Ај да се умешам, иако често сум знаел да го испукам Рики и no offence ама ако би бил админ еден ден би те банирал од музика (Крајност, те почитувам како човек, не те почитувам со делот за музика).
Исто и делот за кој безрезервно се бориш, Чорба пресветиот пред многу години во една така по позната песна рече: За идеале, гину будале. И другарот Тито го пикна во затвор.
Поминаа многу години додека сфатив колку бил во право. Често влегувам во конфликти за музика. Ама скоро секогаш имам некој издржан став. Посебно кога се споредуваат изведувачи од некој сличен/ист жанр за кој што имам поголемо познавање.
Извини, во турбофолк, не сум нашол ниту еден толку добар текст, не сум нашол добар аранжман, не сум нашол мелодија. Сум нашол квази rip off на германско техно бит или happy hardcore, сум нашол воземјански силовања на сајзер додека се свират народњачки ноти. Не, лошо звучи. Ако некој нешто упорно ти пропагира нешто, не значи дека мора да го прифатиш или купиш.
Сум се движел со различни луѓе, металци, панкери и останати стереотипни суштества во тип на: наркомани, насилници, штотикурзнам се уствари најфини луѓе. А знаеш ли каде најмногу тепачки се дешавале? Свесен си дека ќори пијани металци и тие шо се шминкерите по тф локали се две различни нивоа? Свесен си дека вторите се далеку поопасни да ги сретнеш на улица кога се пијани? (првите најмногу што ќе ти направат е да те замолат за цигари пошо останале без пари ама секогаш ќе споделат чашка со тебе) А другите ќе ти акнат стереотип: беај бе наркоман. Додека самобендисано си го мерка сакото.
Така да, ако веќе ги класифицираме луѓето по музиката и ако и ти си дел од горенаведените, сериозно ми е жал. Секогаш има исклучоци, но сепак, и ние сите сме хејтерите така? Хејтери пошо не ја можеме ќелавицата кој шо не можам да го глеам пошо ми се повраќат секогаш.
За вкусови не се разговара, а уште помалку се расправа. Ако ти тоа го сметаш како уметност, како совршенство, што и да е, „проповедај“ го, но не го наметнувај. Еден ден ќе наидеш на разбирање, а останатите ќе се хејт. Get used to it, ама ипак запомни: За идеале, гину будале...