Пуна канта протеин, ама буквално
Да споделам кратко мислење за нутриционистичкиве продавници кај нас во Скопјево, не дека некој го боли ваквото..
Како и да е, јесда уште неам ни 18 години и сум копиљ за постариве фаци по продавнициве, знам што сакам и не дозволувам некој да ми продава муда за бубрези. Пошто располагам со доста тенок буџет, и за разлика од тие на мои години што мама и тато им зимаат се што ќе посаќаат, ја сум научен уште од помал да си работам за тоа што ми треба, така да го купувам САМО тоа што ми треба.
Прва дестинација, едит - не пишувам име да не испадне серам репутација. Влагаме внатре со другарот што ќе делиме по пола, и не сме ни пречекани ни со едно обично "здраво". Сигурно типот што работеше внатре помисли дека неаме поима што бараме тука па нема ни да се замара да ни продаде нешто. Сепак тој што беше со мене е брз на уста ама поспор на мозок, почна да прашуе за некои суплементи дур ги читав вредностите на едно протеинче. Ваљда тука продавачот укопча дека му е прилика да наметне некој продукт што уопште не ни треба, и почна да објаснуе како тој протеин имал боље вредности од било кој друг кај нас, немал филери, бил тестиран вака така онака, што ми дое смешно. Дур си објаснуеше, отворив на интернет повеќе информации за продуктот, и само чекав да видам до кај ќе иде со глупостите што му искачаа од уста, да видам колку далеку идат. Сега ми е јасно како еден познаник земал пола кило декстроза без да знае што е тоа.. срамота. Ми текнува уште проба да ни дае попуст од МАГИЧНИ 100 денари!
Втора дестинација, дечкото што работеше внатре мислам дека денот му се укења кога виде дека помлади личности се приближуваат накај неговата продавница. Незаинтересиран ни да објасни што како, али добро е, спомна барем дека е на попуст од 2800 на 2400. За жал, тоа беше најдобрата опција за делење што ја најдовме со другарот, па моравме да зееме од таму. Тој што работеше внатре, кога му спомнавме дали би сакал да ни измери по 1.150кг за по пола да поделиме, културно не одјеба демек "немало" вага кај нив, што ми дое смешно.
Ме интересира, дали генерално сите продавачи во вакви продавници се полу/целосно дегени? Ги интересира нешто друго освен профит? Главна причина зашто ги пофалив PBC во некоја друга тема беше затоа што за разлика од другиве сељаци тука, место да ми наметнат продукт уствари ми рекоа почекај, рано ти е, што значи колку толку ги интересира за доброто на клиентелата.