Најекономично греење и ладење

Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.500
Се супер тоа у теорија. Сега ти само мене да ми објасниш како тоа кога ја се греев на парно а после и на термо печка имав многу повисоки сметки и тоа на пониски температури споредено со панелките со кои имам повисоки температури, пониски сметки а се уклучени нон-стоп?????? Нема никаква промена во просторијата која ја грејам. Значи теорија е едно а пракса е нешто сосем друго.
Некој точен и егзактен податок ке кажеш или немаш намера? Пример колку KW ти била термо печката, за колкава просторија се работи во м2, колку KW се сега панелките и дали се со иста снага како термото....
Парно на струја или централно?
Ко сеа ја да ти кажам од ракав а нит простор нит снага знам дека затоа што ти се ладел просторот што не ти работело парното или термото цела ноќ затоа поскапо си плаќал.
 
Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184
Здраво на сите,

Бидејќи се наоѓаме во студени зимски денови на сите нас ни е потребно затоплување на нашиот дом. Ме интересира за VAILLANT паналите. Според некои мислења слушам дека биле економични, но тоа не е толку битно колку што ме интересираа колку го сушат воздухот. Дали може да споделите ваше искуство, и какво решение можете да ми препорачате да се справам со овој проблем. Да напоменам потребен ми е овој панел за спална соба со површина околу 20м2, каде што во оваа спална соба ќе спие 7 месечно бебе.

Ви благодарам и се најубаво.
jas imam dva takvi doma koi do lani gi koristev intenzivno (sekoja vecer a i preku den neretko) i toj problem so sushenje na vozduh ne mi se javi nikogash a gi koristev skoro 5 godini. za ekonomicnost.....tesko deka osven klima neshto na struja ke bide ekonomicno[DOUBLEPOST=1420394586][/DOUBLEPOST]
Без добра инвестиција нема ефтино греење, 100евра за панелка од ваква или онаква марка не е некоја голема инвестиција и тука економичност нема да најдеш, а дали суши или несуши според комшиски муабети лесно се проверува, со 500ден купуваш термометар кој има и мерач за влажност, ако е вистина сув воздухот имаш навлажнувачи електронски за 50-60евра, има и за 100ден керамички садчиња во BAZZARO што се закачуваат на радијатор/панелка и испаруваат вода и решаваш проблем со влажност но пак мораш да мериш за да кажеш Ок е или не е ОК влажноста, без мерач може само да се претпоставува.
Што значи сув воздух може да се дискутира на долго и широко, по информации по нет по сеќавање мислам беше 40-60% нормална влажност.[DOUBLEPOST=1420390053][/DOUBLEPOST]
Термо печката е топлински акумулатор, ја полниш навечер ја трошиш преку ден а toa e COP=2, панелката ја трошиш кога ти треба неможеш да ја акумулираш преку ноќ и тоа е COP=1. За иста просторија под исти услови двата уреда исто ке потрошат во KW струја, но тој со термото ке има во денари упола поефтина сметка за струја оти ја полнел на ефтина тарифа по 3.3/KW а панелката работи на 6.5 ден/KW ;)
vo vrska so TA. mozebi taa ima COP 2 no dokolku od sabajle nema nikoj doma, taa ke gree nikoj. sakam da recam deka vo nekoi uslovi koga od sabajle na primer nema nikoj doma, a samo popladne i navecer treba toplina, treba covek da izracuna dali da zavergla TA ili ednostavno da ukluci panelki. kako shto rece i ti samiot, se razlikuva potreba od potreba t.e. razlicni objekt so razlicna izolacija, kvadratura i razlicni potrebi na lugeto, baraat razlicni reshenija. sekako deka ako od sabajle se site doma (vo den shto ne e nedela) TA e popametna od panelka.
 
Последно уредено:

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Здраво на сите,

Бидејќи се наоѓаме во студени зимски денови на сите нас ни е потребно затоплување на нашиот дом. Ме интересира за VAILLANT паналите. Според некои мислења слушам дека биле економични, но тоа не е толку битно колку што ме интересираа колку го сушат воздухот. Дали може да споделите ваше искуство, и какво решение можете да ми препорачате да се справам со овој проблем. Да напоменам потребен ми е овој панел за спална соба со површина околу 20м2, каде што во оваа спална соба ќе спие 7 месечно бебе.

Ви благодарам и се најубаво.
Го имам истиот за соба околу 20м2 и не приметувам некое посебно сушење на воздухот (изолацијата не е сјајна). Во принцип задоволен сум и освен ако не бараш над 20 C и потрошувачката е пристојна.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.002
Поени од реакции
34.396
mnogu ednostavno, zatoa sto termopeckata ima izduv...

Прегледај го приврзокот 110538
Подобро само пасивно нека си грее и немој воопшто да ја дуваш, пошто така испушта честици стаклена волна, а таа е многу опасна по здравје. Подмолна и спора штета прави, се акумулира во градите и ефектите дури по многу години се покажуваат како разни респираторни проблеми.

не знам какви инвертори се тие БЕКO што не можат 20с. да постигнат@Vanlok ќе каже но мојот денеска НЕО неинвертер 3 пати отиде во дефрост првиот пат уште од старт после тоа на секој 5-6 саати, а грееше одлично прво на 20 па после тоа на секој саат дигав по еден степен дојдов до 25 повеќе не можев да издржам ме фати нервоза од жешко намалив на нормални 20с. како за возрасни луѓе, и еве го уште дува жешко кој не верува ќе снимам клип па уверете се сами
инаку после 10 саат сабајле се качи Т во плус да беше во минус не верувам дека ова ќе го напишав
Да се сите зими вакви, со по неколку дена -10 до -15степ. целзиуси... ни јас ни некој не би имал економски причини да купува скапи инвертор клими. Уште повеќе да живеевме сите во Гевгелија. ;)

Ама ако стегне студот и да држи по цели месеци на -10с (или пониску) ...е тогаш друг муабет би правел.
Плус за Нео како бренд, абе си има среќа што во Бугарија не ти ја склапале тие што им работат во трета смена... и што се погодиле деловите. Сметај дека си добил опклада (и тоа со ниски шанси), затоа уживај, ќути, и не јади многу бурек... :D
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Подобро само пасивно нека си грее и немој воопшто да ја дуваш, пошто така испушта честици стаклена волна, а таа е многу опасна по здравје. Подмолна и спора штета прави, се акумулира во градите и ефектите дури по многу години се покажуваат како разни респираторни проблеми.

Да се сите зими вакви, со по неколку дена -10 до -15степ. целзиуси... ни јас ни некој не би имал економски причини да купува скапи инвертор клими. Уште повеќе да живеевме сите во Гевгелија. ;)

Ама ако стегне студот и да држи по цели месеци на -10с (или пониску) ...е тогаш друг муабет би правел.
Плус за Нео како бренд, абе си има среќа што во Бугарија не ти ја склапале тие што им работат во трета смена... и што се погодиле деловите. Сметај дека си добил опклада (и тоа со ниски шанси), затоа уживај, ќути, и не јади многу бурек... :D
а ти си бил може во бугарија и си видел во кој град и во која фабрика склапаат НЕО клими како мојата[DOUBLEPOST=1420413303][/DOUBLEPOST]
Ама ако стегне студот и да држи по цели месеци на -10с (или пониску) ...е тогаш друг муабет би правел.
па нормално и да стегне тогаш би трошел како и сите по 2-3К за греење не како сега 350-400ден.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.002
Поени од реакции
34.396
а ти си бил може во бугарија и си видел во кој град и во која фабрика склапаат НЕО клими како мојата
Абе море гевгеличанец, секое правило има исклучок па така ете и таму некоја нео клима се погодила... Никако не значи дека сега сите треба да се залетаат да купат баш нео.
Тоа бе и не е бренд, тие купуваат моментално најевтини делови и ги склапаат на повеќе места под повеќе брендови, нео-мео-кварт итн, итн. Следната тура ќе бидат со целосно различни делови внатре.
Да, може да ти се погоди некоја, ама поверојатно е дека не е ништо посебно (или е тешко страње). А кога ќе видиш, и не е па ни нешто па многу поевтина од другите евтини опции (кои барем се со гарантирано подобар квалитет на изработка).

Таму на југ во Гевгелија, грееш солидно изолирани 12 метри квадратни... со 3.5киловатна 12илјади БТУ клима. Па добро бе мајку му... ТРИПАТИ си најдминал потребната јачина, 300% си предимензионирал моќност... па зарем не ти е срам да ја фалиш климата??? :rolleyes:

За 12м2 со ок изолација и 3-4илјади БТУ ќе завршат работа, или во превод накај 1 до 1.5kw (не дека постојат толку слаби модели.

Ako ja poglednete tabelata podolu za apsolutna ( toa e onaa maksimalna 100 % vlaznost ) i relativna vlaznost na razlicni temperaturi so kol. na vlaga na m3 http://www.tis-gdv.de/tis_e/misc/klima.htm

...
Inace ima eden interesen dijagram koj gi dava odnosite pomedju T i rel. vlaznost, taka na primer na 26 C i rel. vlaznost od 50 % se custvuvame loso oti e prevlazno, no so ista vlaznost i T=19-23 C ce se custvuvame super.
Mногу корисни информаци таму на линкот. Не ми текнало да побарам. :)
Практично за да нема кондензација од вода на ѕидовите, истите треба да потопли од „точката на роса„ за мометалната влажност и температура на воздухот. Значи треба или ѕидовите да се одржат потопли (преку изолација, фасадна или внатрешна), или да се намали влажноста во воздухот. Или и двете.
Важно е да се разбере дека ова важи за секој дел од собата. На било кој дел од ѕидот што ќе има температура под точката на роса, ќе настане кондензација на вода. Ако има топлински мостови, токму таму ќе настане кондензацијата.

Здраво
Пишав пред неколку недели дека имам проблем со инверторот дека не ми постигнува температура во соба поголема од 18 - 19 степени. Станува збор за beko bynu 120/bynu 121 inverter with kit
•Инвертер клима уред •Капацитет ладење/греење: 3,5kW 12000Btu/ 3,65kW 12400Btu...
Не знам поназад дали си напишал, ама без да кажеш колкава просторија грееш (волумен), и без да кажеш каква изолација имаш (поточно колкави топлотни загуби имаш) не можеме многу да ти кажеме.

Ако не ме разбра: ако волуменот на просторијата е преголем за 3,5kW 12000Btu, или ако имаш огромни топлотни загуби... ни најдобрата инвертор клима (во нордик варијанта), нема да те загрее.

Успеав да ги најдам:
Toshiba - energija.com.mk
Mitsubishi (heavy industries) - uni24.com.mk
Daikin - en-kont.com.mk
Fujitsu - hidroset.mk

Сите овие ги контактирав пред неколку дена за да ми пратат ценовник или да ми одговорат на некое прашање и само од Хидро Сет не добив одговор.
За другото веќе ти одговориле, а за Хидросет мое искуство е дека нема понадмени и некомуникативни од нив, од продавниците за фриго техника. Не само тоа, туку и цените за Фуџитсу се нереално прескапи во однос на сите околни земји. Тоа ти е главна причина зошто овде на форумов има толку малку корисници на Фуџитсу, кои иначе се ОК бренд.
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Абе море гевгеличанец, секое правило има исклучок па така ете и таму некоја нео клима се погодила... Никако не значи дека сега сите треба да се залетаат да купат баш нео.
ти кажав погоре и пак ќе ти кажам во кој град во бугарија си бил да видиш каде се склопува НЕО клима
и не се 12м2 лошо си разбрал 3.2 х 1.8 е собата кај се греам со неа
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.002
Поени од реакции
34.396
Како термо печката кога работи топло е само доколку се доближиш до неа а кога ќе се одалечиш е поладно а кај панелките има рамномерна температура и топло е и блиску и далеку?
Како не го сушат воздухот кога го прават сув ко барут и грло почиња да гребе? Ти кажувам од искуство и пракса не ти зборам на памет. Ова ти што си го напишал нема врска со реалноста.
Искуството твое е тоа што „грло почиња да гребе„?
Или можеби си ја измерил влажноста на воздухот во просторијата?

Според некои мислења слушам дека биле економични, но тоа не е толку битно колку што ме интересираа колку го сушат воздухот.

... спална соба со површина околу 20м2, каде што во оваа спална соба ќе спие 7 месечно бебе.
Секакви луѓе има многу, па затоа и заблуди има многу... Јас имам еден колега, слушнал дека климите го сушат воздухот па не ја користи климата и исклучиво на панелки се грее (и на дрва кога е поладно). Вели подобро го „осеќал„ воздухот кога се греел на панелки.
Ете ти го sneui, него па грлото го печело од панелките. Па става сад со вода над грејно тело (во низ отпорник директно проаѓа електрична енергија), за безбедноста на ова се надевам дека не треба да зборуваме? ;)

Вистинскиот одговор е дека со што и да се грееш, влажноста на воздухот може да варира од многу фактори. Затоа треба да си купиш мерач на влажност во воздухот и да реагираш соодветно спред потребите. Си постојат препорачани вредности за влажност во воздухот, побарај ги интернет.
Ако воздухот е пресув, лесно е да го навлажниш -има навлажнувачи на воздух, или едноставно може да се постават отворени садови со вода (ама на безбедно место, а не над нешто со отворена електрична инсталација).
Ако воздухот е превлажен, малтене секој клима уред треба да има функција на одвлажнување а се продаваат и одвлажнувачи на воздух.
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242

Да, тоа е моето искуство, кога ќе го исклучам грло не гребе, кога ќе го вклучам гребе. Кога ќе го исклучам водата за недела дена испарува, кога ќе го вклучам водата испарува за еден ден. Не да суши, растура.
Во однос на безбедоста, водата неможе да дојде во допир со панелката, немај гајле.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.002
Поени од реакции
34.396
...кога ќе го исклучам грло не гребе, кога ќе го вклучам гребе. Кога ќе го исклучам водата за недела дена испарува, кога ќе го вклучам водата испарува за еден ден. Не да суши, растура...
Tи секако најдобро знаеш како се чуствуваш. Но тоа што се обидував да ти го објаснам е дека влажноста на воздухот зависи од многу фактори. Да се обидеш да се грееш со нешто друго освен со панелка, наверојатно сосема исто ќе се чуствуваш.
Да се обидеш да ја измериш влажноста на воздухот во просторијата, со два различни видови на греење... е тоа веќе е нешто поконкретно.
 
Член од
2 август 2014
Мислења
1.785
Поени од реакции
4.146
Ima INTERESNI raboti so odnosite pomedju vlaznosta na vozduhot i T vo prostorijata:
-Koga e 18 C so 30 % vlaznost covekot go registrira kako PRESUVO!
-Na 20 C PRESUVO e koga e 20% vlaznosta, 30 % vece zadovoluva ,
-E sega na 16 C i ponisko interesno e sto i 70 % vlaznost e PRESUVO ,
-Prijatno ni koga na 18 C vlaznosta e 70 % ( !) ,
-Na 20 C najpriatno ce ni bide koga vlaznosta ce se dvizi od 38-68 %,
-Na 22 C e najsuper od 38 % do 60 %,
-Na 23 C najpriatno e od 37-45 % ,
-Na 24 C najpriatno e samo na 36 % , ce zadovoli od 20 % pa se do 65%,
-Na 27 C se preku 50 % e PREVLAZNO,
-GENERALNO za greenje od 20 -24 ce ni bide odlicno so vlaznost od 40- 60 %.
E sega doticniot so suvo grlo (moze vo sekoja doba da go isplakne ili da napravi gargara so dobra kapka) neka se pronajde tuka, neka meri vlaznost i T pa ce ustanovi tocno vo sto e problemot. Inace da ne zaboravi deka pri 22 C vo prostorijata ako grealkata raboti 1 cas i oseti suvo grlo, toa znaci deka isceznalo 500- 600 ml voda, pa koga ce stavi posuda so voda MORA TOLKU I DA ISPARI za eden cas. Vo sprotivno nema vrska muabetot.
Ona sto go pisuvam merenje pritisok so manometar na trokrakiot ventil na potisnata strana ( na potenkata cevka na izlezot oo nadvoresnata edinica) i vrz osnova na izmereniot pritisok dijagnostificiranje FALI freon brat ili MNOGU ima e cista glupost, bas poradi ovie "cudni" osobini koga ce se pomesaat razni nadvoresno/vnatresni T so razni nadvoresno/vnatresni vlaznosti.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Бидејќи се наоѓаме во студени зимски денови на сите нас ни е потребно затоплување на нашиот дом. Ме интересира за VAILLANT паналите. Според некои мислења слушам дека биле економични, но тоа не е толку битно колку што ме интересираа колку го сушат воздухот. Дали може да споделите ваше искуство, и какво решение можете да ми препорачате да се справам со овој проблем. Да напоменам потребен ми е овој панел за спална соба со површина околу 20м2, каде што во оваа спална соба ќе спие 7 месечно бебе.
Ви благодарам и се најубаво.
Од мое искуство, панелните греалки се најекономични од сите видови греалки, затоа што се најблиску до теоретскиот COP од 1. Не е точно дека сите греалки имаат COP од 1, некои имаат многу помалку од 1. Влажноста на воздухот ќе се намали со загревање на просторијата независно од начинот на кој се грее се доколку нема размена на воздух со надворешната средина.
E sega doticniot so suvo grlo (moze vo sekoja doba da go isplakne ili da napravi gargara so dobra kapka) neka se pronajde tuka, neka meri vlaznost i T pa ce ustanovi tocno vo sto e problemot. Inace da ne zaboravi deka pri 22 C vo prostorijata ako grealkata raboti 1 cas i oseti suvo grlo, toa znaci deka isceznalo 500- 600 ml voda, pa koga ce stavi posuda so voda MORA TOLKU I DA ISPARI za eden cas. Vo sprotivno nema vrska muabetot.
Баш ме интересира каде исчезнува таа вода?
 
Член од
2 август 2014
Мислења
1.785
Поени од реакции
4.146
Epten dobro prasanje.... na koe treba da smislam odgovor....koga gledame parea nie vsusnost gledame voda... koga e ladno i nie diseme izleguva parea, toa e vsusnost vece kondenzirana voda... ete i mene me interesira odgovorot na ova prasanje![DOUBLEPOST=1420453321][/DOUBLEPOST]Uste nesto: vlazenjeto na vozduhot ne e problem, a efikasno susenje e SAMO so koristenje na toplotna pumpa i izmenuvac so ladenje i stvaranje na kondenzat. Vaka mozat za 24 h da se izvadat do 3 L voda na 24 /h koja fizicki ja gledate. Drugite nacini za susenje so ampuli, nekakvi materijali ce soberat do pola litar voda vo ista takva prostorija.
A pri nesakanoto susenje preku tela so visoka T vodata isparuva, no kade odi NE ZNAM...
 
Последно уредено:
Член од
29 декември 2014
Мислења
49
Поени од реакции
55
Од мое искуство, панелните греалки се најекономични од сите видови греалки, затоа што се најблиску до теоретскиот COP од 1. Не е точно дека сите греалки имаат COP од 1, некои имаат многу помалку од 1.
Мора греалката голем дел електричната енергија да ја претвори во друг тип на енергија (не термална) за да има COP многу помал од 1. Во што ја претвора? Светлосна, механичка, магнетна енергија можеби? Од каде ти е информацијата дека постојат греалки со COP многу помал од 1?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.002
Поени од реакции
34.396
...
Баш ме интересира каде исчезнува таа вода?
...
A pri nesakanoto susenje preku tela so visoka T vodata isparuva, no kade odi NE ZNAM...
Хаха, пар добри прашања/констатации... :)
Алас, луѓево не се замараат со научно размислување... на рандом Петко поедноставно му е да се води според релативното лично искуство на друг рандом Петко. Бапни вода да испарува и да „го влажни воздухот„, кркни едно плацебо апче и се ќе биде подобро... ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom