devilko
♆ wicked one ♆
- Член од
- 28 август 2014
- Мислења
- 1.889
- Поени од реакции
- 6.165
John Wick (2014)
Видов до сега дека има само една рецензија за филмов, во главно, негативна и крајно разочарувачка, па затоа се решив да напишам и јас нешто, по прв пат, додека сум уште под импресии.
Приказна: Џон Вик е поранешен платен убиец и кршач на кичми кој решил да оди во пензија, откако ја запознал љубовта на својот живот. Но поради своето минато, божјата правда ќе дојде и до него, па неговата среќа ќе трае кратко. Жена му ќе го загуби својот живот, а он ќе ја најде утехата во кутрето, кое воедно му е последен поклон од неа. Денот го мине дрифтајти со својот Мустанг Шелби од 69, а ноќта тагувајќи по неа.
Во момент кога се наоѓа на бензиска за да го наполни чудовиштето со гориво, наидува на руско размазено детиште кое му фрла мерак на Шелбито.
Филмот е кршење на кичми, пукање, акција и ништо ново од она што е веќе видено. Тогаш зошто е толку посебен?
Читнав некаде дека дел од продукцискиот тим е составен од поранешни каскадери кои глумеле во дузина акциони филмови и ги имаат приметено сите недостатоци кои ги имале претходните, па во овој успеале некако да направан паметна акција. На тоа ги додале Киану Ривс и Теон Грејџој од Game of Thrones како глуми разгалено, богато детиште. Продукт: Перфекција!
Како особа што воопшто не обожава акциони филмови, посебно новиве, немав некој големи очекувања од истиот, но се случи спротивното. Успеа да ме задржи максимално сконцетриран, ми го покачи адреналинот, воопшто не гледав на грешките, нелогичностите во сцените, него уживав во истите како што сум уживал како дете гледајќи акциони филмови. Да успее денешен филм да ти го врати тоа чуство, е.. неверојатно!!!
Оцена: 8/10
П.С Саундракот 10/10. Ме потсети на оној од The Crow.