Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Член од
12 јануари 2015
Мислења
4
Поени од реакции
1
Домашни третмани за спречување на косопад и поттикнување за раст на нови влакна

Скалпот бара нега, прво доведете го во нормална состојба, а потоа со третманите за зајакнување.
Треба да биде чист немрсен без црвенила, без првут. Првутот ја задушува пората и прави косата да паѓа.
Како тоа да го изведете:
Доколку имате првут: пред миење на косата нанесете на деловите со првут 5% пантенол течност со пинцета го има во аптеки и во дм маркетите и цената е од 100 до 150 денари на шишенцето.
Нека отстои на скалпот 30-60 минути потоа мијте ја косата.
Корисни совети за последно плакнење на косата после миење:
Кај мажите косата се мие на секој 2ор ден, никако секојден. Кај жените и подолго.
-При секое миење на косата последното плакнење нека биде со чај од еден вид нема потреба од мешање: зелен, црн, рузмарин, магдонос, коприва.
-За поцврста коса а воедно и да добиете природна потемна боја последното плакнење нека биде со водата од сварено црно кафе.
-Во чајот можете и да додадете исечкани парчиња на суви чили пиперчиња или бибер со што е докажано дека лутото стимулира во порите повеќе циркулација на крв а воедно содржат и голема количина на капсатин која е поволна. Внимавајте на очите!
Чаевите никако да не ги нанесувате на косата додека се жешки!
Мијте ја косата со млака, а никако жешка вода!

-За уништување на габи и инфекции, а воедно зацрвстување и омекнување на косата користете чашка со вода и супена 1-2 лашички јаболков оцет исплакнете ја и после 5 минути исушете ја со фен.
-Внимателно си употреба на фен недоближувајте го премногу до скалпот и не користете висока температура.
-Доколку имате проблем со првут користете фен после секое миење на косата.
-Шампонот не игра улога во раст на коса, влијае на зајакнување и стабилизирање на скалпот, но најдете си соодветен шампон повеќе од оние на природна база без хемикалии и секако не некој ш класа.

Третмани за раст на коса со помош на масла, маски и состојки
Прво ќе ви предложам една прекрасна ампула на alfaparf во пластично шишенце со капаче ја земам од дм маркетите по цена од 133 ден. Исклучиво има еден вид што е за мажи и доколку имате кратка коса едното шишенце можете да го користете 2пати. Се нанесува со пинцета и се масира врз целиот скалп после миењето на косата исклучиво на чист скалп и не се измива.
-Нанесете пиво на косата (колку да се натопи косата) пред миењето да отстои 30-60 минути.
-Маслата се користат пред миењето на косата и практикувајте да не мешате масла.
Поволни масла за косата и скалпот се: кокосово, бадемово, рицинусово, чичково, маслиново. Можете да ги држите на косата од 30-120 минути.
Маски за коса за раст и цврстина на косата
-мед+маслиново+цимет
-Банана+мед+млеко+цимет
-Јајце од потполошка+мед+маслиново+ѓумбир во прав или цимет
-Добра маска е и употреба на мелена куркума+маслиново+мед -но запомнете куркумата доста фарба површини внимавајте каде ја плакнете косата-треба доста чистење потоа.

Зајакнување на косата со додатни помошни чешли за масирање на скалпот
Косата бара и стимули за раст во секое време кога можете масирајте го скалпот.
Помошни средства се следниве кои јас ги најдов како доста корисни и прилично евтини
-Чешел кој вибрира на обични 2 алкални батерии од ebay
http://www.ebay.com/itm/Electronic-Hair-Scalp-Brush-Head-Massage-Massager-Brush-Comb-Hair-Care-Relax-/201167687036?pt=UK_Health_Massage_RL&hash=item2ed6874d7c&autorefresh=true
-Силиконски мек чешел кој го употребувам после нанесување на маски и масла и при мењето на косата со шампон-поточно триењето со него, порачан исто од ebay
http://www.ebay.com/itm/Head-Hair-Scalp-Shampoo-Brush-Comb-Massager-Great-/110748029920?pt=US_Hair_Care&hash=item19c918d3e0

Запомнете дека овој процес е долг и бара одговорност и упорност, но ви гарантирам за позитивна промена. Сето ова го правам веќе 2 години и сум целосно задоволен. Првично подобрување би требало да видите после првиот месец, а со понатамошното поминато време ќе забележите и многу повеќе.

Би ми било драго да прочитам и за позитивните резултати од овој совет.

Ви посакувам успех.[DOUBLEPOST=1421141863][/DOUBLEPOST]
Домашни третмани за спречување на косопад и поттикнување за раст на нови влакна
Уште една работа што изумив да ја напишам, косата бара протеини, а воглавно и од тоа е составена, плакнете ја со првата вода од варен компир или грав.

Во маските или чаевите можете да додадете и морков познат по бета каротинот.
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво,
Прв пат пишувам на форумов.
Сакам да прашам за еден понов метод на лекување на овој проблем :

Дали некој воопшто има искуство или постручно теоретско знаење за PRP методот на лекување од опаѓање на косата?
Кои се неговите предности, а кои се ризиците и недостатоците?

Еве и линк до видео со овој третман:
https://www.youtube.com/watch?v=kcfVI9GG-2U
Ве молам за одговор

поздрав
 
Член од
16 јануари 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Се за опаѓањето на косата и неговото лечење!

При првите знаци на косопаст треба да делувате смирено и брзо. Доколку ова ве засега премногу и сте решени да одвоите значаен дел од вашиот буџет и вашето време и да го прифатите фактот дека третманите против опаѓање на косата МОРА да се употребуваат доживотно, тогаш бидете сигурни дека со читањето на оваа статија, вашиот проблем со голема веројатност ќе биде решен.

Како прво:

Треба да утврдите од каков тип на косопад страдате.
Постојат 3 најчести видови на косопаД.

1. MPB(Male Pattern Baldness) - Типична машка ќелавост или попозната како Androgenetic Аlopecia. Најчеста причина за косопастот кај мажите со 95 % застапеност.Доколку вашата коса се ретчи само на предниот дел од главата или ви се појавуваат мали залистоци над слепоочниците, или пак мала пропетченост на темето на главата,не се залажувајте - вие имате Типична Машка Ќелавост која доколку не се третира, најчесто доведува до целосна ќелавост во период од 5 до 15 години. Причина за овој тип на ќелавост се гените и вишокот на тестостерон во организмот кој кога се врзува со 5 - алфа ензимот кој го создава простатата креира Дихидротестостерон кој е главната причина за истенчувањето на влакното, неговото опаѓање и изумирање на фоликулите на влакното.Оваа болест, иако во мал процент, ги напаѓа и жените исто така.

2.Tellogen Efluvium - Овој тип на косопаст ги напаѓа подеднакво и мажите и жените и е последица од стрес или постоперативен период кога фоликулите на косата се атрофирани како последица на оперативниот стрес. Овој вид на косопаст е повремен и после 6 до 12 месеци косата сама се обновува. Се препознава по тоа што косата се тенчи и се ретчи низ целата глава подеднакво.

3.Alopecia Areata - Овој тип на алопециа(косопаст) се појавува подеднакво и кај мажите и кај жените и е најтешка форма на косопаст. Одредени делови од главата во облик на кругови се нападнати од некоја бактерија што доведува до целосно опаѓање на косата во тие делови. Може да се третира со Ketoconazole апчиња и со други антибактериски и антимикотични креми и препарати.

Исто така постојат и други видови на косопаст како што се Duffuse Thinning, Alopecia Totalis, Scarring Alopecia и други, но овие типови на косопаст се многу ретки и за нив нема за зборувам.

Други причини за појава на косопад се: Хормонален дисбаланс предизвикан од проблеми со тироидната жлезда, период на породување и менопауза кај жените лоша исхрана, aнемијa,мс,диабетес, полови заболувања - кандида, сифилис итн...
Запомнете дека косопастот поготово кај мажите НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ САМ ПО СЕБЕ и во голем дел од случаите ке кулминира после 5-15 години и ќе доведе до потполна ќелавост.

Ќелавоста кај мажите,типичната машка ќелавост - MPB, според нејзиниот степен на изразеност се мери според мегународната NORWOOD скала од 1 до 7 степени.

Не постојат шампони или витамини, Velform течности, Vicky таблети,MERZ, OLIGOVIT или било какви препарати кои ќе го излечат косопастот, но со секојдневна употреба тие можат да го забават или да го запрат паѓањето на косата, НО НИЕДЕН ОД ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ НЕ Е НАУЧНО ДОКАЖАН ДЕКА НАВИСТИНА ДЕЈСТВУВА. Не трошете ги вашите пари залудно доколку не сте сериозни во вашата борба против косопадот, зашто со нередовна употреба на било кој препарат или средство, дејството е само привремено. Криењето на болеста која често е застрамувачка и депресивна, НЕМА да го реши вашиот проблем. Доколку не превземете никакви мерки, таа многу веројатно со тек на време ќе стане видлива и забележлива за другите.

Не постои траен лек за MPB и сите препарати и лекови се ефективни само за време на нивната употреба. За оптимален резултат се смета престанувањето на косопастот, но во некои случаи може да се појави и никнување на нови влакна.90% од компаниите кои тврдат дека имаат лек за косопастот се скамери и профитери без никаков респект кон вас и вашите пари.

Во светот постојат само 2 докажани ефикасни долгорочни третмани против опаѓање на косата.

1.Minoxidil, попознат како Rogaine(Brand name) во САД.

2.Finasteride или попознат како Propecia(Brand name) во САД.

Американската асоцијација за храна и лекови (FDA - Food and Drug Association) после извршените тестови го одобри Minoxidil како лосион за спречување на паѓањето на косата и обновување на косата во 1978 година. Finasteride(Brand name - Propecia) е одобрен во 1997 година и се употребува во форма на апчиња. FDA препорачува да не се употребуваат никакви други лекови или препарати освен горенаведените две.

Како најважно предупредување ќе го издвојам фактот дека за андрогена алопециа или MPB(Male Pattern Baldness) односно Типична машка ќелавост, и двата лека треба и МОРА да се користат постојано без никаков прекин до крајот на животот. После секое прекинување сите резултати кои се добиени како резултат од овие лекови ке изчезнат во рок од 3-6 месеци.

1.Minoxidil(Rogaine) е прапарат кој се нанесува директно на главата во форма на лосион или пена. Првенствено откриен како лек против зголемен крвен притисок кој како страничен ефект покажувал обновување на паднатата коса.Minoxidil постои во варијанта од 2% и од 5% и може да се купи и во Македонија во сите аптеки без лекарски рецепт. Minoxidil не покажува системски странични ефекти, освен зголемена појава на првут и иритација на кожата, што се регулира со Ketoconazole шампон за кој ќе зборувам подоцна. Се нанесува 2 пати дневно, наутро и навечер. Minoxidil делува како вазодилазатор и е научно е докажано дека Minoxidil е најефикасен во делот на темето на главата и на горниот дел на главата. Не е докажано дека е ефикасен на предниот дел од главата кај залистоците(Receding hairlines) што не значи дека не делува и на тој дел.Minoxidil 2% може да го употребуваат и мажи и жени додека варијантата од 5% е наменета исклучиво за мажи.За било какви резултати од овој лек пациентот мора да почека најмалку 6 месеци за да ги види првите резултати.Minoxidil e многу ефтина варијанта и најбезбедна. Чини само околу 450 ден месечно. Се употребува до крајот на животот.

2.Finasteride e НАЈДОБРИОТ лек во светот за вашата MPB. Finasteride e лек кој е наменет за третирање на Бенигна хипертрофија на простатата, кој како страничен ефект имал значително обновување на косата. Finasteride за лечење на простатата се користи во облик од 5мг секој ден, а за косопаст во облик на апче од 1мг.Finasteride СЕ УПОТРЕБУВА САМО КАЈ МАЖИТЕ!!! Употребата од страна на жени може да предизвика аномалии кај гениталиите на новороденчето доколку жената остане бремена.Finasteride е најефикасниот лек за лечење на MPB и има ефект кај 89% од пациентите.Тој активно делува врз 5-алфа ензимот и го спречува креирањето на Дихидротестостеронот кој е главниот предизвикувач на MPB.Finasteride има СЕРИОЗНИ СТРАНИЧНИ ЕФЕКТИ и пред да започнете со ваков вид на терапија мора да се консултирате со лекар( НАЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНИЈА ЛЕКАРИТЕ НЕ ЗНААТ НИШТО ЗА ОВОЈ ЛЕК КОЈ ГО КОРИСТИ ЦЕЛИОТ СВЕТ) или да направите добро истражување преку интернет со корисници кои веќе го користат и целосно да се информирате. 15% од корисниците пројавиле странични ефекти како што се: намалена желба за секс, намалена количина на сперма, намален процент на сперматозоиди во спермата, болка во тестисите. 0.5% од корисниците пројавиле целосна импотенција.Finasteride лекот во облик од 1мг за третирање на косопаст не е достапен во Македонија. Достапен е во варијанта од 5мг(многу корисници во светот користат 5мг таблети и ги кршат на 4 еднакви делови со што добиваат прилично иста доза од 1мг дневно, а и заштедуваат финансиски сретства)
Finasteride e прилично скап лек. Propecia - нарачана преку интернет ќе ве чини околу 3500 денари месечно. Варијантата од 5мг (име на лекот-PROSCAR, кој го има во Македонија) искршени на 4 дела ќе ве чини 2800 денари за 4 месеци (800 ден-месечно). Finasteride не се продава без лекарски рецепт. Се употребува до крајот на животот.

Други лекови докажани од задоволни клиенти и клинични тестирања, но не и од FDA - Американската институција за храна и лекови.

3.Dutasteride - Лек со слични особини како Finasteride, но со поголема концентрација на активна супстанција и поголеми можности за странични ефекти.
4. Ketoconazole шампон - постои во варијанта 1% и 2% и е многу добар за отстранување на првут (Minoxidile поради присуството на алкохол,веројатно ќе предизвика првут) Исто така тој има и антибактериско дејство и антимикозно и е доста ефикасен и како природен блокер на DHT(Дихидротестостерон) на површината на главата. Достапен е во Македонија без лекарски рецепт во секоја аптека и чини околу 200 денари за еден месец.

Природни лекови кои не се докажани клинични, но со добри резултати кај некои поединци.

5.SAW PALMETTO - приподен DHT блокер кој е производен од вид на палма која расте во северна Америка. Се пие во облик на апчиња и се консумира секој ден. После престанување со неговото консумирање, пациентот ги губи сите постигнати резултати како ефект од неговата употреба.Нема поголеми несакани дејства освен - лош здив.Го има во некои аптеки во Македонија и чини 1200ден месечно. Се употребува до крајот на животот.

6.Чај од корен од коприва, зелен чај, чај од ѓумбир, Рузмарин зовриен во вода се користи за поливање на косата, екстракт од пиперка се трие на коренот на влакното,Алое вера креми и шампони, Лаванда екстракт како локален апликатор на главата, Коњско опавче како чај и вода за миење на главата, триење на главата со лук СИТЕ ОВИЕ ПРИПОРДНИ ПРЕПАРАДИ НЕ СЕ НАУЧНО ПОТВРДЕНИ И ИМААТ ЕФЕКТ САМО КАЈ ПОМАЛКУ ОД 25% ОД ПАЦИЕНТИТЕ МАЖИ А ПОГОЛЕМ ЕФЕКТ ОД 45% КАЈ ЖЕНИТЕ.

После било кој третман за опаѓање на косата, ТАА НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ОПАЃА ВЕДНАШ.Доколку вашата коса престане да опаѓа набргу после земањето на лекот, тогаш тоа не е последица на земањето на тој лек, туку постои некоја друга причина која е моментална и вашата коса ќе започне да опаѓа повторно(нажалост). Потребни се најмалку 4-6 месеци секојдневна употреба на лекот за да се видат првите резултати(поради природниот тек на растот на влакното кое расте во три фази-Анаген,Телоген и Катаген).Најверојатно доколку третманот е ефикасен во првите 2-3 месеци треба да забележите ЗГОЛЕМЕНО ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА поради нејзиното обновување и ослободување од влакната кои се веќе влезени во Телоген фазата(Фаза на мирување на влакното).

Ослободете се од бабините приказни дека носењето капа влијае на косопадот, дека често миење на косата ја прави помрсна(косата се мрси од зголемено лачење на Себум, кој го лачат лојните жлезди на главата, како резултат на хормонално пореметување манифестирано со зголемување на женскиот хормон Прогестерон или Естроген, кој го имаат и мажите и жените), дека краткото стрижење ќе ја згусти косата,дека сушењето со фен и пеглањето предизвикува опаѓање на косата(сушењето со фен и пеглањето го оштетува влакното и доведува до кршење на косата но не го оштетува коренот) и други 100 % невистини и чисти заблуди и глупости.

Јас лично користам:
- Minoxidil 2% (Original Rogaine-USA)- 2 пати дневно, - 1050 ден/месечно
- Finasteride 1mg (Оriginal Propecia-USA)- 1 апче дневно, 3500 ден/месечно
- Saw Palmetto - 1 апче дневно, - 1200 ден/месечно
- Шампон Ketoconazole 2% - 3 пати неделно, - 200 ден/месечно
- MERZ Spezial Dragees - 2 апчиња дневно, - 550 ден/месечно
- Чај Виталиа-Зелен чај со лимон и Ѓумбир - 1 дневно, - 150 ден/месечно
- Рузмарин и корен од коприва за поливање на главата после миење. - 300 ден/месечно.
и сум многу задоволен од своите резултати. Косата престана да ми опаѓа целосно иако претходно губев енормно голема количина на коса дневно. Исто така имам големи резултати во обновување на паднатата коса. Иако мојот косопад беше во почетна фаза и речиси неприметлив за другите, со правовремена реакција спречив понатамошно опаѓање а добив и значајно обновување. Немам никакви странични ефекти од лекарствата, но месечно од својот џеб одвојувам околу 7,500 денари за оваа намена.

ВАЖНО: Со употреба на лекови од домашни или локални брендови или генерички лекови истиве лекови и препарати против опаѓање на косата можат да ве чинат само околу 2,000 денари месечно.
---------------------------------------------------------
Потрошив голем дел од моето слободно време за оваа статија, само и се со цел и Македонците да се едуцираат и да научат нешто повеќе за современите третмани за косопастот и да сватат дека секој третман за коса кај мажите кои страдаат од MPB(95% од мажите) МОРА да трае до крајот на нивниот живот.
Отворен сум за секакви прашања. Се надевам дека оваа статија ќе им користи на многу луѓе кои имаат проблем со косопадот. Ви посакувам се најдобро!
Картов -
Волонтер, член на Мегународната Асоцијација за борба против опаѓање на косата.
Veteran Real Hair Club Member na HairLossNetwork мрежата.
---------------------------------------------------------
П.С.
СО МОЕТО ИЗЛАГАЊЕ ЕДИНСТВЕНО САКАМ ДА ПОМОГНАМ СО МОИТЕ ЛИЧНИ ИСКУСТВА И МОЕТО ЛИЧНО ЗНАЕЊЕ ЗА ОВОЈ ПРОБЛЕМ, А ТОА ГО СМЕТАМ ЗА ХУМАНО
Ok, доста добар текст, но јас да прашам за друга техника на лекување на овој проблем. Дали имаш некакви информации или искуство со PRP методата за третирање на косопастот?
линк:
https://www.youtube.com/watch?v=HyBJIpB7Ixk
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
4
Поени од реакции
1
Домашни третмани за спречување на косопад и поттикнување за раст на нови влакна

Да додадам во врска маслата доколку сакате природна потемна боја на косата употребувајте ореово масло освен што ја храни косата воедно и ја потемнува, но кога го купувате маслото погледнете прво дали содржината е темна. За потемнување на косата можете и какао да користите или во изработка на маските да додадете или во последното плакнење на косата.

Во врска ампулите покрај таа што на напоменав погоре, во последно време и тешко се наоѓа. Одлична замена е и Semi Di Lino Energizing Lotion исто така од Alfaparf.
 
C

cige

Гостин
Дечки, продавам 2 нови, неотпаковани шампони РЕВИТА, нарачани од официјалниот сајт на БИОВЕА.

Доколку некој сака да ги купи нека ми пише порака.

Инаку шампоните се купени по цена од 44 ЕУР ( 2.700 ден. ) двата плус поштарина, а ги продавам по фиксна цена од 2.000 ден. Шампоните се одлични и ефикасни, за нив можете да прочитате на сајтот на БИОВЕА (www.biovea.net ) или на овој форум неколку страни наназад ( препорачани од Venividivici ). Јас ги купив, но во меѓувреме започнав со друга терапија која не е компатибилна со овие шампони и неможам да ги користам па затоа ги продавам..

поздрав!!!
Како да најдам Ревита Оранж? И дали навистина помага од запек?
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.632
Поени од реакции
17.499
Читам по интернетов сите се фалат и имаат одлични резултати со течност од Лук + 2 лајчиња Мед. Да се остави цела ноќ и да се мие наутро. Се правело секој 2 ден.

Косата ми се изретчи многу откако си дојдов од Америка а ретчењето започна онака благо таму. Претходно имав период со многу стресови и нерви, а пред да одам Америка активно вежбав и земав Креатин ... Не мие опадната скраја да е ама е изретчена....

Има некој искуство со оваа маска од Лук и Мед?

Планирам да ја употребвам оваа маска секој 2 ден, а во деновите измеѓу да користам матено јајце барем така пишуваше.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
Читам по интернетов сите се фалат и имаат одлични резултати со течност од Лук + 2 лајчиња Мед. Да се остави цела ноќ и да се мие наутро. Се правело секој 2 ден.

Косата ми се изретчи многу откако си дојдов од Америка а ретчењето започна онака благо таму. Претходно имав период со многу стресови и нерви, а пред да одам Америка активно вежбав и земав Креатин ... Не мие опадната скраја да е ама е изретчена....

Има некој искуство со оваа маска од Лук и Мед?

Планирам да ја употребвам оваа маска секој 2 ден, а во деновите измеѓу да користам матено јајце барем така пишуваше.
Деви нема ништо ефективно, џабе бош муабети и џабе трошење пари, единствено да ти препорачам маска што се става еднаш неделно на глава по 1 саат. Квасец неш беше, со мед и млеко, за по детално ако сакаш ќе ти го пишам рецептот не е проблем
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.632
Поени од реакции
17.499
Деви нема ништо ефективно, џабе бош муабети и џабе трошење пари, единствено да ти препорачам маска што се става еднаш неделно на глава по 1 саат. Квасец неш беше, со мед и млеко, за по детално ако сакаш ќе ти го пишам рецептот не е проблем
Со кромид и мед било и белка од јајце доброволно. Ене на брачед ми му порасна коса o_O и тоа поцврста него икад. Јас не дека имам проблем некој голем ама изретчена ми е и залистоци ми се формираја :notworthy:
 
Член од
13 февруари 2014
Мислења
29
Поени од реакции
4
Zdravo , kosata mi opagja ali ne od segde nego samo mi se povlekuva nivoto napred i sekoja nedela po malce po malce i toa me nervira , vlaknata mi stanuvaat meki i poleka mi se retci.
Ako nekoj koristel nekakov proizvod za zajaknuvanje na vlaknata i za regeneriranje na nova kosa na mestata kaj sto mi se povleklo nivoto neka mi kaze, ali da mi kaze nekoj sto ima efekt i sto koristi takvo proizvod, ve molam bez glupi komentari.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.301
Поени од реакции
3.675
Ако генетиката е таква никакви препарати не помагаат братче, ако веке тоа не е проблем подобро посети лекар.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Zdravo , kosata mi opagja ali ne od segde nego samo mi se povlekuva nivoto napred i sekoja nedela po malce po malce i toa me nervira , vlaknata mi stanuvaat meki i poleka mi se retci.
Ako nekoj koristel nekakov proizvod za zajaknuvanje na vlaknata i za regeneriranje na nova kosa na mestata kaj sto mi se povleklo nivoto neka mi kaze, ali da mi kaze nekoj sto ima efekt i sto koristi takvo proizvod, ve molam bez glupi komentari.
Само трансплантација, а и ова не е лек затоа што ако ти падне поголем дел од косата нема да имаш доволно за да покриеш се.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.363
Поени од реакции
38.668
Зависи од донорската зона. Руни немаше ич одгоре , па успеа некако да покрие на секаде , али ретка. Се зависи од донорската зона , и од степенот на опаѓање како што спомна @kviki . Битно е и главата да не ти е многу голема. :pos:
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
@Del Boy Како ти е косата? Отиде на трансплантација? :D
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.363
Поени од реакции
38.668
@Del Boy Како ти е косата? Отиде на трансплантација? :D
Не сум уште. Моментално скоро и го сопрев опаѓањето користам миноксидил 5 % , и пијам биотин 10.000 mcg , али нова не расте , само таа се одржува колку толку. Ќе почекам уште година ипол до две максимум , се правеле некои истражувања и требало при крајот на 2016 да презентират некој БУМ во таа индустрија , па ќе видам што како.

А и оти ја стрижам кратко добар облик на глава имам , некако ми се допаѓа како стои. Али дефинитивно ќе одам да пробам да видам што ќе биде. :D
 
Член од
13 февруари 2014
Мислења
29
Поени од реакции
4
Деви нема ништо ефективно, џабе бош муабети и џабе трошење пари, единствено да ти препорачам маска што се става еднаш неделно на глава по 1 саат. Квасец неш беше, со мед и млеко, за по детално ако сакаш ќе ти го пишам рецептот не е проблем
daj mene pisi mi go u poraka , fala
 

Kajgana Shop

На врв Bottom