LordDragonII
Dr.Strangelove
Ак мене ме најдовте, се е е турбофолк.
Дури и скопско темно...
Дури и скопско темно...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Очигледно е дека токму јас сум тој кој ја отвора темава од веќе познати причини, па сега кога го спуштам штитот, сакам чисто да продискутираме за феноменот при кој на форумов, а и пошироко, опстојува (и се зголемува) потребата да се докаже која музика е подобра и дека другите што слушаат различна музика се поглупи од нив. Буквално поглупи, јасно и гласно искажано и сугерирано од многу ликови.
Акцентот на дискусијава би сакал да го ставам токму на она што го пишува во насловот, поточно вториот негов дел. Имено, факт е дека сите имаме различни вкусови за музика, а тоа со себе повлекува емоции при кои оние изведувачи кои се сосема контра на она што му се допаѓа на индивидуалецот, предизвикуваат нервоза кај него и таа потреба која ја спомнав да тој го искаже истото преку негативни коментари кон фановите на таа музика кои понекогаш потекнуваат од стереотипни предубедувања. Лично, немам ништо против првиот дел, и јас имам некои музичари кои не ги сакам воопшто и не сфаќам како некој може да ги слуша, но често се воздржувам од коментари против нив. Сепак, слобода на говор е да изразиш незадоволство од одреден музичар, тоа никој не може да го брани. Но, имам многу против тоа кога омразата се пренесува врз љубителите на музиката, кога „тој што го слуша ова треба да се обеси“ и знаете какви се други коментари, коментари при кои директно се навредувани и омаловажувани луѓето поради нивниот избор за музика, музиката која е нешто без кое ниеден човек не може да живее.
Моето прашање до вас е, зошто? Зошто не можете да ги оставите луѓето да си слушаат што сакаат? Зошто мора да се мешате во нивниот личен избор? Зошто мора да го навредувате човекот поради одлуката која тој ја донел, одлука која е приватна? Зошто кај вас постои таква потреба да му го наметнете на некого вашето мислење? Зошто мислите дека некој вреди помалце од вас поради тоа што слуша музика која вие ја сметате за неквалитетна? И најважно од се, зошто сакате да му забраните на некој да слуша нешто што навистина му ја исполнува душата, што му прави да пројде низ среќни и тажни моменти во животот, исто како и вие што поминувате низ такви моменти со вашата музика?
Запаметете дека пред се, сите сме луѓе и доколку не си ги цениме меѓусебните разлики, па отидеме до степенот каде би пробале да ги елиминираме разликите, ќе станеме ништо освен копии со исто размислување и без никаква разновидност, една досадна сива позадина во која сите ќе се претопиме и ќе го преземеме првиот чекор кон апсолутна монотоност во нашата иднина на овој свет.
Ги чекам размислувања, тролањата и најлајкуваниот духовит коментар![]()
@mackica92 - Тоа што го постираше во објаснение на Рики и неговиот вкус, може многу лесно да се употреби против било кој жанр на музика. Не, сериозен сум, баш на било кој жанр. Дали дека истата не е инструментално живописна доволно или дали текстотовите им се живо срање. Секогаш ќе има спротивставени мислења. И тоа со класичната музика е исто така претеризам, ако земеш в превид научни студии кои нашле подеднакво или поголема комплексност и богата инструментализација во одредени метал или електронски композиции. Обожавам и јас класична музика, ама не ја ставам на пиедестал по квалитет. Ете ти, и многу други имате поинакви мислења (а и вкусеви).
Патем, истите музички професионалци и академици кои ги спомна, му дадоа Греми на Џастин Бибер.
Just sayin' love. Just sayin'.