Страшно се изглупира членот што ја напраи споредбата на двете селфиња,као демек еве Тоти има селфи со навивачите после дадени два гола во дербито,а Дел Пиеро на аеродром во Индија

.Па чисто со сликата го потсетив на некои слики што се поважни од селфиња со навивачи,поточно слики со трофеи во рацете кој Тоти ги нема многу(т.е 5 во цела кариера во дресот на Рома,од кој ниедна со европски трофеј).
За останувањето на Алекс сум пишувал во нашиот фан клуб,можеше да остане уште сезона-две,наместо да се носат играчи како Бентнер и Анелка како замени во нападот,и тоа е една од грешките на оваа управа.Али Алекс и покрај тоа,не кажа ништо против тимот или против Ањели,беше испратен како најголема легенда на клубов(што и е) и сугурно и по неговото официјално пензионирање ќе добие функција во тимот.Башка тој професионалната кариера ја заврши во Јувентус,ова сега е правење пари преку маркетинг во Австралија,а сега и во Индија.А и не гледам што е толку страшно што не се пензионираше и официјално во Јуве,ни Џерард нема да се пензионира во Ливерпул и што сеа,не треба да е легенда на тимот
Околу освоените трофеи срамота е воопшто и да правиш споредба.Нема Тоти никакви повеќе
купови освоено има само еден Италијански куп повеќе од Дел Пиеро.Ако веќе сакаш статистика еве:
Дел Пиеро:
- 8 Serie A: 1994–95, 1996–97, 1997–98, 2001–02, 2002–03, 2004–05, 2005–06 2011–12;
- 1 Coppa Italia: 1994–95;
- 4 Supercoppa Italiana: 1995, 1997, 2002, 2003;
- 1 UEFA Champions League: 1995–96; Runner-up(3): 1996–97, 1997–98, 2002–03
- 1 UEFA Super Cup: 1996
- 1 UEFA Intertoto Cup: 1999
- 1 Intercontinental Cup: 1996
- 1 Torneo di Viareggio: 1994
- 1 Campionato Nazionale Primavera: 1993–94
Тоти:
Според тетка вики,Тоти не само што нема далеку повеќе индивудуални признанија,туку има и помалце од Дел Пиеро,еве ти ги во линк,да не ги пишувам сите
Дел Пиеро,
Тоти
Не знам што ти е тоа,"Има све освоено во репрезентацијата освен ЕП",и двајцата имаат освоено Светско првенство со Италија 2006,Тоти има освоено само и Европско првенство со Италијанската репрезентација под 21 година во 1996,а Дел Пиеро нема затоа што е две години постар и во 96та имал 22 години и не настапувал за таа репрезентација.
Да не правам споредба за карактер и однесување на двајцата во и надвор од терените.Алекс за Тоти е прав фудбалски џентламен без ниедна црна дамка во неговата кариера.Е тука Тоти го шие Дел Пиеро,како по црвени картони,така и по суспензии ради плукање и рогање играчи,да не зборам за навредувања на тимови по интервјуа после мечеви,како оној после 6тото коло.
Ова со Тоти дека ќе го крене пехарот во ЛШ на 42 години,ми е малце тешко остварливо,али ај може син му ако стане фудбалер ќе го освои некогаш.

Кон Тоти може да имам респект,само кон неговите играчки квалитети,тука нема збор.Заедно со Дел Пиеро се најдобрите Италијански десетки од поновото време и тешко дека ќе имаат замени во догледно време,како во клубовите,така и во репрезентацијата.