Нема веќе да се емитуваат каналите на СпортКлуб во Македонија

Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.302
Поени од реакции
1.775
Ете во Охрид на Инфел КТВ ја нема повеќе спортклуб . Да ти се посерам и во држава и во ваквиве агенции што ги водат неписмени луѓе со кравати ! Овие од Ѕинго 2 години даваат филмови на индиски , пинкове звездице, гданд шоу на канал 5 , нив не ги чепкаат мораше по спортов да удрат на тие канали што ги гледа повеќе од пола македонија !
Јанглаш си, ја имат. Прескенирај ги каналите. Ги немат фоксојте и национална географија.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
И 15 ти Февруари дојде а СК уште ги нема, а од утре ќе ги исклучат и сите канали што ги даваа беспалтно како демек замена за СК....
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Si staiv dreambox odamna jas, ako cekav na imbecilive... nit fudbal ke gledav nit nisto.
Ne znam so ocekuvate od ovaa zemja na idioti...
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Да новите се хрватски, а што нај интересно и на овие даваат македонски реклами :D

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Да новите се хрватски, а што нај интересно и на овие даваат македонски реклами :D

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Ехе, од кога почнаа со МК ЕПП на СК ХР... Само не знам кој им е планот на АВМУ со оваа работа? Ќе се помират со ова или не? Или пак во овој материјален свет ќе бидеме оневозможени од ова,, уживање" наречено Спорт Клуб?
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Ехе, од кога почнаа со МК ЕПП на СК ХР... Само не знам кој им е планот на АВМУ со оваа работа? Ќе се помират со ова или не? Или пак во овој материјален свет ќе бидеме оневозможени од ова,, уживање" наречено Спорт Клуб?
Ке биде кога ке се смени владата, овие така наречени агенции ке заминат во историјата и нема да се глупираат и да не масираат кој реклами смееле кој не

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Ехе, од кога почнаа со МК ЕПП на СК ХР... Само не знам кој им е планот на АВМУ со оваа работа? Ќе се помират со ова или не? Или пак во овој материјален свет ќе бидеме оневозможени од ова,, уживање" наречено Спорт Клуб?
Главниот проблем на АААВМУ околу Спорт Клуб каналите беше лиценцирањето, а не рекламите.

Лиценцата беше бугарска, но каналите беа српски и тоа мораше да се поправи.

Решението беше вадење на лиценца за хрватските Спорт Клуб канали.

А кога сме кај македонските реклами на странски ТВ канали, тоа баш и не е нелегално, а доколку АААВМУ го забранува тоа, тогаш таквата забрана мора да падне на Уставен Суд, бидејќи македонските компании имаат законско право да соработуваат со странски компании, во спротивно не би имале никаква телевизија и никаков телевизиски сигнал во Македонија, бидејќи ако добро помнам, во Македонија нема производители на телевизиска опрема, со исклучок на производителите на антени.

Всушност, ако добро помнам, и автомобилите, автобусите, камионите во кои се возиме, фиксните и мобилните телефони кои ги користиме, брусалките, бормашините, штрафцигерите и бројните други алати и производи од електричен и друг вид, па дури и компјутерот преку кој го објавувам овој коментар, исто како и модемот преку кој се поврзувам на Интернет за да пристапам до овој форум, сите се од увоз, бидејќи не се произведуваат во Македонија.

Па како што на странците им е дозволено да продаваат свои производи во Македонија, така и на Македонците им е дозволено да продаваат свои производи во странство.

Рекламата исто така е еден вид производ, поконкретно маркетиншки производ, кој смее да се продава во странство.

Доколку АААВМУ има некаков проблем за ова, нека си ја бараат правдата на Уставен Суд, па ако Уставниот Суд пресуди во корист на забраните на АААВМУ, сепак после ќе им се врати друга пресуда како бумеранг на меѓународен суд за трговија.

Шител, Анал 5 и останатите како нив, нека си ги подобрат своите програмски содржини, наместо да бараат виновници во Спорт Клуб каналите и во другите странски телевизиски канали.

Ке биде кога ке се смени владата, овие така наречени агенции ке заминат во историјата и нема да се глупираат и да не масираат кој реклами смееле кој не

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Тешко дека ќе го гледаме тој филм во блиска иднина, без разлика дали ќе се смени владата или не.

Денешната Агенција за аудио и аувиовизуелни медиумски услуги (АААВМУ) е директна наследничка на поранешниот Совет за Радиодифузија (СРД), кој исто така беше регулаторно тело со овластувања врз македонските електронски медиуми, со исклучок на Интернетот. Разликата помеѓу поранешниот СРД и денешната АААВМУ, е во тоа што АААВМУ има овластувања не само врз електронските медиуми - со исклучок на Интернетот - туку и врз печатените медиуми, и се разбира, има многу повеќе и поголеми овластувања со кои може не само да им ја отежни, туку буквално да им ги загорчи и работата и самото постоење на македонските медиуми.

Бидејќи АААВМУ, исто како и СРД, во суштина не се занимава со ништо продуктивно за македонското општество, туку исто како и УЈП и инспекциските служби постои исклучиво за издавање на казни, како и за партиски вработувања, повеќе од сигурно е дека без разлика кој ќе ја формира идната влада, АААВМУ и понатаму ќе постои и понатаму ќе продолжи со својата непродуктивна работа.

Истото важи и за радиодифузната такса, која постоеше и пред доаѓањето на актуелната влада на Република Македонија на власт.

Тоа што актуелната влада на Република Македонија го направи, беше префрлување на наплатата на радиодифузната такса од рацете на МРТВ во рацете на УЈП, за радиодифузната такса да биде третирана како данок, со што УЈП ќе има право да ги блокира трансакциските сметки, да им одзема пари и да им конфискува имот на тие кои не ја плаќаат радиодифузната такса.

Исто како што и АААВМУ ќе продолжи да постои и во иднина, така и радиодифузната такса ќе продолжи да постои и во иднина, и ќе продолжи да се наплаќа преку УЈП како данок, бидејќи не постои таа влада на која не и се слатки партиските вработувања и рекетирањето на граѓаните со казни и даноци.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Значи, гз во скоро време што ке ги слушаме србите пак на СК ? :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom