а ти си бил може во бугарија и си видел во кој град и во која фабрика склапаат НЕО клими како мојата
Абе море гевгеличанец, секое правило има исклучок па така ете и таму некоја нео клима се погодила... Никако не значи дека сега сите треба да се залетаат да купат баш нео.
Тоа бе и не е бренд, тие купуваат моментално најевтини делови и ги склапаат на повеќе места под повеќе брендови, нео-мео-кварт итн, итн. Следната тура ќе бидат со целосно различни делови внатре.
Да, може да ти се погоди некоја, ама поверојатно е дека не е ништо посебно (или е тешко страње). А кога ќе видиш, и не е па ни нешто па многу поевтина од другите евтини опции (кои барем се со гарантирано подобар квалитет на изработка).
Таму на југ во Гевгелија, грееш солидно изолирани 12 метри квадратни...
со 3.5киловатна 12илјади БТУ клима. Па добро бе мајку му... ТРИПАТИ си најдминал потребната јачина, 300% си предимензионирал моќност... па зарем не ти е срам да ја фалиш климата???
За 12м2 со ок изолација и 3-4илјади БТУ ќе завршат работа, или во превод накај 1 до 1.5kw (не дека постојат толку слаби модели.
Ako ja poglednete tabelata podolu za apsolutna ( toa e onaa maksimalna 100 % vlaznost ) i relativna vlaznost na razlicni temperaturi so kol. na vlaga na m3
http://www.tis-gdv.de/tis_e/misc/klima.htm
...
Inace ima eden interesen dijagram koj gi dava odnosite pomedju T i rel. vlaznost, taka na primer na 26 C i rel. vlaznost od 50 % se custvuvame loso oti e prevlazno, no so ista vlaznost i T=19-23 C ce se custvuvame super.
Mногу корисни информаци таму на линкот. Не ми текнало да побарам.
Практично за да нема кондензација од вода на ѕидовите, истите треба да потопли од „точката на роса„ за мометалната влажност и температура на воздухот. Значи треба или ѕидовите да се одржат потопли (преку изолација, фасадна или внатрешна), или да се намали влажноста во воздухот. Или и двете.
Важно е да се разбере дека ова важи за секој дел од собата. На било кој дел од ѕидот што ќе има температура под точката на роса, ќе настане кондензација на вода. Ако има топлински мостови, токму таму ќе настане кондензацијата.
Здраво
Пишав пред неколку недели дека имам проблем со инверторот дека не ми постигнува температура во соба поголема од 18 - 19 степени. Станува збор за
beko bynu 120/bynu 121 inverter with kit
•Инвертер клима уред •Капацитет ладење/греење: 3,5kW 12000Btu/ 3,65kW 12400Btu...
Не знам поназад дали си напишал, ама без да кажеш колкава просторија грееш (волумен), и без да кажеш каква изолација имаш (поточно колкави топлотни загуби имаш) не можеме многу да ти кажеме.
Ако не ме разбра: ако волуменот на просторијата е преголем за 3,5kW 12000Btu, или ако имаш огромни топлотни загуби... ни најдобрата инвертор клима (во нордик варијанта), нема да те загрее.
Успеав да ги најдам:
Toshiba -
energija.com.mk
Mitsubishi (heavy industries) -
uni24.com.mk
Daikin -
en-kont.com.mk
Fujitsu -
hidroset.mk
Сите овие ги контактирав пред неколку дена за да ми пратат ценовник или да ми одговорат на некое прашање и само од Хидро Сет не добив одговор.
За другото веќе ти одговориле, а за Хидросет мое искуство е дека нема понадмени и некомуникативни од нив, од продавниците за фриго техника. Не само тоа, туку и цените за Фуџитсу се нереално прескапи во однос на сите околни земји. Тоа ти е главна причина зошто овде на форумов има толку малку корисници на Фуџитсу, кои иначе се ОК бренд.