Јас уште лани пишував на оваа тема и испадна дека бев во право.
Незнам дали се должи на преголеми очекувања или нешто друго, ама кога дојде до промена на 25годишната ера на фергусон, клучниот фактор на кој сите заборавате/ме е времето.
Неможе здраворазумски да се очекува да дојде замена Мојс или Ван Гал и бродот да продолжи да плови со иста брзина.
И не дека сум останал последен да го поддржувам Мојс во фан-клубов ко што рече некој претходно затоа што многу сум го сакал Мојс, туку затоа што во секој случај ни се потребни 2-3 сезони за да се стабилизира ситуацијата, а ова променава на тренери само ќе ни го одложи процесот. Може да се види дека резултатски, а ни у игра не е нешто драстичо променета играта, земајќи го предвид поголемиот рустер што го има Дучмен у споредба со мизерниот болен рустер што го имаше Мојс лани...