Гледам сум дигнал прашина со постот. Прво, фала
@wiksa што се обидуваш да ме оправдаш иако не треба
За другите кои ги заборавиле или помешале моите постови ситуацијата е следна. Морам да објаснам, јбга, нема друго, најмалку сум тука да промовирам нешто или да заебам. Само споделувам искуство.
Во почетните мои постови спомнав стан од 50+м2 плус доградба од 25м2, кој беше греан од 3 панелки со вкупна моќност од 4KW. И во тој стан имам ставено екстра надворешна изолација, од причина што од 3 страни бев изложен на надворешни влијанија. Е таму најголема сметка, само еднаш ми дојде беше 9000ден. Инаку околу 7000 била. За доказ ќе ги побарам тие стари сметки и ќе ги приложам.
Сега сум во стан од 35-40м2 (значи целокупниот простор го греам) каде немам ставено надворешна изолација, ама на едниот најизложен ѕид на промаја и надворешни влијанија имам ставено гипс-картон со минимално тервол, ... не сум сигурен ама не е повеќе од 2цм. Станот е отворен, освен тоалетот нема други ѕидови. Спалната е поврзана со дневната и има врата која се затвара само кога има гости. Нормално, ПВЦ прозори и врати за на балкон. Еден дел од станот “виси“(1м) и нема никаква изолација под него.
Е сега со деталите за греењето. Клима немав уклучено повеќе од 1 месец, бар пола Декември и тек сега последниве денови од Јануари ја вклучив. Значи само овој период беше ОФФ панелката, кога температурите беа над нула и се греев на клима (обична БЕКО). Значи само на панелка е греењето. Друга работа која е пропуштена од вас е дека сум страшно дисциплиниран во врска со уклучување на модулот на работа на панелката. Кога не сме дома, на раб или излезени, обавезно ја ставам на економично греење (таа месечинката). Секогаш стои на 5 на потенциометарот. Можеби некогаш на 4,5 ама да не навлагам толку во детали. Температурата е да бидеш по кратки ракави, па дури и гол ако сакаш
. И не е ставена на удар на климата, иако не ми текнало дека и ова може да ми помогне
фала за советот за следната зима
Во целава ситуација ми помага и загревањето на цевките од топлификација кои проаѓаат низ станот, вкупно на 3 места. Но затоа си плаќам паушал од 350 месечно.
И за крај, секој ден по еден бојлер од 80л, кој служи и за туширање и за миење садови.
Можда некој ќе каже како тоа само еден од 80л за се', ама тоа ми се потребите, двајца сме, и колку може садови да имаме за миење? Едно тенџере со 4-5 чинии?
Тоа се моите трошоци и потреби. Ако треба некакво дообјаснување, ќе споделам, но мислам дека добро ја доловив сликата.
П.С. Никогаш, ама никогаш нема да кажам дека инвертер не чини или дека е поскапо греењсето со него. Напротив, секогаш во муабет сугерирам на луѓе инвертер, ама повеќето едноставно немаат доволно толку за да вложат. И јас би ставил, сепак оваа панелкава ми зафаќа простор.[DOUBLEPOST=1422947211][/DOUBLEPOST]
Денес добив сметка за струја нелогично мала од она што стварно ми е потрошена за пола декември-јануар вкучително и ладните денови. Сметката е едвај 15% од тоа што реално имам потрошено(и запишано), додека па комшијата доби 100% поголема од тоа што има потрошено дури 600KW до ден денес нема потрошено од тоа што му го имаат ставено во сметката.
Се јавувам во ЕВН и добив одговор дека воопшто не е вршено читање на броилата туку дека е тоа некој тзв машински паушал и дека по закон (вероватно нов) ЕВН не се обврзани да вршат месечни мерења на броилата туку само еднаш годишно да вршат контрола !What the fu***....
Има ли некој правник тука да го потврди ова ?
Потоа пак се јавив за да кажам колку имам потрошено за да извршат корекција на сметката која они треба да ја одобрат или одбијат во рок од 7дена и да ми јават на телефон.
Значи ли ова дека од сега сами ке треба да си ги читаме броилата и за секоја нелогичност во пресметката да бараме исправка која може и да не се одобри?
За ова обавезно да си ја корегираш сметката!!!
Им се случува понекогаш ваков кикс, кој јбга, мораме саи да го корегираме, инаку ќе ти дојде поголемо оптоварување на домашниот буџет следниот месец. Тоа е тоа, ќе се маткаме по шалтери само да не останеме без лебот на маса. И јас сум го правел тоа, а вероватно и ќе го направам ако приметам пак.
Со лесно