Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
@Peja989 епа ние размислуваме така али има пасивност голема. Бојан ван Бурен беше у право. Тогаш беше ин па излегоа и тие што стварно се против и некои да се шетнат.
А пак ќе кажам, не би го нарекол како протест туку перформанс.
Нејсе, сега ќе се крои стратегија за почеток на семестар.
Брат, ако го земеме првиот протестен марш и го споредиме со денешново фијаско ќе видиме дека не излегле ни 5% од масата народ која беше на улица првиот пат.

Нека имало пензионери, нека имало шетачи, нека имало и луѓе од внатрешноста кои сега се по домите ама убеден сум дека бројка од околу 4000 студенти (оние кои беа првиот и вториот марш, масовните) се од Скопје и си седеа денес на топло.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не сакам да кажам дека си нивен бранител (иако би можел), но доволно е да кажам дека постојано им даваш легитимитет.
Само за ова делче ќе те цитирам, а другиот дел од постот ќе ви го оставам на двајцата да си се разберете.
Тешки он да беше проблемот...
Легитимитет не зависи од него, туку од тоа колку луѓе излегуваат на гласање. Затоа не можеш поединец да обвинуваш за тоа дали они имаат/немаат легитимитет.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013

Ма, зборувам (за неговиот однос) во рамките на оваа дискусија/тема, не зборувам за однос спрема целокупната состојба во државата - ниту имам време ниту имам намера да дискутирам пошироко со него.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
„We will not let exam results to Decide our Fate“

интересно видео...

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Бев, поминaв, беше срамно колку е мала бројката али ајде...
Бројката е срамна. Немаше повеќе од 700 луѓе.
Бројката воопшто не беше мала, ниту беше срамна....

Студентите организираа протесен марш на кој се приклучија илјадници граѓани. Во тој марш, лично и непосредно, учествував и јас.
Бројот на учесниците беше огромен. Никогаш не сум видел во Скопје, собир со повеќе демонстранти.

Но властодршците го игнорираа, го маргинализираа бројот, тврдеа дека сме соросоиди, дека сме пета колона и што ти знам уште со какви погрдни зборови не нарекуваа.
Но ние им ја кажавме нашата порака
да живее заедницата меѓу учителите и учениците!

viva universitas magistrorum et scholarium!

Денес се собрале 700 студенти. Ти велиш биле малку.
Но зошто да се собираат?
Зарем повторно да бидат нарекувани соросоиди и пета колона?
Кому да кажаат?
Зарем на типови кои не знаат што е Универзитет? Кои веројатно никогаш сериозно не студирале, кои го мразеле Универзитетот, кои не ни биле другари и пријатели со своите професори и колеги. Кои се помочаа на Универитетот и спомените на нашите универзитетски професори. На такви доволно им е кажано
Моја порака е третата строфа од песната која тие никогаш не ја пееле- Gaudeamus igitur

Vivat academia!
Vivant professores!
Vivat membrum quodlibet;
Vivant membra quaelibet;
Semper sint in flore.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
2
Поени од реакции
1
Џабе и протестирање и се се укотвија овие ко некој танкер во пристаниште они во влада ги боли за студентите.Отворија сегде факултетите им завршија партиските војници факултет сеа може државен испит мртви.Чека македонче да го спаси некој од страна ко и секад
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Јас се сомневам дека ќе има некаков бојкот на наставата. Дури и да пробаат ќе им направат нешто слично како пред некој месец на учителите „Ако не дојдете на работа има луѓе кои ќе ве заменат“. Јас да сум универзитетски професор и вака да ме понижува владата би си дал оставка и би си заминал од државава.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Хелекс, најпријателски совет, не употребувај зборови на кои не им го знаеш значењето само за да изгледаш паметно. Нема да цитирам официјален речник/толковник, и ќе си го дозволам луксузот да го дефинирам зборот апологет, кој јас го разбирам како ревносен бранител/заштитник на туѓа идеја. Ако погледнеш во постовите наназад, идеите кои ги аргументирам и заштитувам, не се производ на генијалните умови на извршната власт.

А за мојот квази про-колаборациски став, само ќе ти спомнам еден прост пример. Осум години опозицијата излегува на мегдан на истиот начин на кои пленумот се обиде да се спротивстави на донесувањето на реформите. Осум години под ред губи со 150 000 гласови просек. За осум години не понудија ама баш никаква алтернатива, никаква конкретна цел, предлог освен дека овие што се на власт не чинат. Се додека настапуваат така, ќе губат. Ќе губат на големо.

Ако сум разбрал како функционира сегашнава извршна власт, и го презентирам чекор по чекор не значи по автоматизам, дека ги поддржувам. Едноставно значи знам како функционираат. Ништо повеќе. И, можеби имам идеја како полесно да се дојде до посакуваниот резултат.

Не се студентите криви што немаат политичко искуство, и не знаат како да се борат со сегашнава извршна власт. Нивната работа не е да бидат политичари, туку идни интелектуалци и експерти за да градат успешно цивилно општество.

Студентите излегоа на протест 2 пати. Успешно. Покажаа дека можат да се организираат, и да се спротивстават на еден налудничав закон. Ама после тоа, изгледаа како толпа опозиција без некоја конкретна цел, освен што се против законот. Ништо повеќе. После третиот протест/митинг/марш/незнамкакодагодефинирам, се експонираше одредена фела на студенти кои утре ќе бидат во првите ешалони на политичките опции. После дипломирањето, тие ќе бидат првите кои ќе ги предадат студентските идеали на своите колеги. Жал ми е што ќе треба да им го проверуваат знаењето на таков недостоинствен и неферски начин, ама тоа е тоа.

Владата одржа лекција уште еден пат како се донесуваат реформи. Се напипува терен, се пушта водичка, се прават анализи во партиската кујна, спремно излегуваат да ги средат сите противници, и во недостаток на подобар предлог, си го туркаат нивниот.

пс. За медиумската активност и покриеност која ја добија студентите и професорите, да извадеа неколку алтернативи во медиумите како функционираат завршните испити во другите држави, дискусијата ќе траеше уште и законот немаше да биде изгласан. Но за жал, студентите се прогласија за ненадлежни за било какви други предлози, а професорите се стрчнаа да се покријат самите себе.

ппс. Јас не давам легитимитет на никој, ниту пак мене некој ме прашува за нешто. Легитимитет дава народот на избори. И не, не правам никој ненормален, имате вие професори за таа работа. Ниту пак обврзувам некој со моите мислења. Сите до еден што влеговте во директна дискусија со мене сакате да ја спуштите на лично ниво. Зошто? Ако толку многу сакате да дискутирате на лично ниво, седнуваме негде на пиво, и дискутираме на лична основа.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
професорите напишале до претседателот 144 страни забелешки. Сигурен сум дека се тоа 144 страни правнички бул шит со кој неможеш ништо практично да реализираш.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Јас се сомневам дека ќе има некаков бојкот на наставата. Дури и да пробаат ќе им направат нешто слично како пред некој месец на учителите „Ако не дојдете на работа има луѓе кои ќе ве заменат“. Јас да сум универзитетски професор и вака да ме понижува владата би си дал оставка и би си заминал од државава.
На каква работна позиција ги замислуваш Ванковска или Најчевска надвор од државава?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Бројката воопшто не беше мала, ниту беше срамна....

Студентите организираа протесен марш на кој се приклучија илјадници граѓани. Во тој марш, лично и непосредно, учествував и јас.
Бројот на учесниците беше огромен. Никогаш не сум видел во Скопје, собир со повеќе демонстранти.

Но властодршците го игнорираа, го маргинализираа бројот, тврдеа дека сме соросоиди, дека сме пета колона и што ти знам уште со какви погрдни зборови не нарекуваа.
Но ние им ја кажавме нашата порака
да живее заедницата меѓу учителите и учениците!

viva universitas magistrorum et scholarium!

Денес се собрале 700 студенти. Ти велиш биле малку.
Но зошто да се собираат?
Зарем повторно да бидат нарекувани соросоиди и пета колона?
Кому да кажаат?
Зарем на типови кои не знаат што е Универзитет? Кои веројатно никогаш сериозно не студирале, кои го мразеле Универзитетот, кои не ни биле другари и пријатели со своите професори и колеги. Кои се помочаа на Универитетот и спомените на нашите универзитетски професори. На такви доволно им е кажано
Моја порака е третата строфа од песната која тие никогаш не ја пееле- Gaudeamus igitur

Vivat academia!
Vivant professores!
Vivat membrum quodlibet;
Vivant membra quaelibet;
Semper sint in flore.
Чекај малку, ме збуни.
Како тоа зошто да се соберат?
Ако е „зошто да се соберат?“, зошто воопшто дојдоа и тие 700? Зошто палеа свеќи и го погребуваа високот образование?

Зошто всушност се протестира ако знаеме дека што и да се случи, нема да има промена?
Зошто тогаш од старт излегоа 15.000 за на крај да дојде до срамни, ќе потенцирам повторно, за мене срамни 700 студенти/стечајци/професори/работници?
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
2
Поени од реакции
1
Чекај малку, ме збуни.
Како тоа зошто да се соберат?
Ако е „зошто да се соберат?“, зошто воопшто дојдоа и тие 700? Зошто палеа свеќи и го погребуваа високот образование?

Зошто всушност се протестира ако знаеме дека што и да се случи, нема да има промена?
Зошто тогаш од старт излегоа 15.000 за на крај да дојде до срамни, ќе потенцирам повторно, за мене срамни 700 студенти/стечајци/професори/работници?
Јасно е зошто :D сите кренаа раце
 
Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom