Не сум во тек задниве години, можеби беше за времето на предходната влада, ама имаше, се побунија професорите од Правен и Економски дека им се кршеле Авторските права, т.е. книгите ( обични скриппти) морало секој да ги купи, услов беше за излагање на испит сметка од купена книга да дадеш...
Па ако не бараат, зошто Пленумците тоа го ставиле во барањата ??
.. Државен испит на медицина и фармација колку знам се полага ПО студирањето, нема врска со факултетот. Ти можеш да работиш во веледрогерија и без државен испит а во аптека треба...
таткоми тука полагаше пред 65 години државен испит а заврши земјоделски факултет во Загреб
Епа јас не знам зошто ставиле такви барања, еве јас ти кажувам од 2012 навака на економски никој професор се нема побунато за тоа, а сега дури има и учебници кои ги нема во тираж, па најчесто и самите ни викаат да фотокопираме или имав професор кој ни кажа доколку нема некој пари да купи книга, дека можи слободно да ни ја позајми и кога ќе заврши семестарот да му ја вратиме книгата.
Има предмети како што кажав што се полагаат со книга, да, но не значи дека таа мора да биде оригинал купена од книжара, можиш да ја позајмиш или да ја купиш на старо или ако се сметаш за доволно способен можеш и без книга да одиш да полагаш.
Кај нас на поинаков начин земаат пари, ние плаќаме повеќе пари за книжен фонд, културно забавен живот,ама и тоа почнаа да го намалуваат. Во 2012 на почеток на семестар платив дополнителни 4500 ден мислам дека беа за такви глупости, плус ИКСА,плус студентски парламент, плус на секоја уплатница и административна такса. Тука се кај нас трошковите,ама за учебници до сега случај немам слушнато во овие три години.
Јас сепак ќе кажам, ова што го прават е откако ги проширија квотите и мора да се пополни до крај квотата,а не да има одреден просек, доведе до оваа ситуација. Кога ќе ти се запишат илјадници студенти секоја година, секој професор гледа да се оттараси што поскоро на ваков или онаков начин или пак не се замара многу. Да се помалку студенти,кога професорот ќе има и самиот време да оддели внимание за своите студенти, ќе видиш дали факултетот така лесно ќе се завршува.
Па, познавам еден школски, со двојки и кецови беше во средно, а го примија на машински во државна квота, зошто? Па голема беше државната квота, а сега се фали се полагал со бубица и телефон.
Сам себе убио ситуација си направивме.
Сега мислам дека најмногу ако се бара какви и да било реформи, тоа да бидат да се врати приемен испит на факултетите, ова за високото образование. Друга работа, да се преиспита работата во студентските домови, да се видат какви набавки на храна и чуда носат, а како ги прикажуваат таму дека можеби и најквалитетна храна јадиме, да се средат кујните во сите студентски домови, значи врие од лебарки во храната. Нека се бара да се намали цената на студентскиот билет, нека биди 500-600 денари, прифатлива за многу студенти, отколку да добиеме еден бесплатен четврток wow, бидејќи моментално студентскиот стандард во РМ е нула.