Еден совет од поискусните ако може.Од поодамна имам проблем со левото рамо,но некако не ми претставуваше некој проблем кога вежбав рамо,вратило,бенч (со 90кг некој период кревајќи ги 12 пати со некои 75-80% од силата).Пред две недели осетив дека можам повеќе,сакајќи да се исфорсирам последна серија бенч ставив 100кг и ги изгурав некои 6 пати сам и се беше ОК(никаква болка се добро,почнувам да напредувам). Наредниот ден кога станав имав блага болка,но не мускулна.Сега при изведување на бенч,close grip за трицепс,вратило (мислам на сложениве вежби што вклучуваат повеќе мускули вклучително и рамо) левото рамо ми праи проблем неможам воопшто да ги изведувам вежбите(можам само со мали килажи што ми е некако губење време,не осеќам ништо, ко тренинг да не сум напраил).Ако имал некој сличен проблем нека пише шо како,дали да паузирам да почекам да видам само по себе да се среди колку толку или да продолжам да вежбам па наместо бенч да правам склекови,наместо вратило лат со помала килажа итн....