Note: Некаде разлката од едно до друго место е мала и лесно може еден филм да се најде погоре или подоле ама ете ја се решив вака да ги ставам
1. Whiplash
Pros: ЏК Симонс и неговото фантастично глумење, супер сценарио, супер музика и мотивирачка приказна
Cons: Малиов ми беше cunt, требаше посимпатичен да го направат дечкото, ама па и тоа може да се смета како + пошто ете не е клише мал повлечен лик како главен
2. The Theory of Everything
Pros: Фантастично глумење од двајцата главни актери. Супер саундтрак и начин на раскажување на приказната
Cons: Ништо посебно. Некои можеби би се бунеле што филмов е повеќе романса него ли драма, ама за мене балансот меѓу романтична приказна за Стивен и жена му и неговата животна приказна беше тамам.
3.The Imitation Game
Pros: Камбербач со улогата на својата кариера можеби до сега во филм за лик кој што конечно се создава филм
Cons: Ништо посебно.
4. Birdman
Pros: Фантастична глума на Китон, фантастична режија и саундтрак
Cons: И покрај сево ова некако филмот didn't click with me доволно за повисоко место. Се надевав на посериозен филм а не сатира. На моменти и темпото е можеби поспоро, ама секако супер филм.
5. The Grand Budapest Hotel
Pros: Се што може и да се очекува во филм на Вес Андерсон. Глума,Режија,Костимографија,Саундтрак... создавање на цел еден свет
Cons: Аааама, ми фалеше некако невиноста на филмовите на Вес Андерсон. Ми фалеше приказна за љубовта и фамилијата....да знам Зеро и Агата ама..пред се ова беше филм за криминал и лош човек со добра душа. Филмов ми е како некој да му дал задача на некој многу добар режисер да нарпави нешто слично на Вес. Сепак кјут филм, ама ми фалеше нешто.
6. Selma
Pros: Подобар филм од тоа што очекував. Добра глума на Ојелово, ама ете супер конкуренција годинава па мораа она и Џиленхал за жал да не добијат номинација
Cons: Ми фали динамика во филмов. Многу сцени што не се поврзани со главнава приказна има филмов, мислам дека ако филмов траеше 90 или 100 филмови многу повеќе ќе уживав во истиов. Сепак сосема солиден филм
7. Boyhood
Pros: Сниман 12 години па може да се види еволуцијата на актерите и некои споредни елементи од поп културата, глумата на Итан Хок
Cons: Немање динамика, веќе видена приказна за дисфункционално семејство, и покрај тоа што филмов треба да биде за детството на детево, детево е како немоќен гледач на работите што се случуваат околу него и освен едно испено пиво и една фатена женска скоро и никаков character development да немаше главниов лик.