Фан клуб - РК Вардар

Браво за победата се надевам дека по малку играта беше рутина, како што прават и другите големи клубови. Факт е ако се сака поголем успех од лани дека оваа игра треба да се подобри особено во одбраната. Онаа што особено не ми се допаѓа е трансформацијата од одбрана во напад каде прават премногу измени (сличен недостаток како и репрезентацијата) а и некао одбраната на моменти беше многу статична и спора.
Тоа е вака мојот субјективен впечаток.
Е сега спомнавте горе навивачи, јас сеуште не сум бил во новата сала но од она што го гледам вечаток е дека публиката (онаа нормална публика не ВИПовците) е премногу далеку така да целата атмосфера не допира до толку силно до теренот како што беше на пример во КАЛЕ. Според мене тоа е огромен недостаток и затоа не се осеќа оној познатиот притисок врз гостинските играчи како во другите сали кои беа помали.
Морам да ги спомнам и дресовите , мислам дека сегашниот дизајн е неверојатено погоден. Браво за тој што го дизајниран.

И на крај МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА МИ ДАДЕ КОНТАКТ ОД КОМИТИТЕ ДА ПРАШАМ ЗА КАРТИ ДАЛИ ИМАТ ЗА СО РАЈ НЕКЕР.
Срамота ми се јавуват луѓе секој ден сите се разочарани што неможат да најдат карти. Да им се плукнам у клубската политика златна сала со некој си 15 илјади публика. Они се бутат во саличе.
 
За второ место ни треба победа или нерешено кај РНЛ.[DOUBLEPOST=1423906435][/DOUBLEPOST]Отприлика е вака.

Ако завршиме трети (што е поверојатно), можни противници во баражот ни с: ПСЖ, Колдинг и Пик Сегед.

Ако завршиме втори можни противници ни се: Загреб, Фленсбург и Данкерк/Алборг.

Од сите овие само ПСЖ е тим што мора да се избегне. Со другиве сите може да имаме минимален пораз во гости и да ги растуриме дома.
Најверојатно нема да бидит Фленсбург трет ,туку полската Висла ,ако полјаците победат утре во Шведска следната недела на Висла им треба победа од 1 гол за трето место.
 
Абе шо напраи Гајиќ? Сум задремал некоја минута, и отварам очи гледам му пеат Гајиќ педеру. :D
 
Добри бевте,да не беа тие контри и полуконтри на Монпеље ќе беше поголема разликата..
Ама техничките грешки си го сторија своето...
Со преку 15 технички грешки да тепаш 4 разлика со лидерот во францускиот шампионат сепак не е заебанција...
Добра игра имате,посебно играта во просторот околу шестерец(еден куп голови од таму+пенали изнудени),и со влезовите и шутеви од просторот меѓу 9и6 метри..
Играта со крила и пикер ви е една од најдобрите во ЛШ,најсилното оружје....
Ама бековите ви чкрипат,денес се виде заморот кај Карачиќ и Алекс....
Мораше да ги одмори Раул,посебно Алекс,не беше ни чудо шо имаа технички грешки,да играш ти цела утакмица,брза транзиција нон стоп,плус доста енергија трошат во напад,зошто и двата не се бекови на кои единствена работа им е да ја бапнат,туку напротив,многу трчаат,влегуваат во дуел игра,добиваат салам ќотек и двајцата,и ако има некој коефициент на оценка на успешност на играч сигурно и двајцата секогаш ќе бидат на врвот на листата...
Ама и тие не можат да играат цело време...
Денес имаше многу пропусти во транзацијата напад-одбрана,многу бавно се враќавте назад,и ве поремети Монпеље со брзи голови..
Најмогу поради заморот и истрошеноста во напад....
Одбраната на поставена зона беше доста солидна...
Важно е дека тепавте....
Ако тепа утре РНЛ ќе одлучувате со нив..
Сепак би почекал до утре....
Тие Русиштата се многу опасна екипа,ако се распукаат Деревен,Житников,Ковалев и компанија,посебно ако ги потцени РНЛ како во Германија во првото полувреме,и да одат накурчени дека лесно ќе тепаат се бива...
Цеље салам ги попари,со вас видовме како поминаа,со Веспрем пружија отпор,единствено квалитетно во гости изиграа со Монпеље...
 
Абе шо напраи Гајиќ? Сум задремал некоја минута, и отварам очи гледам му пеат Гајиќ педеру. :D
Па ништо посебно, ја растури Македонија на светското а и немаше промашено шут сега против нас до тој момент. После тоа Штербик му фати зицер. Башка и со некои свои изјави по медиумиве го навлече гневот наш.
Така да баш фин пречек имаше.
Супер утакмица, брза со доста инвентивни акции. Многу грешки на двете страни, посебно Душебаев кај нас. КОлку топки им даде у раце....
Дибиров и Шишкарев неверојатни. Првиов конечно се распуца од 7метри и доста асистенции имаше, вториов убиец од игра. Една статива само погоди, другото без промашување. Ги утепавме со контри. Добрата одбрана си го прави своето. Плус Штербик со неколку одбрани кога највеќе требаше ги утепа Французите. Мислам дека видливи се последиците од светското и кај двете екипи, премногу технички грешки топки подарени буквално у рацете на противникот. Како и да е најважното е што победивме и сами ќе си одлучуваме за позицијата на табелата у директен дуел.

Комити одлично навивање !:aplauz:
 
Важно е дека тепавте....
Ако тепа утре РНЛ ќе одлучувате со нив..
Сепак би почекал до утре....
Тие Русиштата се многу опасна екипа,ако се распукаат Деревен,Житников,Ковалев и компанија,посебно ако ги потцени РНЛ како во Германија во првото полувреме,и да одат накурчени дека лесно ќе тепаат се бива...
.
РНЛ првото полувреме го играше без четири играчи од првата постава,затоа и тесно беше,Германците немаат јака клупа.
 
Momentalno ja gleam utakmicata i se ukluciv samo za da mu ebam sve nepismeno na Pero Momirovski.
Ja pokazuvaat zena mu na Dibirov u kadar i konjov vika zenskiot tim na Vardar odnosno onie sto ne otpatuvaa za Volgograd se tuka. Tatjana Hmirova. :facepalm:
 
Не е ова формата на тимот која што сите ја посакуваме и формата која што е потребна за да играме Ф4.Заморот некако е премногу присутен кај скоро сите играчи и тоа се виде уште на оние 3 утакмици од Сеха лигата,а и вечерва беше очигледно дека со едвај 60-70% од силите играат играчите.За среќа и во една таква ситуација победуваме и тоа вечерва со една пристојна разлика од 4 голови.Најкриво ми е за Брумен кој што беше најверојатно најдобар индивидуалец во првите 4 утакмици од групната фаза во ЛШ,а вечерва не можеше гол да даде...3/3 чисти промашени шутеви имаше. :( Цела среќа е што Шишкарев од натпревар во натпревар игра се подобро и подобро и успева во целост да го замени Брумен.Ќе излезе повеќе од одлично засилување русинов.(y) Првото полувреме денес беше фантазија.Одбраната одигра на високо ниво,Штербик скина неколку тешки шутеви кои за друг голман би значеле 100% примен гол,нападот исто како и одбраната одигра на високо ниво и се ова резултираше со предност од 5 голови на полувреме.Тука ја решивме утакмицата според мене и покажавме дека сме за класа подобри од французите.Второто полувреме почна премногу лошо.Таков старт против посериозна екипа би значел можеби и сигурен пораз без разлика на оние +5 од полувремето.Од ич нигде на уште не почнато полувреме што се вика Монпеље дојде до -2 голови,но за среќа на време реагираше Раул со тајм-аутот и не дозволи да се сруши се она што се градеше цели 30 минути.Од тој момент па до крајот работите се вратија во нормала и на крајот Вардар славеше победа која што ниту во еден момент не беше ставена под знак прашалник.Тимурчо денес заличи на оној играч од првиот дел од ланската сезона.(y) Ни срам ни перде...им зачука 12 голови без око да му трепне. :DОна што ме изненади се головите од пенал каде што имаше 6/6 или 7/7 погодени.Сфати изгледа дека е многу полесно кога пеналот се шутира едноставно,а не со некои обиди да погоди од земја и слично.Дефинитивно денес најдобар наш играч на теренот.

Атмосферата во првото полувреме беше добра,но далеку од онаа на претходните натпревари кога трибината беше полна.Во второто полувреме за нијанса послабо навивање и општо послабо ‘‘јавување‘‘ на останатиот дел од салата.Кога веќе се спомна ‘‘проблемот‘‘ за картите да кажам и јас збор-два за тоа.Колку што е едната страна во право толку е и другата,а губат многу и двете страни + губи Вардар.Секој што планирал да оди и да навива (без разлика на тоа дали станува збор за меч од Сеха или ЛШ) можел на време да си ја заврши таа ‘‘обврска‘‘ и сега да си свирка,но од друга страна па и потегот со 350ден карта не е баш исправен затоа што реално гледано губи и тоа многу групата и општо гледано трпи целата атмосфера во салата.Можеме ние да правиме муабет колку сакаме дека е подобро Х верни отколку Y дерби навивачи,но факт е дека е огромна разликата помеѓу 1.000 и 2.000 луѓе на трибина.Сеедно,мислам дека ќе се реши и овој проблем за натпреварите од нокаут фазата.
 
Momentalno ja gleam utakmicata i se ukluciv samo za da mu ebam sve nepismeno na Pero Momirovski.
Ja pokazuvaat zena mu na Dibirov u kadar i konjov vika zenskiot tim na Vardar odnosno onie sto ne otpatuvaa za Volgograd se tuka. Tatjana Hmirova. :facepalm:
Нема помутав коментатор од Перо. Значи НЕ ПОСТОИ ТАКВА ОСОБА НА ПЛАНЕТАТА!!!! Игорче за него е измислен.
Прво, најголем кобник е ликот.
Второ, одвратен е.
Трето, има ужасно познавање на спортот општо земено.
Четврто, ТРЕСЕ ЗЕЛЕНИ за сите пари на светот. Меша играчи, тренери, судиски одлуки... Судијата свирнал престап, овој вика фаул у напад, мислам страшно...
 
ГАЈИЌ МАЈМУНЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ГАЈИЌ МАЈМУНЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ

Прибак :cuc:

Се надевам дека приказнава ќе има среќен крај!
 
Od koga komitite se biletara?svasta

Сакав само да прашам од контигентот карти што го добиват гостинските екипи може ќе останат карти.
Толку ли е страшно тоа да се праша? Јас на пример појма немам како функционира тоа со картите за гостинските екипи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom