DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Го изгледав и јас, мене ми се допадна, ми ги исполни очекувањата, дури да не лажам во некои моменти се пронајдов во самиот филм. Во филмот многу реално е опишано растењето на едно дете и самиот живот на едно американско семејство. 12 години сниман, а замислете да не бил толку време сниман, да бил снимен за 1-2 години колку лошо ќе беше, каша попара од ликови. Се на се добар филм, за најдобар на годинава незнам, знам дека ќе земе оскар, иако знам и дека од потенцијалниве оскаровци сигурно ќе има подобар филм од Бојхуд. Препорака од мене (y)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ама филм, драма, кој углавном се вози на емоција и моментален импакт, кој одвоиле 12 години спан да го снимат - ти да немаш време 2ипол часа да го изгледаш како што е замислен е една голема навреда и гледање колку да си у тек.
Се заебаваш сега? Значи ти ако потрошиш 12 години да направиш автомобил, крш некој во кој ќе погинам на првата кривина, ја треба од респект да се повозам? И тоа пази ти, њот од струмица, со едвај некакво познавање од автомобили. Самоук, како што режисерот на филмов гордо си објавил во биографијата. Приучен. 12 години снимал и не успеал да смисли ни една сцена за паметење, да креира ликови за паметење, да направи нешто интересно. Билo што.

Јас да го изгледав на два пати ни 5-ка немаше да му дадам. Еден другар кој некако наишол на филмот како предлог од мене исто го изгледа на двапати и го исхејта фино. Си гледа човекот Џејон Статам, Луси, тој тип на филмчиња ама пак си кажа - океј, ја сфаќам идејата, пораката, приказот... ама едноставно драмите не се за мене. Мислам дека секој што изгледал 50-100 филма у живот ќе му се допадне филмот, ќе знае што гледа...
Пак со ниските обиди за дискредитација и затоа ќе се караме. Јас еве имам изгледано 4-5 пати повеќе филмови од тебе и мислам дека филмов е тешко гомно. И со тоа не мислам дека тој критериум ти паѓа во вода и не си требало да го спомнуваш. Исто и филмови со Џејсон Статам не гледам, и Луси го немам гледано. Не можеш да ги дискредитираш оние на кои не им се допаѓа филмот и да се повикаш на некакво искуство или разбирање.

ептен ми се детски муабетиве абе брад нишо не се дешава. Па драма е. И тоа квалитетна драма.
Не е. Драмата си има дефиниција. Побарај ја. Ова не спаѓа во ниеден поджанр на драма. Како што кажа и Hot Ice, нема заплет, нема расплет, нема ништо. Ова е само возење. Да беа ликовите вистински, ќе беше документарец. Да не ги познававме Итан и Патриша тоа и ќе мислевме дека е, документарец, па лажен документарец. Како Blair Witch Project, само без вештерките.

Па ја Ио у живот само 60тина пати се имам гушнато, после раѓање некаде...
Тоа објаснува многу работи.

Фала курцу и ја нема да се потресам на секое заминување од дома, пат, факултет, испит, продавница...
Затоа не снимаат филмови за тебе.

Многу ми е кејф што џимеј knows what is up. Овојпат се согласуваме, му зацепал 10ка. <3
Ја и џимеј не се согласуваме за максимум 5 филмови. Криво ми е што му се бендисало ова.

Филмот не носи некоја необична приказна, ама во никој случај не е досаден.
Приговор, субјективно. Ја сакав да си пукам во колено.

Уште од почетокот се приврзуваш кон ликовите бидејќи се деца со самохрана мајка и потоа веќе како одрастуваат, создреваат продолжуваш да се врзуваш за нив бидејќи гледаш дека стануваат добри личности.
Единствено се приврзав со лик кога тој војникот што му беше очув му рече: дај збори како човек лигле едно само мумлаш нешто цело време! Си реков фала курцу некој мисли како мене, цел филм детево збор не изговори како човек.

Цело време додека го гледав филмот очекував дека ќе се случи некаква трагедија чисто заради драмата која што ја носи скоро секој филм и искрено кога заврши почуствував како олеснување дека не му се случи нешто на никој од главните протагонисти.
Јас исто, но за мене филмот не е филм без трагедија, комедија или whatever. Филм за ништо е ништо.

Јас дознав дури откако го догледав филмот дека бил снимен во текот на 12 години и како што спомена Интернеста тоа ништо не влијае на филмот од причина во ерава на технологија тоа можеле да го направат и кога би го снимале во покусо време, но сепак чест за стрпливоста на режисерот.
Не мислев на тоа, онака во принцип ништо не ми значи што го снимал филмот 12 години. Не е како да не јадел леб 12 години. Снимал по 1-2 сцени секоја година во слободно време и на крај го искористил тоа во комерцијални цели. За тоа можам да му честитам. Тоа што 12 години не смислил ништо е друга работа.

И ај сега за крај:

1. Заплет - нема
2. Кулминација - нема
3. Расплет - нема
4. Глума - просек, и тоа само од Итан и Патриша, другото боза, статисти.
5. Сцени за паметење - нема
6. Цитати за паметење - нема
7. Визуелно - ништо посебно
8. Саундтрак - ништо
9. Успони, падови - нема
10. Поента - ебено нема. Никаква поента. Ни - ка - ква.



Ќе ве молам не ме заебавајте. Единствено разбирам дека има нешто невидливо за кое се закачивте, криво ми е што не можам да го видам и да прогледам низ прсти за сите горенаведени кратери. Греота е што воопшто е поврзан со Оскари и што се прави хајп за вакви филмови. Ова ни на Sundance не треба да пројде.
 
Последно уредено:

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Приговор, субјективно. Ја сакав да си пукам во колено.


Единствено се приврзав со лик кога тој војникот што му беше очув му рече: дај збори како човек лигле едно само мумлаш нешто цело време! Си реков фала курцу некој мисли како мене, цел филм детево збор не изговори како човек.


Јас исто, но за мене филмот не е филм без трагедија, комедија или whatever. Филм за ништо е ништо.


И ај сега за крај:

1. Заплет - нема
2. Кулминација - нема
3. Расплет - нема
4. Глума - просек, и тоа само од Итан и Патриша, другото боза, статисти.
5. Сцени за паметење - нема
6. Цитати за паметење - нема
7. Визуелно - ништо посебно
8. Саундтрак - ништо
9. Успони, падови - нема
10. Поента - ебено нема. Никаква поента. Ни - ка - ква.



Ќе ве молам не ме заебавајте. Единствено разбирам дека има нешто невидливо за кое се закачивте, криво ми е што не можам да го видам и да прогледам низ прсти за сите горенаведени кратери. Греота е што воопшто е поврзан со Оскари и што се прави хајп за вакви филмови. Ова ни на Sundance не треба да пројде.
Има добар саундтрак. :P

И еден добар цитат:

"You don't want the bumpers. Life doesn't give you bumpers."

Апослутно ти ги разбирам аргументите, ама и ти треба да разбериш дека се чуствував пријатно додека го гледав филмот и тоа ми е доволна причина за да му дадам позитивна оценка.
 
W

wicked_1

Гостин
ептен, така, досадно, филм4е. 12 години битно е сниман[DOUBLEPOST=1420736690][/DOUBLEPOST]па и сегде го гледам рангиран прв, :facepalm: најверојатно и оскар ќе си земе[DOUBLEPOST=1420736960][/DOUBLEPOST]пак сум у кланот шо е против вот
ненамерно е другар, srsly. :nesumjas::smirce:
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.196
Јас и Ио за вкупно два филма не се имаме сложено од ко сум на форум, за Burn After Reading и The Hurt Locker. Добро за вториов никој не се слага со мене. :icon_mrgr:
Boyhood е третиот.
Јас одам во тим поддржувачи. Сакам да напишам подолга рецензија ако имам време. Многу работи ми се допаднаа во филмот, од кои најмногу односот меѓу детето и таткото. (y)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Многу клучен фактор во бендисување на филмов и „пронајдување“ во него е возраста на гледачот. Јас како 22 годишен пошто се ми е свежо во сеќавање се препознав во многу од дешавките и животот на детево... Онака скоро во секоја возраст негова беше доловена работа која скоро на сите ни се има случено. Ептен импакт имаше врз мене, не ми смени многу фактот што е сниман 12 години, освен што додатно удри на емоција кај мене и од бендисување премина во фасцинација. Филмот убаво и едноставно ја долови машкоста и трансформацијата од дете во момче кое сите (машки) ја имаме доживеано. Што и беше поентата.
 
H

HoT IcE

Гостин
Машкоста баш уопште не е доловена, бар не онака ја како ја замислувам, впрочем то е и друга тема на која не и е место у филмот. Трансформацијата од дете > тинејџер, може да се каже. И за тоа со годините исто не се согласувам. Али дечки, збор фасцинација е голем збор :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Апослутно ти ги разбирам аргументите, ама и ти треба да разбериш дека се чуствував пријатно додека го гледав филмот и тоа ми е доволна причина за да му дадам позитивна оценка.
Тука ништо спорно нема. Еве два примери: мене ми се допадна Guardians of the Galaxy, се прснав од смеење и уште носам аватар од Groot. Јас разбирам дека филмот, филмски гледано е дупка и можам да му шутирам пенали ако сакам, ама ми се допадна. Од друга страна, изгледав три сезони од Breaking Bad, и не ми се допадна. Иако разбирам дека серијата е топ, прва лига, не е мој тип на серија.

Дискутирам само за квалитетот на филмот. Инаку би сакал и мене да ми се допаднеше.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Нема врска возраста која си, барем според мене, ама не може никој да рече дека не се пронашол барем во некоја сцена од детството што беше прикажана тука. Дали тоа беше возењето точак, дали првата симпатија, дали глупостите што си ги правел со другарите, ама некоја случка додека си го гледал филмов морало да те натера да застанеш и да си помислиш, еј да, убави години беа тоа, забавно беше додека го правевме тоа.
Мене кастингот ми се свиѓаше, освен сестра му на Мејсон, типката ми беше толку недефинирана (ама можда и намерно тоа, у една сцена ја гледаш со права коса, во следната со црвена и витката, третата не знам каква, ваљда сакал да претстави какви се тинејџерките додека растат...) ама мене не ми се свиѓаше, а и најтапа глума имаше од сите.
Итан Хоук е еден од најпотценетите глумци моментално, дали глумел романтичар со долги муабети, дали се тепа со вампири, дали цел филм се сам глуми, ама апсолутно секаде си развалува типот.
Горе-доле wot и Божино го кажаа се она што сакав јас да го кажам, филмов беше супер возење, филгуд си додека го гледаш, едноставно уживаш.
Препорака на сите страни ќе има филмов од мене иако знам дека многу од другариве ќе ме мразат пошто не поднесуваат драми, посебно не драми шо траат 2:40 минути.
Ама од мене има 9/10 и гарант годинава ќе го изгледам уште еднаш.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
12 години сниман филм? И тоа за најглупаво детство у исторјата на детствата. За било кое детство на јузер од форум, да направиле сценаријо ке било много поинтересантно, се кладам. :)
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Mногу добро ми дојде филм на кој што ќе го опуштам мозокот и само ќе се возам, без да размислувам зошто овој вака направил или зошто оној така рекол. Уживав во природноста на ликовите и обичниот живот и ми се допадна тоа што немаше плот клишеа (како на пример тоа што не се лупна со колата кога мајка му му велеше да не чепка на мобилен дури вози, а тој тоа го правеше, или тоа што никој не се удави кога пливаа кај водопадот). Добро е што ете излезе филм на кој што ќе можам да го опуштам мозокот, а да не е некоја глупава комедија со нереални ликови. Па и да не постои таков поджанр на драма, ќе го измислиме :D Филмов мислам оти повеќе спаѓа во Биографија (измислена), него ли во Драма. Биографија на просечно американско семејство од 90тите, заедничките работи. Значи не е "oбичен" филм и не можиш да се суди според стандардните критериуми на драма како заплет/кулминација/расплет, не му е тоа целта. Е сега ако вие не сакате филмови во кои нема несекојдневни случки, како што не секој сака хорори или комедии пример, тоа е океј, нема што да ви се приговара И покрај тоа што ми се допадна, не мислам дека треба да земе оскар, има подобри филмови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom