Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Тука многу луѓе не се дочитуваат едни со други, е сега некогаш ненамерно, некогаш намерно. :D :D
 
Препрочитај, ќе видиш дека зборам за средно образование, а не за високо.

Знам дека за средно зборуваш,поентата ми беше после средното образование да се знае кој е за факултет а кој не..
 
Знам дека за средно зборуваш,поентата ми беше после средното образование да се знае кој е за факултет а кој не..
Тогаш нема потреба на мојот пост да реплицираш со твој коментар за високото образование зошто збориме за две различни работи кои немаат моментално врска меѓу нив :D

Иначе еве чисто да си повторам дека ова за приемните испити го имам кажано како идеја уште на почетокот на темава, значи во тоа се сложуваме :D
 
Не е способна Македонија да има доволно подготвени кадри за на двете места. Ниту е способна истите да ги плаќа. На дисперзираните факултети претежно предаваат партиски скапаници со дискутабилни докторски дезертации. Впрочем и Македонија како мала земја нема потреба од секој да е факултетски образован. Презистеност има од непотребни и неспособни факултетски образовани луѓе. Треба директно да се контролира и бројката на слободни места. Што ќе му се на Македонија 2000 правници или економисти секоја година?!
Меѓутоа овие прашања повлекуваат и други, мислам се манипулира со бројки на невработени, не студенти и слично. Цел систем е кон лошо тргнат и го има заедно со себе земено и образованието. Затоа на Македонија и требаат болни реформи кои мислам не е никој способен да ги направи, а ако се најде некој таков веднаш би бил класифициран во предавник. Според мене скоро и да е загубена борбата.

Не знам од каде ти е оваа информација, но од мене имаш демант бидејќи истите професори што предаваат на дисперзирани кај мене се исти со тие од УКИМ...

Инаку озбилно е ова официјалното барање на пленумот ?
 
Тогаш нема потреба на мојот пост да реплицираш со твој коментар за високото образование зошто збориме за две различни работи кои немаат моментално врска меѓу нив :D

Иначе еве чисто да си повторам дека ова за приемните испити го имам кажано како идеја уште на почетокот на темава, значи во тоа се сложуваме :D

:D
 
Не знам од каде ти е оваа информација, но од мене имаш демант бидејќи истите професори што предаваат на дисперзирани кај мене се исти со тие од УКИМ...

Инаку озбилно е ова официјалното барање на пленумот ?
Го пишав тоа, официјалното барање беше во средата кажано.
10835442_1597436973819919_3670625182820986669_o.jpg

10959446_1597436970486586_5516952984359586987_n.jpg
 
Не знам од каде ти е оваа информација, но од мене имаш демант бидејќи истите професори што предаваат на дисперзирани кај мене се исти со тие од УКИМ...

Инаку озбилно е ова официјалното барање на пленумот ?
Ехе колку има факултети, можеби има некои исклучоци. Цел Штипски универзитет е на партиска база...
 
олку глупости во еден пост немам прочитано одмна... толку одамна што веќе 6 месеци немам пишано нешто, ама сега морав да ти реплицирам. Ако ти си дел од пленумот тогаш за вас не државен испит туку и приемен за на работа треба.
Резиме на твојот пост „Сите што не учите на УКИМ сте глупи, сте дел од умс и ич не одите на факултет и после од вмро че ви дадат дипломи.“
Не сум дел од пленумот без гајле, ако видиш поназад ќе приметиш дека ги критикував за оваа окупација ама во ред е бидејќи тогаш ти си бил во зимски сон - 6 месечен.

Така така, те бива за резиме ги вадиш суштинските работи тоа ми се свиѓа :facepalm::tapp::boksix::yid::shok2: :pos:- (пиши некое ако испуштив)
 
А пред да бидат назначени за дел од работните групи, да ни каже СП на нас студентите за што всушност се залага, па тек тогаш да видиме дали е претставник на студентските интереси или не ?
Ова го кажувам зошто од ноември се одеше со реторика „укинување“, за на средбава еве како што и сами кажуваат да побараат место укинување одложување, па на крај пред окупацијата пак да кажат дека сакаат укинување, а притоа не го спомнуваат укинувањето нигде во официјалново соопштение.
 
Тоа со испитите не е реално за сите оти има некои што се тапи а врват со врски и на крај лекар пример некој таков утре ќе те лечи и наместо да те оздрави ќе те умре и што потоа со таквите... За да има реално нешто треба друг систематизам за да биде вред како прво кога јас би бирал некој за да го вработам би барал следново ЗНАЕЊЕ, ПРАКСА и КОМУНИКАЦИЈА... За тоа дали завршил реално без врски и со врски не ме интересира ни диплома ни сертификат... треба да помине со знаење ако има познавање и го видам дека навистина знае би го вработил... Моментално не барам никој за работа ова го кажав онака како пример.
 
http://www.fakulteti.mk/news/15-02-14/studentite_od_tehnichkite_fakulteti_bez_parno.aspx

Зошто нема парно на техничките факултети? Еве некој кој студира таму, дали кога не се овие услови, има таму парно? Колку што знам, на кампусов кај Ректорат си има парно за викенди.

Иначе за 15-20 минути ќе почне свирка на ФЕИТ (електро): Furion, Gargoyles, Swarchen и Арлекин. Забрането внесување алкохол, мора да се потенцира. :D
 
Од кога знам на електро нема парно :)
 
Ми кажувале као си имаат свој систем на греење :)
 
Најголем проблем е масовно запишување на факултети кој не се бараат во стопанство... ако дојде до кратење на буџетари тогаш уште полошо ќе биде за тие струки
... друго, никој не кажува што мислат околу факултети кој си имаат државни испити од многу порано ( по дипломирањето) ?

посебно ме иритираат овакви демагози и хохштаплери ( замисли, направил човекот импакт труд во Грција околу проблемот со името :mad:)
Инаку не така дамно, имаше галама околу професорите од Правен и Економски каде УСЛОВ за положување беше да имаш купено книга од него !! Значи не може да позајмиш од некој друг или да се учи групно.... Ајде вие од тие факултети кажете нешто околу тоа , можно ли е тие истите професори сега да солат памет ??
А има и друго, со оборување на обврската на импакт трудовите, државата сега ќе искористи и нема да ја плати ветената субвенција за импакт трудови, мислам беше 200 евра по труд ??
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom