Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Ептен интересна приказна има Big Eyes ама реализацијата е доста слаба. Веројатно подобро ќе беше да беше обичен драма филм, а не екцентричноста на Бартон.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.983
Поени од реакции
37.261
Како само ме извозија Иксмениве, од крајност во крајност! По секој катастрофа филм следуваше одличен. Days of Future Past дефинитивно беше врвот! Подобар од First Class кој исто така ептен ми направи мерак. Пред само 2 недели не ни помислував дека може да постои друг superhero филм кој ќе добие 9/10 од мене, но за многу работи сум се излажал во животов. Колку само изгледаше се замрсено со сите тие prequel-и и sequel-и во серијалот па во овој последниов и time travel - очекував во секој момент да се сопнат на некоја ситница и цел универзум да се урне во вода. На пример
кога Вулверин се врати во седумдесетите и го видов Професорот како оди, а знаеме сите како заврши First Class, прво што помислив ми беше дека конечно направија грешка.
И пак ме заебаа... За се имаат „разумно“ објаснување!
Days of Future Past за X Men е микро верзија на она што беше The Return of the King за Lord of the Rings - круната, јаготката на шлагот! Морам да признаам дека не ми беше јасна номинацијата за Оскар за филмов, но да го гледав пред објавувањето на номинациите, дефинитивно би посакал уште номинации. „Одличен филм“ е премалку! :cuc::cuc::cuc:
 
B

Blade Torch

Гостин
Иако многу луѓе ги ставаат двата филма на Вил Смит во ист кош , јас баш ги разделувам комплетно . Pursuit of Happyness e ремек дело ,ти покажува колку срање може да е животот и да ти даде неспособна жена која само ти кења над главата како ги нема луксузите кои и ги ветувале без притоа да го мрдне *бениот црнечки газ и да направи она нешто како за промена . Навиваш за главниот лик и ги доживуваш неговите емоции и буквално прославуваш со него во победата.

Од друга страна , Seven Pounds е филм што игра само на картата емоција , изигравање хероизам за туѓа среќа. И толку . Која глупост . Небо / Земја разлика се филмовиве.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Повелете една легендарна сцена од македонски филм :D

 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Before I go to sleep (2014)...
Просечно трилерче, клише приказна, ништо импресивно освен глумата на Никол Кидман којашто го вади филмов...Нејзе и прилегаат морничави улоги, но не вакви слаби трилерчиња...Во The Others се надмина себе си ама тоа беше филмиште...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733
Колку добар филм The Reader... WW2 stuff always gets me. Многу, многу добар. Не знам како до сега никаде го немав прочитано/сретнато а гледам се зборел на форумов.
Иначе филмот го дознав преку TasteKid, веб страна на која што и пишуваш филмови (има и за музика, книги, игри...) што ти се допаднале и ти дава предлози кои би требало да ти се допаднат.
Ја знам одамна ама мнгоу малце ја користев, деновиве ми текна па еве се покажа доста успешно во овој случај. Малце потклекна за Burn After Reading though.
Избегавам кина, уште немаат Македонците култура за во кино да се доживее филм.
Ова е погрешна претпоставка. Досега во Cineplexx немам ниту една замерка за публиката, освен на Hotel Transylvania и The Lego Movie, деца, разбирливо.
Веќе 2ипол месеци го даваат Interstellar, не верувам дека ќе има гужви. Одбери бош ден, одбери бош време и оди гледај го, не глуми лудило.
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Колку добар филм The Reader... WW2 stuff always gets me. Многу, многу добар. Не знам како до сега никаде го немав прочитано/сретнато а гледам се зборел на форумов.

Ова е погрешна претпоставка. Досега во Cineplexx немам ниту една замерка за публиката, освен на Hotel Transylvania и The Lego Movie, деца, разбирливо.
Веќе 2ипол месеци го даваат Interstellar, не верувам дека ќе има гужви. Одбери бош ден, одбери бош време и оди гледај го, не глуми лудило.
Aww
До ТОЛКУ е добар?
Аjде штом така, во петок ми завршува испитна, па после тоа ке гледам да одам
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
dali Blue Velvet, Lost Highway i Mullholand drive se povrzani i treba da se gledaat po redosled ili nema vrska ?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Ништо ако е до среда :(
Нема коj да полага еволуциjа место мене...

Anyone...? :(
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
dali Blue Velvet, Lost Highway i Mullholand drive se povrzani i treba da se gledaat po redosled ili nema vrska ?
Нема врска, иако јас баш по тој редослед ги гледав. Имаат некоја заедничка нишка, во поглед на атмосферата и темите кои ги обработуваат, но приказната не е поврзана.
 
W

wicked_1

Гостин
dali Blue Velvet, Lost Highway i Mullholand drive se povrzani i treba da se gledaat po redosled ili nema vrska ?
Lost Highway i Mullholand se bliski po struktura i kompleksnost ama ne se povrzani, spored mene Lost Highway e najpotcenet od ovie. Blue Velvet e relativno polesen film, ke primetis nijansi na betmenski joker u likot na Denis Hoper. :)))
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom