Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Само што го изгледав и Big Hero 6, и можам слободно да го сместам на местото број 1 во мојата листа на анимирани филмови. Цртани не сакам, не ни ги гледам многу, но ова е најдоброто нешто што ми се случило годинава, дефинитивно во топ 10 филмови евер ќе ми влезе, целосно сум импресиониран од филмот.

При разделбата ми се насолзија очите :place:
 
слабо се збори на темава последно време па да упаднам ко криминалец у банка

На Гослинг првенчето ќе биде топотници се глеа

За сега филмови кој со душа чекам да испаднат се лост ривер,книгхт оф купс и кумико и мад макс(со послаб интезитет)


Рајан Гослинг е успешен актер и еден од најпопуларните во светот денес. Последнава година не го видовме во нов филм бидејќи актерот беше зафатен со режирање, нешто што го прави за прв пат во неговата кариера. Станува збор за „Lost River“, трилер-фантазија за тинејџер во напуштен град.

Трејлерот за независниот филм во режија на Рајан Гослинг, потсетува на филмовите на Дејвид Линч. Официјалниот синопсис за „Lost River“ е следен:

„Lost River“ е мрачна бајка за љубов, семејство и борба за опстанок во лице на опасноста. Во напуштениот град на Lost River, Били мајка на две деца, е воведена во чудесен подземен свет на мисија да го спаси домот и да го одржи своето семејство заедно. Нејзиниот син тинејџер Боунс открива мистерија за потеклото на Lost River,што ќе го заинтригира и понесе во неочекувано патување, каде ќе бидат тестирани неговите граници и на оние што ги сака.

Тинејџерот го глуми Ијан Де Кејстекер („Agents of S.H.I.E.L.D.“), а неговата мајка Били, Кристина Хендрикс („Mad Men“). Покрај нив, во филмот ќе ги видиме и Ева Мендез и Мет Смит („Doctor Who“).

Филмот ќе биде достапен на 10-ти април, а следниот месец ќе биде прикажан на фестивал во Тексас, САД. Погледнете го трејлерот:

 
Ја изгледав и јас првата домашна од курсот, Street Angel, а воедно и првиот нем филм кој сум го гледал, ми требаше доста време да се навикнам, пошто ова ми е прво искуство со ваков филм, никогаш не сум имал во план да гледам вакви филмови но ете, домашно ебаго :D Добар филм како и да е, убава приказна, и потоа коа го слушав предавање му се восхитував за Борзаге, и професорот го утепа од фалење, ама стварно филмов е една убава емотивна слика за животот на една девојка, го препорачувам на сите.

Патем курсов е одличен, предавањата се одлични и не многу долги, само јас малце заостанувам но ќе се обидам да надополнам, башка го има и со српски субтитли.
 
Некој торент од филмов Егзодус? Само дa не е Кам верзија, или било каква друга глупост... Чисто HD да е...
MV5BMjI3MDY0NjkxNl5BMl5BanBnXkFtZTgwNTM3NTA0MzE@._V1_SX214_AL_.jpg
 
Никако да не сте го глеале Accidental Love, освен Џесика Бил што е симпатична, се друго е ужас. Коа го симнав немаше оцена ни критики, а го симнав ради режисерот... Убаво се заебав.

За среќа, филмскиот ден беше спасен со Мајмунска Работа, добро комедииче, плус Мерлинка :):
Monkey-Business-1952-2.jpg
 
Поради Џулиен го изгледав Still Alice, и поради неа ме потресе филмот. Глума како и секогаш во драмите досега, ако не земе оскар ... ок го немам гледано Теоријата па не можам да коментирам за глумата на Felicity. Другите може вода да и носат.
 
Препорака за некое акционо филмиште?
*да не биди ептен клише, по можност
 
не биди Велбек, Колатерал е филм`ипол

Абе праев муабет за The Italian Job ... Оној на Валберг споредено со на Кејн, поточно не може ни да ги споредуваш. А Колатерал е култен, таму не чепкам :)
 
Back
На врв Bottom