Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Некои луѓе уште не ја научија разликата меѓу ова што владата сака да го воведе и оние испити што ги полагаат правниците/фармацевтите и други. :)
Разликата е тоа што на едни таа им е потребна за да работат и ја плаќаат прилично скапо (медицина од годинава 1000 е ја плаќа).
Додека ова екстерново е повеќе за да се види дали професорите оцениле правилно или не.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058

Дa бе истo кo шo се глеa сеa и вo среднo дaли прoфесoрите oценувaaт oбјективнo или не.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Најголем проблем е масовно запишување на факултети кој не се бараат во стопанство... ако дојде до кратење на буџетари тогаш уште полошо ќе биде за тие струки
... друго, никој не кажува што мислат околу факултети кој си имаат државни испити од многу порано ( по дипломирањето) ?

посебно ме иритираат овакви демагози и хохштаплери ( замисли, направил човекот импакт труд во Грција околу проблемот со името :mad:)
Инаку не така дамно, имаше галама околу професорите од Правен и Економски каде УСЛОВ за положување беше да имаш купено книга од него !! Значи не може да позајмиш од некој друг или да се учи групно.... Ајде вие од тие факултети кажете нешто околу тоа , можно ли е тие истите професори сега да солат памет ??
А има и друго, со оборување на обврската на импакт трудовите, државата сега ќе искористи и нема да ја плати ветената субвенција за импакт трудови, мислам беше 200 евра по труд ??
Еве јас сум трета година на економски, досега ниту еден професор не изнудил таков услов за положување, да мораш да му купиш книга. Точно е дека вадат нови изаднија на неколку години, има предмети што се полагаат со учебник, но никој не ми побарал лично да му купам книга. Во меѓувреме се вртат книгите меѓу студентите, не купува секој ново издание.
Од друга страна не знам како да останало и замрело тоа дека економски и правен се најкорумпирани факултети.
Ако зборуваме за крадење пари од студентите, имам другарка на ДИФ. Самата кажува дека се има оддадено пари за факултетот и дека поефтино ќе ја чинеше да запиши приватен факултет. Книги купувале лично од кај професорите со претходно уплатено на жиро сметка. Им носат уплатница на професорите дека е платено и овие им даваат книга.
Имаат предмет скијање, одат во Маврово, факултетот не им покрива апсолутно никаков трошок, на своја рака 20 000 денари,а го имале два или три пати до сега.
И општо сите предмети што им бараат такви активности, тие плаќаат пари.
Предмет логорување, морале да престојуваат во хотел. И за тоа да платат пари.

А за тие со државни испити од претходно си важи истото правило. Државните испити што им се предвидени им се на крај на студии. Ова шо се изпомешаа де екстерно, де државен испит се полага и на крај на втора година. Не верувам дека ќе ги одмине, иако веќе имаат еден краен државен испит.
Не е во ред сега тука медицина да полагаат државен испит,а на тетовски да не полагаат. Мора некој да ги регулира тие работи.
Мала држава сме, нема потреба од секоја струка по два-три факултети да се отвораат и сите да учат различно,а да добиваат исто звање.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.667
Поени од реакции
16.873

Не сум во тек задниве години, можеби беше за времето на предходната влада, ама имаше, се побунија професорите од Правен и Економски дека им се кршеле Авторските права, т.е. книгите ( обични скриппти) морало секој да ги купи, услов беше за излагање на испит сметка од купена книга да дадеш...
Па ако не бараат, зошто Пленумците тоа го ставиле во барањата ??

.. Државен испит на медицина и фармација колку знам се полага ПО студирањето, нема врска со факултетот. Ти можеш да работиш во веледрогерија и без државен испит а во аптека треба...
таткоми тука полагаше пред 65 години државен испит а заврши земјоделски факултет во Загреб
 
Последно уредено:

Епа јас не знам зошто ставиле такви барања, еве јас ти кажувам од 2012 навака на економски никој професор се нема побунато за тоа, а сега дури има и учебници кои ги нема во тираж, па најчесто и самите ни викаат да фотокопираме или имав професор кој ни кажа доколку нема некој пари да купи книга, дека можи слободно да ни ја позајми и кога ќе заврши семестарот да му ја вратиме книгата.
Има предмети како што кажав што се полагаат со книга, да, но не значи дека таа мора да биде оригинал купена од книжара, можиш да ја позајмиш или да ја купиш на старо или ако се сметаш за доволно способен можеш и без книга да одиш да полагаш.
Кај нас на поинаков начин земаат пари, ние плаќаме повеќе пари за книжен фонд, културно забавен живот,ама и тоа почнаа да го намалуваат. Во 2012 на почеток на семестар платив дополнителни 4500 ден мислам дека беа за такви глупости, плус ИКСА,плус студентски парламент, плус на секоја уплатница и административна такса. Тука се кај нас трошковите,ама за учебници до сега случај немам слушнато во овие три години.

