Boyhood (2014)
Сакам филмови кои ме тераат да размислувам откако ќе ги изглеам, а филмов ме натера да размислам на повеќе прашања, меѓу кои најважното е: „Зошто го слушаш wot будало една?“. И навистина не знам, од немање работа му реков да ми предложи некој филм а тој вика „Boyhood ми е во топ 3 оваа година“. И јас, ко да не знам шо чоек е, го симнав. Почнав да го гледам, целиот во исчекување дека нешто, кај и да е, ќе се случи. Се разбира, ништо не се случи, или поточно, ништо се случи. Филмот е филм за едно големо ништо кое се случува во тек на 12 години. Како таков, има содржина.
Најспецифична работа за филмов е тоа што е сниман во тек на цели 12 години, при што можете во живо да гледате како децата растат и луѓето се менуваат физички, без шминка. Ако тоа ви претставува некаков wow-ефект тогаш добро. Мене тоа ништо не ми значи.
Филмот е за едно сосема обично дете кое има сосема обично детство. Тоа на некој начин е преувеличување, затоа што јас за себе мислев дека имам обично детство и очекував да се пронајдам во филмот. Испадна на крај дека дека во споредба со детево на филмот, ја можам да напишам бестселер, да заработам милиони и да му отворам кино на Бомбастичниот во Валандово. Значи тапа. Ја не знам како не почна да се дрогира детето, од досада.
Разбирам дека филмов е хејт или лов, малку ми е криво што не најдов ништо за што можам да се приврзам па да ми се допадне. Се обидов. Но не можеш да најдеш нешто во ништото. Згора на тоа, нема никаква инвентивност кај авторот. Буквално не шета во клишето, од моментот кога детето е во школо, па и се допаѓа на некое девојче од класот, па го закачаат малце зошто има поинаква фризура, па проблеми дома, првата девојка, првото раскинување, кампување со татко му, забава со другарите, хоби и така јебо те живот се до колеџ. Филмот нема никакви успони и падови, нема драматика, нема настани што можат да го заинтересираат гледачот, нема ликови за кои можеш да пуштиш солза или да се насмееш. Монотонија која убива.
И сега ова го запакувале во целофан и го продаваат како филм, као wow, цели 12 години е сниман. Па толку и траеше ебате. Отидов да се избричам после филмот мислам дека забележав нови бели влакна.
Кога бев мал и зборевме со другарите за рандом филм што го давале на ТВ, се прашувавме: како тоа баш главниот лик преживеа во сообраќајката? Како тоа баш тој и тој најде куфер полн со пари? Како тоа баш овој затвореник побегна од затвор? Како тоа ова другово дете ги врти видео игрите од прва?
Одговорот е, за да има филм, треба да има и добра причина. Треба да има настани што не се случуваат често и секому, треба да има необични, несекојдневни работи, треба да има нешто што дејтвието го прави различно и посебно. Кај драмите, дури и кога се работи за обични луѓе и обичен живот, треба да има ситуации кои ќе внесат некаква драматика и емоции. Неизвесност, радост, тага, задоволство, болка, хумор, авантура... нешто.
Јбг, премногу внимание му посветив. Ако сакате да гледате филмови на тема детство, гледајте ги
My Girl (1991),
Sleepers (1996),
The Mighty Ducks (1992),
Stand by Me (1986) итн...
Црн бумбар.