Од тоа што го видов денес можам да кажам дека можеме да се носиме и со Хрватска... Главни играчи им се Дувњак, Вори и Чупиќ... Алиловиќ не се покажа, а и не е во некоја форма... Австрија игра интересен брз ракомет... Акциите ги завршуваат главно од шест метри, најмногу преку пикер, а многу често и крилата влегуваат како втор пикер...Немаат некои изразити шутери, но се доста брзи, а таква игра баш не ни одговара на нас... Можеме да бидеме и први во оваа група, но можеме и трети... Се зависи од нас... Доколку не паднеме кондиционо можеме и со Хрватска да се надигруваме за првото место во групата...