Јас сепак ќе кажам, ова што го прават е откако ги проширија квотите и мора да се пополни до крај квотата,а не да има одреден просек, доведе до оваа ситуација. Кога ќе ти се запишат илјадници студенти секоја година, секој професор гледа да се оттараси што поскоро на ваков или онаков начин или пак не се замара многу. Да се помалку студенти,кога професорот ќе има и самиот време да оддели внимание за своите студенти, ќе видиш дали факултетот така лесно ќе се завршува.
Па, познавам еден школски, со двојки и кецови беше во средно, а го примија на машински во државна квота, зошто? Па голема беше државната квота, а сега се фали се полагал со бубица и телефон.
Сам себе убио ситуација си направивме.

Сега мислам дека најмногу ако се бара какви и да било реформи, тоа да бидат да се врати приемен испит на факултетите, ова за високото образование. Друга работа, да се преиспита работата во студентските домови, да се видат какви набавки на храна и чуда носат, а како ги прикажуваат таму дека можеби и најквалитетна храна јадиме, да се средат кујните во сите студентски домови, значи врие од лебарки во храната. Нека се бара да се намали цената на студентскиот билет, нека биди 500-600 денари, прифатлива за многу студенти, отколку да добиеме еден бесплатен четврток wow, бидејќи моментално студентскиот стандард во РМ е нула.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.605
Поени од реакции
13.303
Имам административни работи за средување утре во службите во Јустинијан, го попречуваат и тоа пленумците или само наставниот процес?
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Имам административни работи за средување утре во службите во Јустинијан, го попречуваат и тоа пленумците или само наставниот процес?
Оди слободно на Јустинијан, нема таму окупација, само има пленумци шо шетаат како шерифи по амфитеатри.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Имам административни работи за средување утре во службите во Јустинијан, го попречуваат и тоа пленумците или само наставниот процес?
Јустинијан не е под “окупација“, ќе можеш да си завршиш работа.
Има некои активности, но не е како на Филозофски и техничките. :)[DOUBLEPOST=1424005871][/DOUBLEPOST]
Од сите лоши аргументи што ги дадовте зошто требало да се укине задолжителното средно, најјак ми е оној „зошто во средно се запишуваат неписмени“ :facepalm::facepalm:
Извинете генијалци, ама последен пат кога проверував, средното образование е баш за ова, за тој неписмен преку процесот на образование да се описмени и да се образува...
Да бевме сите образувани немаше ни да постојат институциите наречени училиште.
Кој го кажал ова бе? :pos::pos::pos::pos::pos:
Во средно се запишуваат 14-15 годишни деца кои не знаат што е живот и што сакаат од него. И средното е да добиеш вештини и генерално знаење и познавање, за да се НАСОЧИШ понатаму.
И на факултет се запишуваат неписмени кои се претставуваат писмено, па никому ништо.:pos:
Е од овој интелектуален снобизам си патиме.
Многу снобовска нација сме.
И да е така, неписмените не смеат да добијат шанса да се описменат или само пратените од Господ што прочитале 3 “тешки“ книги смеат? Иначе пола од тие што ги имаат овие ставови уште пишуваат “незнам“, “несакам“, “мајками“, ама нема веза, тоа е интелектуална апстрактност, намерно одат против правилата на македонскиот литературен јазик.:ROFLMAO:
Јас генерално не го сакам задолжителното средно од причина што има луѓе кои не сакаат да завршат средно едноставно, не сакаат да учат, ниту имаат некоја амбиција за тоа, а и тоа си е веќе избор, на крај ако некогаш се премислат да имаат опција за некој вид вечерно училиште и готово. Не треба ни да се наметнува нешто, но ок, тоа си е мој став.
Ама аргументов со неписменоста...:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
?

Ванковска распали на Facebook - барањата на Пленумците не се во функција на она поради кое се формираа!

http://press24.mk/vankovska-raspali-na-facebook-baranjata-na-plenumcite-ne-se-vo-funkcija-na-ona-poradi-koe-se
Различни ставови, не гледам ништо спорно во тоа. Патем, таа веќе не е во Професорскиот пленум (па добри 3 недели има, можда и повеќе).
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Различни ставови, не гледам ништо спорно во тоа. Патем, таа веќе не е во Професорскиот пленум (па добри 3 недели има, можда и повеќе).
Не е во пленумот, али и она се согласува дека е непотребна окупацијата на факултетите, и дека треба да се залагаат за другите проблеми на студентите.
Или сеа не се важи тоа.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Не е во пленумот, али и она се согласува дека е непотребна окупацијата на факултетите, и дека треба да се залагаат за другите проблеми на студентите.
Или сеа не се важи тоа.
Точно, има и други проблеми...ај види во соопштението од средата, го ставив на претходната или претпретходната страна, што се' е набројано.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Еве слики од фчерашната забава на техничките факултети.
Искрено, разочаран сум зошто 80% од публиката беше од бендовите кои што настапуваа а од пленумците ни трага ни глас. Можеби музиката не беше за сите уши (не беше ни за мене) ама минус зошто не се симнаа да покажат почит туку се шлаеја по скали нагоре-надоле...

П.С. Извинете што телефонот ми слика ко дигитрон.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ме мрзи целиот статус на Ванковска да го читам, може и зошто мислењето на Ванковска за мене има значење колку годишниов снег...
Само едно нешто е интересно, што жената што ја бранеа кога ги заеба, сега се сврте против нив :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom