Разликата помеѓу хејтот кон изведувачот и хејтот кон фановите

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да се умешам, иако често сум знаел да го испукам Рики и no offence ама ако би бил админ еден ден би те банирал од музика (Крајност, те почитувам како човек, не те почитувам со делот за музика).
Исто и делот за кој безрезервно се бориш, Чорба пресветиот пред многу години во една така по позната песна рече: За идеале, гину будале. И другарот Тито го пикна во затвор.
Поминаа многу години додека сфатив колку бил во право. Често влегувам во конфликти за музика. Ама скоро секогаш имам некој издржан став. Посебно кога се споредуваат изведувачи од некој сличен/ист жанр за кој што имам поголемо познавање.

Извини, во турбофолк, не сум нашол ниту еден толку добар текст, не сум нашол добар аранжман, не сум нашол мелодија. Сум нашол квази rip off на германско техно бит или happy hardcore, сум нашол воземјански силовања на сајзер додека се свират народњачки ноти. Не, лошо звучи. Ако некој нешто упорно ти пропагира нешто, не значи дека мора да го прифатиш или купиш.

Сум се движел со различни луѓе, металци, панкери и останати стереотипни суштества во тип на: наркомани, насилници, штотикурзнам се уствари најфини луѓе. А знаеш ли каде најмногу тепачки се дешавале? Свесен си дека ќори пијани металци и тие шо се шминкерите по тф локали се две различни нивоа? Свесен си дека вторите се далеку поопасни да ги сретнеш на улица кога се пијани? (првите најмногу што ќе ти направат е да те замолат за цигари пошо останале без пари ама секогаш ќе споделат чашка со тебе) А другите ќе ти акнат стереотип: беај бе наркоман. Додека самобендисано си го мерка сакото.

Така да, ако веќе ги класифицираме луѓето по музиката и ако и ти си дел од горенаведените, сериозно ми е жал. Секогаш има исклучоци, но сепак, и ние сите сме хејтерите така? Хејтери пошо не ја можеме ќелавицата кој шо не можам да го глеам пошо ми се повраќат секогаш.

За вкусови не се разговара, а уште помалку се расправа. Ако ти тоа го сметаш како уметност, како совршенство, што и да е, „проповедај“ го, но не го наметнувај. Еден ден ќе наидеш на разбирање, а останатите ќе се хејт. Get used to it, ама ипак запомни: За идеале, гину будале...
Сигурен сум дека не ми го прочита последниот пост на темава, сврти една страна поназад и прочитај го цел, ќе видиш дека џабе си пишувал добар дел од постов, особено последниот пасус :)
 
Сигурен сум дека не ми го прочита последниот пост на темава, сврти една страна поназад и прочитај го цел, ќе видиш дека џабе си пишувал добар дел од постов, особено последниот пасус :)
Сите такви муабети кажани (да, сеа го прочитав) да умрат овие оние вакви такви, се во афект. Ние копилињата металски, панкерски, раперски наркомани и останато сме секогаш такви садисти и на сите што ни пречат им посакуваме смрт или нешто слично. Металците посебно имаат тенденција да жртвуваат некого во името на сатаната.

Настрана заебанцијава. Хејт е хејт, ако јас сум се накурчил на нешто, ти го браниш истото, тогаш ти си му штит. Ако сакам да го напаѓам морам да го скршам штитот, значи ќе се осврнам на тебе прво па ќе продолжам натака. Секогаш е исто и од секогаш било така.

Едноставно ти кажав, проповедај го тоа што го сакаш. Исто како мене, слушам музика со по некогаш и 200 views на јутјуб, али ја сервирам и некој ќе ја кликне, а некому ќе го заинтересира. Не можеш да одиш „ АААА шо е ова, не знаете шо е музика, ау, овие наркоманиве ги слушате“ и остала срања.
Ете може ти не си од тие, ама има многу такви. А знаеш она, секогаш се генерализира и затоа секогаш се напаѓа гужвата, а не поединците.

Друго немам што да ти кажам, турбофолкот не знам дали да се забрани, но дефинитивно да се намали неколку кратно. Турски серии треба да се забранат
 
Турбoфoлкерите кaлимерoвци...
Амa и рoкерите, метaлците мнoгу се лупaaт oд зaвесa... А први кршaт чaши нa "Љепшa oд нoчи"
 
пример турвиор не слуша сељачана, последни сељаци шо ги слушаше беа грин деј и тоа пред 5 години ко уште беше у тинејџ дрим
 
пример турвиор не слуша сељачана, последни сељаци шо ги слушаше беа грин деј и тоа пред 5 години ко уште беше у тинејџ дрим
Кој е тој турвиор бе шо го кажувате цело време :icon_lol:
 
Сите такви муабети кажани (да, сеа го прочитав) да умрат овие оние вакви такви, се во афект. Ние копилињата металски, панкерски, раперски наркомани и останато сме секогаш такви садисти и на сите што ни пречат им посакуваме смрт или нешто слично. Металците посебно имаат тенденција да жртвуваат некого во името на сатаната.

Настрана заебанцијава. Хејт е хејт, ако јас сум се накурчил на нешто, ти го браниш истото, тогаш ти си му штит. Ако сакам да го напаѓам морам да го скршам штитот, значи ќе се осврнам на тебе прво па ќе продолжам натака. Секогаш е исто и од секогаш било така.

Едноставно ти кажав, проповедај го тоа што го сакаш. Исто како мене, слушам музика со по некогаш и 200 views на јутјуб, али ја сервирам и некој ќе ја кликне, а некому ќе го заинтересира. Не можеш да одиш „ АААА шо е ова, не знаете шо е музика, ау, овие наркоманиве ги слушате“ и остала срања.
Ете може ти не си од тие, ама има многу такви. А знаеш она, секогаш се генерализира и затоа секогаш се напаѓа гужвата, а не поединците.

Друго немам што да ти кажам, турбофолкот не знам дали да се забрани, но дефинитивно да се намали неколку кратно. Турски серии треба да се забранат
Епа не е ова уствари истата работа која мене не ми се свиѓа и за која уствари ја отворив темата? Само што наместо наркомани за твојата музика, мене ми викаат сељаци за мојата? Мислам, ја неам благе везе каква точно музика ти слушаш, али чим викаш дека тоа е генералното мислење ти верувам. Али јас ниту наметнувам музика на некого, ниту барам некој да прифати, ниту ко што викаш пропагирам, а најмалце пак ме интересира дали е уметност или не. Не сум ни од тие кои ги наведуваш со сакото по тф локали, би се зачудил да ме видиш каков ми е животот и никогаш не би помислил дека у заднинска улога ми се крие ваква музика ако не ти кажам. Ни јас не ги сакам таквите лигуши. Ама зошто јас да се поистоветувам со такви лица? Зошто поради тоа што ми се свиѓа оваа музика, јас да бидам ставен у ист кош со некој таков, а ти да бидеш ставен со некој наркоман? Мислам дека истиот муабет го правиме, само за различна музика.

Како и да е, не гледам како јас сметам на подфорумов за да би сакал да ме отстраниш ти. Мислам, ако толку се разликуваме по вкусот, нема да да се наоѓаме на исти теми, логично нели? Освен ако јас не отворам тема за настап на некој музичар кој јас сум чекал да дојде во Македонија, а тебе пошто не ти се свиѓа да одлучиш да ми ја нападнеш темата и сите што го слушаме музичарот. Такви работи јас не сакам и тоа ми е главниот муабет. To each his own, се додека секој си се држи до своето и не се меша во туѓ вкус на никаков начин, не гледам апсолутно никаков проблем. Ти бркај си твоја работа и твоите интереси, јас моја и моите интереси.
 
Првиот пасус, again, get fucking used to it. Нема да ги победиш малоумниците, никогаш. Кога ќе им кажев што слушам ме прашуваа: А брат се дрогираш? Аха брат со игла меѓу прсти на нозеве се качам, на друго место се познаваат лузни.
Секогаш остануваа подзинати и си заминуваа. Така да смисли креативен начин да ги одјебеш и тие што те викаат сељак, as easy as it gets.

Второто е едноставна битка на надмудрување. Исто, секогаш ќе ја има, затоа секогаш имај аргумент да се браниш. Тоа со отстранувањето е муабетот за вкусот :) али ете, ме убедуваш дека можда ќе ти остане пристап на подфорумов :D

Се моли @Tonchie како екс модератор тука и како некој од кој научив многу за музиката тука а и мрази хејтери, да се приклучи овдека :)
 
Си помислил дека можеби тоа е баш пошто турбофолкот е најжестоко хејтан жанр од сите?

За ова ептен грешиш. 2/3 од Балканов слуша турбофолк. Од младо до старо. Ретко да сум видел возарсен 45+ годишен човек што не слушал турбофолк или не рекол „нема ништо лошо во музикава“. Пропроционално со тоа, истите овие неретко знаат да исхејтаат, метал, рап, хард рок, хаус, транс и остали срања.

За другиот дел од муабетот, ќе пишам од коа ќе одспијам некој саат :)
 
Ова е како такмичењата кои ги организира Пичевичиус, каде што се споредуваат ЕКВ со Црвена Јабука и Мизар со Ламбе.

Рики дете, не те хејта никој, ти се смеат дека слушаш нешто за што тврдиш дека е музика, а не се квалификува како такво. Како да пиеш наут а да тврдиш дека пиеш кафе. Ти се смеат Рики, и ќе продолжат да ти се смеат, затоа што воопшто не си разбрал што е музика, а глумиш Калимеро. Значи работата не е, сите сме луѓе и сите имаме различен вкус за музика, туку некои "музики" не се квалификуваат за музика at the first place. Тие што не ја разбираат оваа работа ги викаме турбо фолкери.
 
Последно уредено:
1. Зошто не можете да ги оставите луѓето да си слушаат што сакаат?
- Ги оставам да слушаат ебено што сакаат.. ако сакаат нека слушаат звуци на планети. ( Тоа го слушам јас ) , ама нека не слушаат што сакаат пред други луѓе, не мора некој да слуша нешто што му смета нели.
2. Зошто мора да се мешате во нивниот личен избор?
-Се мешам во нечиј избор евентуално кога сакам да му ја корегирам неговата состојба на умот, т.е да го пренасочам кон некој добар музички правец адекватен на неговата персона или евентуално да го освежам. ( Се мешам кога има потреба, иначе не мора. )
3. Зошто мора да го навредувате човекот поради одлуката која тој ја донел, одлука која е приватна?
-Ако го слуша АДИЛ и ако плаче секоја вечер за неговата платонска љубов, он плаче зашто е сељак.... Ако се навреди на сељак тоа е негов проблем и мене не ме боли столе за истото. Тоа е неговата приватна одлука и нема потреба за навреда секако, али мојата рационална критика е таа која што е во однос на тоа.
4. Зошто мислите дека некој вреди помалце од вас поради тоа што слуша музика која вие ја сметате за неквалитетна?
-Ова прашање е добро зашто вредноста на човекот не се мери со децибели или со квалитет на звук... не мислам дека некој помалку или повеќе вреди поради музиката.
5. И најважно од се, зошто сакате да му забраните на некој да слуша нешто што навистина му ја исполнува душата, што му прави да пројде низ среќни и тажни моменти во животот, исто како и вие што поминувате низ такви моменти со вашата музика?
-Најискрено, тоа е феномен! Не знам зашто сакам да им забранувам да слушаат срцепатечки песни, песни кои подигаат ниски страсти, песни кои се крајно лошо испродуцирани, песни кои не се песни туку се само шалабејзерско кичерајски креирани за да ги слушаат луѓе кои имаат затворен ум, веруваат во лажни вредности и се крајно ограничени... Најверојатно тоа го го правам затоа што сум алтруист и сакам да помагам на луѓето да го насочат животот кон вистинските вредности.
Мене ми е мило кога некој му се исполнува душата кроз песна .. тука немам јас ништо со тоа, али со овие лоши музики што ги слушаат и што кога турбо системот ќе почне да гмечи све живо и диво со алкохол, лош дезодоранс и кучка пуна промискуитет и урда од завчера, тука сите оние како мене ќе го дадат коментарот кој што е исправен.
Принципијално: НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ТИ ЗАБРАНИ НИШТО ВО ЖИВОТОТ!

Интересна тема е ова, треба да се почитува сечиј вкус .. но генерално луѓето би требало да слушаат квалитетна музика за да имаат квалитетен карактер.
Вкусот на Халид Инвалид и сите тие хендикепираници не можам да го почитувам.
Зашто музиката го гради карактерот! Тоа е така и така ќе остане кој што сака нека сере.
Изведувачите не ги хејтам толку колку што фановите зашто јасна ми е целата на изведувачот, тоа е за правење пари и ништо више, а овие фановиве слушаат тоа што слушаат за мисловна и емотивна сензација, сатисфакција.. па дури и учат песни на памет за да можат да освојат нечие женско срце со низок степен на интелегенција.

Фураат иницијативи за здрав и конструктивен живот а пичат насекаде Турбо шит, закуска со ефтина ракија, лош кокаин и преефтини ескорт дами.
Калаштурите се билдаат со љаксињата што го фураат овој филм а љаксињата се фалат со која искочиле и ја утепале од частење за на крај по можност да добијат по пи%%а.

Како што би кажал мојот пријател Амадеус:
Боље једно вруче пиво него четири ладна.
Боље стара баба него пи%%а млада.

... Овие што даваат хејт за хејтерите на Српско, нека се запрашаат зашто.
;)
 
Последно уредено:
Next level: tema za hejteri na hejteri na spansko/tursko/indiski serii.

Game of Thrones/Maleckata nevesta, patatoes/potatoes...

Sekoj ima pravo da slusa i gleda sto saka. I da bide ismevan za istoto, so pravo ili ne, bez razlika.
 
Пример @kooperativa и @Lu би се согласиле со оваа уметност :D
Џе ме наџе? Пеер, мене ли вакви сопки? Знаеш дека ова е сквернавење на делото на Rammstein. За ова се гори во 9-тиот круг од Пеколот на Алигиери.
Само почекај да видиш кога ќе дојдам на власт;)
Нормално и природно е секој човек да сака(а и треба) да се надградува, испитува, расте и достигнува поголеми височини. А тоа не се постигнува со турбото. Напротив, се уназадува. Да не знае еден љубител на музиката кој е Сачмо, тоа е неопростив грев. Ете, тоа го прави турбото, тврди дека за себе е најдобар, но во исто време те става во окови кои не ти даваат да видиш ништо од околниот свет. Еј, .... Сачмо да не знаеш кој е, ......:boksix: а така е кај 90+% од турбашите.
И ДА, баш заради ова имам право да го наметнам моето мислење, ............. Сачмо да не знаеш кој е, ...... СРАМОТА:ban::sramezliv:
 
Сите такви муабети кажани (да, сеа го прочитав) да умрат овие оние вакви такви, се во афект. Ние копилињата металски, панкерски, раперски наркомани и останато сме секогаш такви садисти и на сите што ни пречат им посакуваме смрт или нешто слично. Металците посебно имаат тенденција да жртвуваат некого во името на сатаната.

Настрана заебанцијава. Хејт е хејт, ако јас сум се накурчил на нешто, ти го браниш истото, тогаш ти си му штит. Ако сакам да го напаѓам морам да го скршам штитот, значи ќе се осврнам на тебе прво па ќе продолжам натака. Секогаш е исто и од секогаш било така.

Едноставно ти кажав, проповедај го тоа што го сакаш. Исто како мене, слушам музика со по некогаш и 200 views на јутјуб, али ја сервирам и некој ќе ја кликне, а некому ќе го заинтересира. Не можеш да одиш „ АААА шо е ова, не знаете шо е музика, ау, овие наркоманиве ги слушате“ и остала срања.
Ете може ти не си од тие, ама има многу такви. А знаеш она, секогаш се генерализира и затоа секогаш се напаѓа гужвата, а не поединците.

Друго немам што да ти кажам, турбофолкот не знам дали да се забрани, но дефинитивно да се намали неколку кратно. Турски серии треба да се забранат
Турбо фолкот е суштниски усрана квази кичерајска философија.... Турските серии спаѓаат во него, и тоа треба да се забрани со закон! Влијанието е штетно многу повеќе од колку што мислиме и сериозно треба да се размислува на оваа тема институционално!
Во останатиот дел од муабетот потполно го делам мислењето со тебе тоа е така е кој што сака нека кења околу тоа.
 
Sekoj ima pravo da slusa i gleda sto saka. I da bide ismevan za istoto, so pravo ili ne, bez razlika.

Se soglasuvam.
Edini problem e sto toa ne funkcionira vo realniot zivot,hejtanje i ismevanje na nesto e poradi mokjta i sigurnosta sto ti ja nudi internetot,za von nego bi go citiral Baldwin "It takes brass balls to sell real estate talk"
 
Свесен си дека ќори пијани металци и тие шо се шминкерите по тф локали се две различни нивоа? Свесен си дека вторите се далеку поопасни да ги сретнеш на улица кога се пијани? (првите најмногу што ќе ти направат е да те замолат за цигари пошо останале без пари ама секогаш ќе споделат чашка со тебе) А другите ќе ти акнат стереотип: беај бе наркоман. Додека самобендисано си го мерка сакото.
.

Неточно. Сум видел металци како бркаат луѓе од парк пошто носат кошули. Сум видел пијани скинери како кршат клупи во паркот. Сум бил сведок на мал милион тепачки меѓу скинери, панкери и металци исто така, во парк.
Нема ни логика, алкохолот не дејствува различно на база на тоа која музика ја слушаш.
 
Se soglasuvam.
Edini problem e sto toa ne funkcionira vo realniot zivot,hejtanje i ismevanje na nesto e poradi mokjta i sigurnosta sto ti ja nudi internetot,za von nego bi go citiral Baldwin "It takes brass balls to sell real estate talk"

Точно. Во реален живот не ги кажуваме работите што ги мислиме, без разлика дали со пријатели или луѓе што ги гледаме прв пат. Секој се труди да не ја надмине таа имагинарна линија на пристојно објаснување, се обидуваме да бидеме политички коректни со секого. Додека го слушаш соговорникот како тресе некоја небулоза и му враќаш со „така е, така е...“ а во себе си мислиш „како да отворам нова тема, не се трпи идиотов...“. Или си ја замислуваш тројката на Влатко Илиевски и чекаш да ти дојде редот да кажеш нешто.

Интернетот дава комодитет, кој може да биде искористен во две крајности.

Едната е негативната, онаа кога наместо критика се удира на плукање и навредување се и сешто. И за тоа на некои луѓе не им е потребна анонимност, гледаш тип во фејсбук коментари на рандом портал, со име и презиме и профил слика со жена му и двете деца, и коментар од типот: „сељандуро една да ти бип мајката, клошариште едно да и бип бип на сестра ти!“... и што сакаш после од децата негови... Најлоша работа со идиотите е што интернетот им даде можност да го покажат својот идиотизам на меѓународно ниво. Јутјуб, странски портали... збирштина од морони каде паметен коментар се губи како чорап во центрифуга.

Другата е позитивна, онаа кога можеш да му кажеш на соговорникот точно тоа што го мислиш, да му кажеш дека не е во право и да му објасниш зошто не е во право. Иако и ти и тој ќе си останете на мислењето, некој трет ќе научи нешто од таква дискусија без политичка и што ја знам каква коректност.
 
Не си ме запознал мене :D директен во секој смисол. Ретко се случува да бидам “политички корентен“. На работа на пример.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom