Ја како некој што има доста пратено хрватски ногомет и Хајдук, можам слободно да кажам дека Вардар вакво појачање нема донесено со години. Се разбира доколку ги повтори игрите во Загреб и особено во Хајдук зашто после заминувањето од Хрватска, никогаш не одигра повторно на приближно ниво. Но во Хајдук беше феномален, особено година кога влегоа во групната фаза од ЛЕ, а Ибро во решавачкиот меч со некои Румунци постигна два феноменални гола и една асистенција, и беше клучна фигура во триумфот. Инаку Мамиќ никогаш не може да си опрости што испушти таков играч како Ибричиќ, а му беше пред нос (додека играше за градскиот ривал Загреб) и си дозволи Хајдук да му го собере. Нешто што последниве 10 години многу ретко постои можност да се случи во Хрватска.
Верувам дека Ибричиќ има што уште да понуди бидејќи е во своите најдобри години, а сигурен сум дека уште многу брзо ќе ги освои симпатиите на нашата пребирлива публика, како што беше случај со Торцида и Сплит, каде му посветија графит како еден од 10те најдобри играчи во историјата на Хајдук. Штета само што оваа наша утепана управа не знае да собере поени на ангажманот на едно вака звучно засилување за наши услови. Кога ќе ми текне какви се странци имаат пројдено, сеуште не можам да поверувам дека Ибро ќе биде дел од Вардар...