш брат дека не е управата тука да им исполнува само желби нанавивачите, туку и да гледа да направи профит.[DOUBLEPOST=1426187273][/DOUBLEPOST]

Ти би ги фрлил, разбирам и зошто и мене би ме фрлил, можеби и ќе ме окарактеризираш како „антички“ ама твојата управа, твојот газда не би рекол дека ќе ме фрли.

Нема да стане како во театар, зошто вие ќе си одите на трибина, ќе си навивате, зошто навивате за клубот а не за Самсоненко. Со тек на време и таа античка публика ќе ги учи вашите песни, ќе викаат ајде ајде вардаре, ќе сфатат дека не сте хулигани туку сте само љубители на спортот и живот би дале за Вардар.
Не ми е јасно како не го разбирате потегот, сериозно :)

Аууу човече, да не звучам деградирачки ама еден Фиго има играно во Барса и Реал, еден Роналдо има играно во Интер и Милан, еден Овен има играно во Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Самсоненко инвестира премногу за македонски услои и ваков потег (колку и да е против ваша желба) мислам дека треба да му го простите и да замижите зошто покрај лигушов Манаскоф, донесени се светски играчи поради неговите финансии.
Сериозен си дека Самсоненко со потегот очекува да оствари некаков профит од РК Вардар?! Убаво пиша некој, ќе му требаат 200 години да ги врати парите што ги уложил за само 1,5 година.
 
Последно уредено:
Сериозен си дека Самсоненко со потегот очекува да оствари некаков профит од РК Вардар?! Убаво пиша некој, ќе му требаат 200 години да ги врати парите што ги уложил за само 1,5 година.

Ако сте воделе бизнис, вашите родители имаат бизнис, сте направиле бизнис план во средно кој се состои од SWOT (јаки страни, слаби страни, можности, закани) анализа или барем сте слушале кога сте имале економски предмет, ќе сфатите дека БИЛО КАКОВ профит е подобар од НИКАКОВ профит на средстава.

Тој погоре што пиша (Чичко Кумплунг) не пиша ништо издражно, туку налупа бројки дека салата била околу 15м евра и дека парите вложени ќе ги врател за околу 200-300 години од тепка.
 
Последно уредено:
Маркетинг атракција бил Манасков. Хаха добар виц. Единствени личности кои можат да бидат маркетинг атракции се Кире Лазаров, Перо Антич и Горан Пандев. Манасков како прво доколку сакаше да напредува ќе имаше план да остане во Германија, земја со најсилната лига во светот, каде што ќе можеше да го исфрли македонскиот синдром наречен "мама и тато",ќе се посветеше нс работа и ќе го покажеше талентот којшто му е сомнителен. Некои ќе ми реплицираат со тоа дека е млад, па и Алекс Душебаев е млад но класата меѓу нив е очигледна веќе,иако компарацијва е несоодветна. Лош потег на управата на Вардар. Ако е точно дека ниту Раул не бил воодушевен од трансферов, почнуваат со лоши одлуки. Ах и тотално го оправдувам ставот на поголем дел од Комитиве. Манасков вулгарни гримаси испраќаше кон нив. Треба да му спремат добар пречек со некоја парола и константно да биде исвиркуван. Па ако е барем малце професионалец, на прес јавно ќе се извини за однесувањето.
Големи очекувања треба да исполни.
Нема збор за Душебаев и за тоа колку е јак и колку е добар, ама да пишеш дека класата меѓу него и Манасков е очиглеедна и дека компарација е несоодветна треба малку да се замислиш :) И сеа одма ти не си навивач на Вардар ти воа ти ноа, прво навивач сум на Македонски тим, не сум од Скопје па да иам симпатии за еден туку бев и за Металург и за Вардар, ги пратам многу и двете екипи. Манасков после светското и после приодов во Германија и ако продолжи во ваква форма мислам дека ќе биде во класата на Душебаев а ако сега веќе не е, е многу блиску :) Ова според мене нормално иако мислам дека повеќето ќе бидат против јас мислам дека ми е на место постот.
 
Ако сте воделе бизнис, вашите родители имаат бизнис, сте направиле бизнис план во средно кој се состои од SWOT (јаки страни, слаби страни, можности, закани) анализа или барем сте слушале кога сте имале економски предмет, ќе сфатите дека БИЛО КАКОВ прилив е подобар од НИКАКОВ прилив на средстава.

Тој погоре што пиша (Чичко Кумплунг) не пиша ништо издражно, туку налупа бројки дека салата била околу 15м евра и дека парите вложени ќе ги врател за околу 200-300 години од тепка.
Ако сте родени и вашите родители се родени во Македонија ќе сватиш дека никаква SWOT анализа не ти помага тука.Самсоненко е на пратеничка листа на Вмро,на народот му требаше наш Абрамович,и ете најдоа.Фората е што Самсоненко не постои нигде освен во Македонија па рачунај кај ги прави парите што ги вложува во Вардар.
Манасков нема врска со профит ни со дресови,кој навивач на Вардар ќе земе од него а не од Столе? Има две опции,едното е притисок ради татко му а другата варијанта е онаа партиската,едноставно им наложиле да имаме поише македонци во состав.Ако мислите дека е смешно ова,прашајте се од кај маскотата на вардар стана антички војник.
 
Види, јас цело време кажувам свое гледање. Не тврдам дека е тоа така само што со некои од вас (не ти) не може да се дискутира зошто се однесуваат како Вардар да е нивна своина и секој што ќе сподели свој став, кој што е различен од оној комитскион е окарактеризиран како незналица или антички а нечесто знаат да го употребат „сите сте за Вардар само не признавате“. Ако сме за Вардар, дај и ние да си кажеме што имаме :D

Нејсе, држат вода и твоите претпоставки, поготово втората што е еден вит профит, ако ја согледаш ситуацијата од страна.

Тоа со маскотата е страшно. Комити а маскота Антички Воин. Нема ни простор за дискусија...
 
Ја отеравте во пичку матер темава. Кој го ебе лиглето бе ај уште не дојден ја напунивте темава.

Утре од 15 за 9 играме и пишувајте на таа тема. Има некое инфо околу повредава на Карачиќ? Во претходниве неколку утакмици вадеа невистини околу повреди па посочените играа на утакмиците. Со Карачиќ сега сумљива ми е работава зашто е најбитната алка во тимов моментално.
 
Порано не ни викаа не му требаш на Вардар туку јадевме шамари за одредени работи, зборам за мене од пред 9-10 години. А, има и постари. Неможе на исто ниво да бидат фановите со розев палец и фановите што идат секаде за клубот. Убаво објасни Чичко Кумплунг и Коњаникот неколку страни наназад. Немора да се повторуваат истите муабети.
Значи брат не зборам за комити . Зборам за општа публика. Секој ама буквално секој голем светски тим покрај навивачката група си и има и обични фанови. И тоа секогаш Обичната публика е многу побројна од навивачката група. Така да никој нема право на никого да му рече ти неможеш да навиваш за тој и тој клуб.[DOUBLEPOST=1426246035][/DOUBLEPOST]
Па да, ама почињаш да се врзуваш за еден клуб уште од 6-7 години. Максимум нека се 10. И сеа не може да дојде некој да му попува за клубот на него, а почнал да го следи Вардар на 30 години откако Самсоненко стана негов сопственик.[DOUBLEPOST=1426242971][/DOUBLEPOST]
Сериозен си дека Самсоненко со потегот очекува да оствари некаков профит од РК Вардар?! Убаво пиша некој, ќе му требаат 200 години да ги врати парите што ги уложил за само 1,5 година.
Нема врска брат некој покасно почнува да следи спорт. Не може да ти попува ама никако ти не можеш да му забраниш еј ти неможеш да бидеш за вардар. Вардар полеку станува големо европски име...т.е веќе е во ракометот. Веќе кога станува големо име нормално е да се зголемува фан базата и голем број од нив да се обични фанови. Се разбира тие нема да се Комити ама сепак немаш право да кажеш ти неможеш да навиваш за вардар или нешто такво макар и да почнал да навива само пошо лигушов ќе дојде во вардар.
 
Дај ставете крај на дискусијава, нема потреба од конфликти околу тоа кој бил поголем навивач. Во сала и на стадион се гледа кои се "најопседнати" со Вардар.
Утре не чека првиот четвртфинален дуел со Висла Плок, а ние тука се расправаме за некој мочко Манасков. Кога ќе дојде ќе му ја мислиме како ќе реагираме, и онака нема сигурно да му го раскинат договорот дотогаш само затоа што ние не сме го сакале.
Сега да се насочиме кон поважните работи :D

Ова за Карачиќ ми личи дека е некоја заебанција, исто како што Гландорф лани дојде со штаки кога требаше да играме со Фленсбург, па после си настапи најнормално :D
 
Ги тепале Барса у небитна утакмица и Фленсбург без најбитните играчи, па мислат Орлен Арен неосвоива тврдина. Море ова е Вардар и ќе ве силуваме.

СИНО БЕЛИТЕ УТРЕ НИЕ ЌЕ ГИ ЕБЕМЕ! :sekcza:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom