Хелекс, најпријателски совет, не употребувај зборови на кои не им го знаеш значењето само за да изгледаш паметно. Нема да цитирам официјален речник/толковник, и ќе си го дозволам луксузот да го дефинирам зборот апологет, кој јас го разбирам како ревносен бранител/заштитник на туѓа идеја. Ако погледнеш во постовите наназад, идеите кои ги аргументирам и заштитувам, не се производ на генијалните умови на извршната власт.
А за мојот квази про-колаборациски став, само ќе ти спомнам еден прост пример. Осум години опозицијата излегува на мегдан на истиот начин на кои пленумот се обиде да се спротивстави на донесувањето на реформите. Осум години под ред губи со 150 000 гласови просек. За осум години не понудија ама баш никаква алтернатива, никаква конкретна цел, предлог освен дека овие што се на власт не чинат. Се додека настапуваат така, ќе губат. Ќе губат на големо.
Ако сум разбрал како функционира сегашнава извршна власт, и го презентирам чекор по чекор не значи по автоматизам, дека ги поддржувам. Едноставно значи знам како функционираат. Ништо повеќе. И, можеби имам идеја како полесно да се дојде до посакуваниот резултат.
Не се студентите криви што немаат политичко искуство, и не знаат како да се борат со сегашнава извршна власт. Нивната работа не е да бидат политичари, туку идни интелектуалци и експерти за да градат успешно цивилно општество.
Студентите излегоа на протест 2 пати. Успешно. Покажаа дека можат да се организираат, и да се спротивстават на еден налудничав закон. Ама после тоа, изгледаа како толпа опозиција без некоја конкретна цел, освен што се против законот. Ништо повеќе. После третиот протест/митинг/марш/незнамкакодагодефинирам, се експонираше одредена фела на студенти кои утре ќе бидат во првите ешалони на политичките опции. После дипломирањето, тие ќе бидат првите кои ќе ги предадат студентските идеали на своите колеги. Жал ми е што ќе треба да им го проверуваат знаењето на таков недостоинствен и неферски начин, ама тоа е тоа.
Владата одржа лекција уште еден пат како се донесуваат реформи. Се напипува терен, се пушта водичка, се прават анализи во партиската кујна, спремно излегуваат да ги средат сите противници, и во недостаток на подобар предлог, си го туркаат нивниот.
пс. За медиумската активност и покриеност која ја добија студентите и професорите, да извадеа неколку алтернативи во медиумите како функционираат завршните испити во другите држави, дискусијата ќе траеше уште и законот немаше да биде изгласан. Но за жал, студентите се прогласија за ненадлежни за било какви други предлози, а професорите се стрчнаа да се покријат самите себе.
ппс. Јас не давам легитимитет на никој, ниту пак мене некој ме прашува за нешто. Легитимитет дава народот на избори. И не, не правам никој ненормален, имате вие професори за таа работа. Ниту пак обврзувам некој со моите мислења. Сите до еден што влеговте во директна дискусија со мене сакате да ја спуштите на лично ниво. Зошто? Ако толку многу сакате да дискутирате на лично ниво, седнуваме негде на пиво, и дискутираме на лична основа.