Македонија-Словенија 25.01. 16:30 h(1/8 финале на СП)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomasino
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе се пласира во четвртфинале?


  • Вкупно гласачи
    180
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Еден Шкоф го направивме Ландин, па за Шариќ. Дај не бидете после војна генерали, можевме без проблем да ја добиеме Словенија да имавме нешто налик голман на гол.
Пази да не ќе имавме фер судење против Катар како денес.
 
Абе беај, со ваков тим никаде не се оди, ич не се константи, на еден натпревар ќе изиграат прејака одбрана и прејак напад, голманите ќе се раскапат од бранење и после на следна утакмица тотално се разорачуваш, значи го немаат она континуирано темпо за да не направат толку моќни за да тепаме во нокаут фазите, има квалитет ама никако да се поклопат коцките како што треба.
Хрвативе коментираа слично како тебе пред некој ден како тебе ...Премногу имаме непостојаност било во кој елемент а за тоа они одговори ја е дека сме премногу физички слаби,тоест кондициски паѓаме одма ...Физички паѓаш,паѓаш и психолошки што би било разбирливо.Изгледа треба тука многу да се разгледа овој проблем.Обрван е добар,а треба да остане,менување ќе влоши состојба само повеќе.
 
Најлошата утакмица на првенството ја изигравме баш во 1/8 финалево против Словенија, реално Словенците изиграа слабо ама ние изигравме очајно. Голманите ништо не фатија а нивниот баш се разбрани, 2/6 имаме од 7м што сакате повеќе ? Ете кај се +4 гола, плус еден куп зицери изнапромашија во нападот.. комотно можевме да го добиеме натпреваров со 3-4 разлика.

Французиве ќе ги наполнат Словенците во 1/4 финале ама барем си остварија квалификации за олимписки игри.
 
Ич не сакам да ги серам оние ко придонесоа за тоа да играме денес, каде што впрочем и изгубивме, но по мое, ептен никаква одбрана од страна на голманите, жими на крај Диви 2 колку шо пресметав, кој пак од друга страна џабе истото, кога клучните напади не ги реализиравме.

Особено оние минути исклучување кај Словенциве, мораше да ги реализираме некако подобро. Катастрофа бевме во тој поглед. Катастрофа бевме и во зицерите и во пеналите. Повеќе сами се победивме и речиси секогаш ми е многу повеќе мака кога баш на овој начин отпаѓаме. Ич немаше да ми биди криво да не посереа Словенциве, со максимална доминација, да осетевме дека не сме репрезентација која може да се носи со нив, а вака............сами си го мавнавме саторот.

Башка крајот стативите и пречките..........то е.

Нивниот голма си ја реши утакмицата. То е то.
 
Кога пишувате дека со Катар ќе беше полесно, ми иде да му ја земам на Стуи Грифин временската машина и да се вратиме три дена уназад, да видите дека со ваква игра ќе загубевме и од нив.
 
Голманите, одбраната, немањето среќа, промашените седмерци... кога се ќе се собере, не заслуживме 1/4 финале. Јас сум задоволен и со ова, би бил задоволен и со константно учество на ЕП и СП во ракомет и кошарка (и дај боже фудбал), па макар би завршувале и последни. Битно е да се вртиме во близина на елитата :)
 
Се покажа дека е грешка што отидовме на Словенија.Катар се намачи со Австрија.
Но како викаат паметниот калкулира,глупиот не.
Ете ни ја Словенија.Држава со традиција во ракометот,ке не победеше и без милион стативи.
 
АЈ па некој од овие што не глеал ракомет, ти па каде со ваква реченица?

На ова ЕП напреднавме ненормално за наш стандард во поглед нападот. Конечно ги вработивме крилата. Сеа тоа што немаме лев бек шутер а Наумче е искршен и не може да биде подвижен ко Словенциве е друг муабет.

Со овие играчи кои ги имаме на располагање во нападот имавме напредок во однос на минатото. Со тие играчи толку можеш. Првично заебаа голманите и одбраната.
Сакав да допишам за крилата, точно е дека имаме нешто ново ама сржта на тоа шо го зборев е што се плашиме да нападнеме побрзо дури и на крајот на утакмицата денес тоа ме изнервира барем да побрзаме до 9 метри па после да запреме. Денес многу пати неможеа ни да се заменат оти Словенците одма трчаа напред, Мојсо остануваше назад и незнаеше која му е позицијата. Многу аматерски грешки, ама играме бавен ракомет и тоа е тоа.
 
Добро сеа не може да очекувате ништо да не фати Шкоф ама 3 да не фатеше или да не беа пречки, стативи, утки ЌЕ тепавме....
 
Кога пишувате дека со Катар ќе беше полесно, ми иде да му ја земам на Стуи Грифин временската машина и да се вратиме три дена уназад, да видите дека со ваква игра ќе загубевме и од нив.
Џабе збориш, најаки ми се што пишат демек не сме калкулирале :icon_lol: :icon_lol: ова фудбал е па ќе го срозеш домаќинот иако е без вода у очи.
 
Кога шутираат пенал наместо Борко да го стават да брани, овие другиов го ставаат. Рипа со раце, нозе, лево десно, демек ќе оттргне внимание, а уствари сите голови ги прими.

За тоа што изгубивме, криви се дресовите. Белите не ни носат среќа:D

Иначе, како и да е, јас сум задоволен од нашите и од тоа како беше одиграно до сега.
:)
 
Сакав да допишам за крилата, точно е дека имаме нешто ново ама сржта на тоа шо го зборев е што се плашиме да нападнеме побрзо дури и на крајот на утакмицата денес тоа ме изнервира барем да побрзаме до 9 метри па после да запреме. Денес многу пати неможеа ни да се заменат оти Словенците одма трчаа напред, Мојсо остануваше назад и незнаеше која му е позицијата. Многу аматерски грешки, ама играме бавен ракомет и тоа е тоа.

Тоа со немањето полуконтра и брза транзиција, секако, сите се согласуваме.

Баш тоа е дел кој заедно со класа константен голман не дели од овие репрезентации во повисокиот ранг.

Ама за тоа ти треба играчи кои играат во два правца, се дури правиме две измени задолжително, т.е. се дури играат и Наумче и Кире, нема брза транзиција.
 
Да бе све нас голманите ни се криви или судиите, а тоа што Велко и Ацо па и Столе го негде излагаа од патики у одбрана нема врска. :cenzura:
 
И јас генерално имам доста позитивно мислење за Обрван, ама денес конкретно не знам како можеше да игра со тројца слабо подвижни во одбрана против брзиот Словенски напад, стварно не ми е јасно...
 
Ние си ојдовме шо си ојдовме ајмоо Хрватска!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom