Кој го има пратено Габриел Паулиста нека каже некој збор, ќе го биде ли у ПЛ?
пред 1 сезона потпиша за Виљареал, лани ич не ми падна во очи искрено, не ни имаше некоја голема улога во одбраната на Виљареал. Сезонава дојде до израз кога требаше да го замени Мусакио, одлично го замени и по резултати може да се види дека не им фалеше Мусакио многу на Виљареал. Брз е за неговата висина, знам го имаат играно и како бек, цврст играч и солиден со топка, во воздух не ми има оставено некој впечаток иако е висок. Малку е една полусезона да се каже дали, како и каде ќе се снајде. Мислам дека од трансферов многу повеќе добива Виљареал отколку Арсенал каде не верувам дека ќе биде стартер, а 20м за бек ап играч не е малце. Марселињо сака да игра со левоног и десноног халф, Мусакио се враќа и е омилен меѓу навивачите и може да се каже дека е веќе една од легендите на клубот, па и да игра полошо пак би го истиснал Паулиста од прв тим, дел од 20м ќе искористат за да го купат Руиз (~4м) од Валенсија, кого планираат да го играат заедно со Мусакио, останатото е чист профит. Пак ќе речам многу пари за играч кој има изиграно една добра полусезона.
иначе сега гледам дека е стартер за утакмицата против Хетафе во КдР...[DOUBLEPOST=1421866012][/DOUBLEPOST]
Кој го има пратено Габриел Паулиста нека каже некој збор, ќе го биде ли у ПЛ?
еве ти може најдобро објаснето -
http://highburyclock.com/2015/01/21/an-introduction-to-gabriel-paulista/
сеа ја видов статијава објавена е пред 40 мин.