Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Јефто
  • Време на започнување Време на започнување
http://www.avmu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1997:2015-01-29-09-52-50&catid=88:soopstenija-media&Itemid=313&lang=mk Дали оваа значи дека и преостанатите канали од Фокс групацијата ќе бидат исклучени за време на викендот ???

Па да, агенцијата за цензура работи со полна пареа.

Според ваквите идиотизми од страна на АААВМУ, FOX каналите треба да се емитуваат со бугарски преводи и реклами, а Спорт Клуб каналите треба да се емитуваат на романски јазик.

Тоа што е нејасно, е зошто воопшто АААВМУ не прифаќа регистрирање на истите овие ТВ канали од Србија, наместо од Бугарија и Романија ?

Одговорот е едноставен - македонските телевизии се плашат од вистинска и сериозна конкуренција, па затоа мора да се укинат сите ТВ канали кои претставуваат вистинска и сериозна конкуренција за турските и индиските идиотизми, како и за владините реклами и документарните филмови нарачани и платени со народни пари.
 
Ќе ги гасат ФОКС??? Е сеа и стапнаа на жуљ на мајка ми, ќе им го расплаче мамичето :D
 
Може да се организира некој протест против ова немаат ваљда право да се изживуваат вака со нас
 
http://www.avmu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1997:2015-01-29-09-52-50&catid=88:soopstenija-media&Itemid=313&lang=mk Дали оваа значи дека и преостанатите канали од Фокс групацијата ќе бидат исклучени за време на викендот ???
:popce::popce::popce:
Сешто, сешто!
Немам понатаму зборови. Што и да се рече од кој било би било напразно :unsure:
 
Мислам очигледно е што е намерата, ама и во овој случај, како и претходно АВМУ правно се поставува како бранител на правата на Романското и Бугарското претставништво на телевизиите. Дури и да бевме во ЕУ, АВМУ пак би немала ингеренции да им бере гајле како нашите оператори комуницираат со претставништвата.
Ама супер е ова, ќе им згазнат на нервот на илјадници нови луѓе. Илјадници нови освестени и револтирани за лошата домашна програмска шема која се плаќа преку реклами со наши пари и за цензурата во државата.
 
One ми одговори на порака, во врска со FOX каналите:
[DOUBLEPOST=1422551505][/DOUBLEPOST]Истото важено најверојатно и за SK каналите:
 
Знаат дека ни требаат поише Зорица Брунцлик, Фатмаѓул и реклами за трето дете во животите.
Добро размислуваш, ама не е целосно точно.
Они намерно вака ги гасат сите добри канали, ама за да нема навечер шо да се глеа и сите да си легнуваат у 9 ко порано. А коа ќе си легнат се знае шо се праи, и ооооооп ете ти зголемување на наталитетот :icon_lol:
 
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги тврди дека понудата на странски канали ќе биде контролирана и дека од почетокот на следната година нема да има можност да се емитуваат канали кои емитуваат програма различна од потпишаните договори...
Најдов интересен текст поврзан со агенцијата, вреди да се прочита:
http://proverkanafakti.mk/bitka-za-pochituvanje-na-zakonite-ili-za-reklamniot-kolach/
 
FOX од вечерва се враќа во Македонија

Од вечерва големите кабелски оператори во Македонија ќе ги вратат во етар претходно укинатите каналите Fox, 24 kitchen, Sport klub 1, Sport klub 2, Sport klub 3. Како што вели за Плусинфо директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, постигнат е договор со раководството на Fox за реемитување на каналите кои се даваат за англиското говорно подрачје.

- Веќе во понеделник и писмено ќе бидат известени кабелските оператори. Сите оператори кои реемитуваат сигнал во Македонија од пакетот на FOX имаат обврска до крајот на февруари да го решат овој проблем. Сите оператори во земјава беа известени и започнаа со постапка за оваа проблематика уште пред почетокот на јануари. Со стариот закон за реемитување тие можеа да емитуваат одред дел од програмската содржина. Се случуваше пакетот кој е за Србија или Бугарија заедно со рекламниот простор да се емитува и кај нас. Со новите законски измени тоа не може - вели Трајчевски.

Во извештајот на АВМУ се вели дека 35 од операторите на јавните електронски комуникациски мрежи вршеле реемитување на сервиси спротивно на одредбите од Законот за аудио и аудио визуелни услуги, без дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, туку со дозволи од други држави.

Притоа се констатира дека во дозволата за телевизиско емитување на овие програмски сервиси не е наведено дека може да се реемитуваат во српска верзија како што се практикува од 35 оператори и со решението од 27 јануари безмалку сите оператори се опоменаа и се бараше да се исклучат програмите сè до завршување на процесот, односно до обновување на дозволата за реемитување во Македонија.

Извор: plusinfo.mk
 
Ако ова значи дека на каналите нема повеќе да гледаме српски реклами, а и понатаму ќе бидат со македонски превод, тогаш ова е одлична вест.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom