Ама филм, драма, кој углавном се вози на емоција и моментален импакт, кој одвоиле 12 години спан да го снимат - ти да немаш време 2ипол часа да го изгледаш како што е замислен е една голема навреда и гледање колку да си у тек.
Се заебаваш сега? Значи ти ако потрошиш 12 години да направиш автомобил, крш некој во кој ќе погинам на првата кривина, ја треба од респект да се повозам? И тоа пази ти, њот од струмица, со едвај некакво познавање од автомобили. Самоук, како што режисерот на филмов гордо си објавил во биографијата. Приучен. 12 години снимал и не успеал да смисли ни една сцена за паметење, да креира ликови за паметење, да направи нешто интересно. Билo што.
Јас да го изгледав на два пати ни 5-ка немаше да му дадам. Еден другар кој некако наишол на филмот како предлог од мене исто го изгледа на двапати и го исхејта фино. Си гледа човекот Џејон Статам, Луси, тој тип на филмчиња ама пак си кажа - океј, ја сфаќам идејата, пораката, приказот... ама едноставно драмите не се за мене. Мислам дека секој што изгледал 50-100 филма у живот ќе му се допадне филмот, ќе знае што гледа...
Пак со ниските обиди за дискредитација и затоа ќе се караме. Јас еве имам изгледано 4-5 пати повеќе филмови од тебе и мислам дека филмов е тешко гомно. И со тоа не мислам дека тој критериум ти паѓа во вода и не си требало да го спомнуваш. Исто и филмови со Џејсон Статам не гледам, и Луси го немам гледано. Не можеш да ги дискредитираш оние на кои не им се допаѓа филмот и да се повикаш на некакво искуство или разбирање.
ептен ми се детски муабетиве абе брад нишо не се дешава. Па драма е. И тоа квалитетна драма.
Не е. Драмата си има дефиниција. Побарај ја. Ова не спаѓа во ниеден поджанр на драма. Како што кажа и Hot Ice, нема заплет, нема расплет, нема ништо. Ова е само возење. Да беа ликовите вистински, ќе беше документарец. Да не ги познававме Итан и Патриша тоа и ќе мислевме дека е, документарец, па лажен документарец. Како Blair Witch Project, само без вештерките.
Па ја Ио у живот само 60тина пати се имам гушнато, после раѓање некаде...
Тоа објаснува многу работи.
Фала курцу и ја нема да се потресам на секое заминување од дома, пат, факултет, испит, продавница...
Затоа не снимаат филмови за тебе.
Многу ми е кејф што џимеј knows what is up. Овојпат се согласуваме, му зацепал 10ка. <3
Ја и џимеј не се согласуваме за максимум 5 филмови. Криво ми е што му се бендисало ова.
Филмот не носи некоја необична приказна, ама во никој случај не е досаден.
Приговор, субјективно. Ја сакав да си пукам во колено.
Уште од почетокот се приврзуваш кон ликовите бидејќи се деца со самохрана мајка и потоа веќе како одрастуваат, создреваат продолжуваш да се врзуваш за нив бидејќи гледаш дека стануваат добри личности.
Единствено се приврзав со лик кога тој војникот што му беше очув му рече: дај збори како човек лигле едно само мумлаш нешто цело време! Си реков фала курцу некој мисли како мене, цел филм детево збор не изговори како човек.
Цело време додека го гледав филмот очекував дека ќе се случи некаква трагедија чисто заради драмата која што ја носи скоро секој филм и искрено кога заврши почуствував како олеснување дека не му се случи нешто на никој од главните протагонисти.
Јас исто, но за мене филмот не е филм без трагедија, комедија или whatever. Филм за ништо е ништо.
Јас дознав дури откако го догледав филмот дека бил снимен во текот на 12 години и како што спомена Интернеста тоа ништо не влијае на филмот од причина во ерава на технологија тоа можеле да го направат и кога би го снимале во покусо време, но сепак чест за стрпливоста на режисерот.
Не мислев на тоа, онака во принцип ништо не ми значи што го снимал филмот 12 години. Не е како да не јадел леб 12 години. Снимал по 1-2 сцени секоја година во слободно време и на крај го искористил тоа во комерцијални цели. За тоа можам да му честитам. Тоа што 12 години не смислил ништо е друга работа.
И ај сега за крај:
1. Заплет - нема
2. Кулминација - нема
3. Расплет - нема
4. Глума - просек, и тоа само од Итан и Патриша, другото боза, статисти.
5. Сцени за паметење - нема
6. Цитати за паметење - нема
7. Визуелно - ништо посебно
8. Саундтрак - ништо
9. Успони, падови - нема
10. Поента - ебено нема. Никаква поента. Ни - ка - ква.
Ќе ве молам не ме заебавајте. Единствено разбирам дека има нешто невидливо за кое се закачивте, криво ми е што не можам да го видам и да прогледам низ прсти за сите горенаведени кратери. Греота е што воопшто е поврзан со Оскари и што се прави хајп за вакви филмови. Ова ни на Sundance не треба да пројде.