Ќе си го пренесам коментарот од темата за Премиер лигата, пошто таму најмногу ја дискутиравме проблематиката.
Коментарот на @@ManUtdChampions кажува се, комплетна спортска тв. Гајле ми е и мене за српки коментатор, не сакам бе пред утакмица како згрешен да вртам 100 стримови, дур да најдам некој салам шо не кочи, со мизерна слика, да испуштам третина утакмица заради тоа, посебно за викенд кога ионака се успорува нетот.
И шо на кур ќе плаќам и кабелска и МТВ месечно за да гледам што, посрани бугарски и третокласни странски канали и нашиве срање телевизии.
А коментарот за српските коментатори и некаков патриотизам ми е патетичен, со оглед дека на нашиве т.н национални канали повеќе од 50% од програмата е на спрпски јазик.
И на крај краева, владата дава милионски суми на националниве телевизии за нивните дебилни реклами и кампањи, МТВ дава ракомет а на полувреме те бомбардира со пропаганда трето дете и сл, да ти се одмили тоа што го гледаш.
Па не може да ме убеди никој дека државата нема пари да склучи посебен договор со матичниот СК (унгарски или што и да беше) за преземање програма со македонски коментатори. И не мора да биде со посебно студио и емисии како србите, доста е само мак.коментатори на утакмиците, па нека ги пуштаат и таму нивните пропагандни реклами на полувреме, ете им ќар и нив.
Ама не, најлесно е да забраниш нешто наместо да пробаш да го решиш проблемот.