Куман само пецка го нервира ЛвГ, јасно е тоа. Плус на Сотон му беше предвидувана апокалипса, а тој на полусезона е трети и моментално може да го ребра ЛвГ колку сака зошто и двајцата дојдоа во исто време.
Не споредувајте Мојс со Гаал зошто е смешно во најмала рака. Со Мојс игравме еднодимензионален фудбал секоја утакмица нешто како ова вчера со глава у ѕид да одиш. Според мене место за паника нема, барем не сеуште. Реално ЛвГ за Мојс е Ферги. Едниствено ако продолжи да фура трипедва и во наредниве натпревари кога сите се фит би почнал да размислувам за негово одење. Не може да играат нешто што не можат, реално гледано. Ние кога имавме серија од 6 победени и 2-3 ремизирани на повеќето од натпреварите игравме со 3-5-2 ама тогаш колку толку играчите си одговараа на позициите кои ги играа. Ова вчера беше каша попара само Смолинг, Џонс и Перси имаа стандардна позиција и знаеа каде играат ова другово каша попара не се знае кој јаде, кој пие.
Со 3-5-2 тешко примаме голови ама и тешко даваме тоа е проблемот. Со други формации лесно дававме ама и лесно примавме. Како и да е ЛвГ треба да се прилагоди на играчите што ги има на располагање и да игра со формација која највеќе ќе му одговара на клубот, а тоа сигурно не е 3-5-2. 4-3-3 или 4-2-3-1 се формации кои можеме да ги играме без проблем, а и на натпреварите каде што тепавме со доминација игравме вака.
Подобро да одиме на гол повеќе како во последната сезона на Ферги него ли да го гледам очоболов.