Не мислам воопшто на повреди, на изненадувања или на изолирани случаи како тој со Лу Вилијамс. Нема никаква врска со тоа, тие работи се составен дел од играта и дел од умешноста на менаџерот.
Едноставно е, само кажувам кој колку поени "примил" во текот на сезоната или не. Ти имаш најмногу постигнати поени во лигата и тоа покажува дека си бил се на се засега најдобар менаџер.
Ама од друга страна истовремено си имал и најмногу среќа затоа што од сите 16 тимови ти си примил најмалку поени. А во фантази тоа воопшто не зависи од тебе, туку едноставно си имал среќа во просек противниците баш во неделите кога играле против тебе да не им оди и да имаат послаби резултати од вообичаените.
Постигнатите поени не ми е целта да ги коментирам. Тие се јасен и единствен показател за колку се јаки тимовите и за тоа никој не може да се буни. Само кажувам дека влијание врз табелата (победите и поразите) имаат и примените поени и дека некои тимови ќе настрадаат заради тоа, а други ќе се усреќат. Најтипичен пример за ова што го зборувам е OKC Thunder. 10ти според вкупниот број на поени, а 6ти на табелата со 10-6 скор.
Исто и Њујорк Никс, 3 на табелата а само 8ми по бројот на поени.
Како и да е нема тука никакво местење или сл. Таква е играта. Некој ќе има среќа друг нема да има. Тоа е. Наше е нашите поени да се што е можно повеќе. А за тоа колку противникот ќе има не можеме да знаеме.
П.С. Нека не се лутат газдте на ОКЦ Thunder и New York Knicks, немам ништо против нив само посочувам дека досега тие бил најсреќлии досега. Можеби имаат тешки противници во последните 3 недели и ќе се израмни ситуацијата.
П.П.С. Се ова е за малку да се размрда темата не скокајте