... Вака...
На почетокот на врската, сексот е сè. Нема љубов меѓу двајца кои тукушто се запознале и не знаат ништо за себе.
Ако сексот е добар, двајцата ќе сакаат да го направат пак. Тоа води кон повеќе време поминато заедно, а со самото тоа и повеќе ситуации поминати заедно. За целото тоа време, сексот е и понатаму присутен и се практикува и постои опасност да дојде до презаситување.
А до презаситување доаѓа само и единствено ако нема љубов. Значи, ако не се развила љубов во меѓувреме (во текот на тие заеднички моменти и ситуации минати заедно), сексот бледнее и ја губио вредноста. А ако се роди љубов, тогаш сексот веќе не е единствен начин на комуникација, туку само еден од начините и не е нужност, туку се практикува само ако се има желба за тоа. А ако се има желба за тоа, значи не може да биде лош, бидејќи се прави по желба и не по „налог“ (т.е. не зашто нема друг избор и начин, бидејќи со љубовта веќе има).
Значи:
1. најди нов партнер
2. секс
3. повторувај 2., додека не се развие љубов. Ако не се развие, оди на 6.
4. љубов
5. повторувај 4. (ако 4. бледнее, оди на 2.) до крајот на животот. Потоа оди на 7.
6. остави го тековниот партнер и оди на 1.
7. смрт
Дополна: Абе, темава се спои со друга?
:helou: